Спорт
Чеферин го брани ПСЖ: Нема Реал да ни кажува што да правиме
„Никој нема да ѝ каже на УЕФА што да прави“, изјави претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, како одговор на критиките за продолжувањето на договорот на Килијан Мбапе со ПСЖ.
Би-би-си потсетува дека Мбапе неодамна потпиша нов договор со ПСЖ иако преговараше со Реал Мадрид. Овој договор е најголем во историјата на фудбалот.
Според француските медиуми, новиот договор за три години е вреден приближно 600 милиони евра, а шпанската фудбалска Ла Лига, односно нејзиниот прв човек, Хавиер Тебас, понудата на францускиот клуб ја нарече скандалозна и навреда за фудбалот.
„УЕФА има доста строги правила за финансиски ферплеј. Кој ги почитува нашите правила добредојден е да игра во нашите натпреварувања. Тие што не ги почитуваат правилата – нема да играат“, рече Чеферин.
Чеферин истакнува дека е уморен од поплаките оти дозволува одредени држави да управуваат со некои клубови.
„Ниту Реал ниту некој друг нема да ѝ каже на УЕФА што да прави. Од една страна, тие се револтирани, но колку што знам, понудата на Реал беше слична на онаа на ПСЖ. Тоа сум го кажал многупати и ќе повторам, кажете ми еден аргумент зошто компанија од Катар не треба да биде сопственик на клуб“, рече Чеферин.
Тој повтори дека клубовите ќе бидат казнети доколку ги прекршат правилата.
„Ако кажете дека клубовите им припаѓаат на навивачите, што е со англиските клубови – тие имаат сопственици од САД, некои од Блискиот Исток, имаат сопственици од Англија. Значи, ситуацијата е сосема иста и јас сум навистина уморен од овие обвинувања. Сакам да знам кој ги прекршил правилата. Доколку ги прекршиш правилата, ќе бидеш казнет“, заклучи Чеферин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сака ќе потпише нов договор со Арсенал
Букајо Сака и Арсенал нема намера да го напушти Арсенал. Фудбалерот и клубот се договориле за нов, подобрен петгодишен договор.
Еден од најдобрите играчи на Арсенал ќе остане во клубот до летото 2031 година. Финансиските детали од новиот договор не се објавени.
Актуелниот договор на Сака исекуваше во 2027 година.
Foto/ freerangestock
Спорт
Фиорентина доби засилување од Аталанта
Марко Брешанини е новото засилување на Фиорентина за вториот дел од сезоната.
Тимот кој собра само 13 бода од почетокот на сезоната и кој, според сите очекувања, ќе се бори за опстанок, мора да се засили и да биде таму каде што му диктира репутацијата – во горниот дел од табелата.
Виола е далеку од тоа, но Брешанини е делот што недостасува за клубот, а тренерот Паоло Ваноли веќе разговарал со него и се чини дека би можел да добие вреден играч во средниот ред.
Брешанини веќе тренираше со тимот, а договорот е до крајот на сезоната, станува збор за позајмица со право на откуп, што ќе се дискутира на крајот од сезоната.
Брешанини одигра само осум натпревари за Аталанта оваа сезона.
Foto/ freerangestock
Спорт
Алдегер се здобил со фрактура на бутната коска
Тимот на Гресини Рејсинг потврди дека младиот шпански возач Фермин Алдегер доживеал фрактура на бутната коска на левата нога за време на тренингот во Валенсија, само неколку недели пред почетокот на предсезонските тестирања.
20-годишниот Алдегер го имаше своето деби во Мото ГП шампионатот минатата година со тимот на Гресини, возејќи Дукати со спецификација од 2024 година, и ја круниса сезоната со титулата најдобар почетник, со историска прва победа на Големата награда на Индонезија. Оваа година требаше да се натпреварува со Дукати со спецификација од 2025 година, но неговите подготовки сериозно се нарушени од поредата.
Како што објави тимот, Алдегер ја претрпел фрактурата за време на тренингот во четврток во Валенсија, а операцијата е закажана за денес во Барселона.
Деталите за инцидентот не се откриени.
Повредата доаѓа во незгодно време, точно еден месец пред првиот предсезонски тест за сезоната 2026, кој е закажан за 3-5 февруари во Малезија. Официјалната презентација на тимот е закажана за 31 јануари во Куала Лумпур, додека тестирањето ќе продолжи на 21 и 22 февруари во Бурирам.
Сезоната започнува една недела подоцна со Големата награда на Тајланд.
Foto/ freerangestock

