Македонија
Арсовска: Противпожарно возило обезбедено од градот Конја за Скопје
Во рамките на тридневната посета на Република Турција, градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, оствари повеќе средби со официјални претставници, меѓу кои и работна средба со градоначалникот на градот Конја, г. Угур Ибрахим Алтај, на која се потпиша протокол за соработка, а како гест и потврда за воспоставените пријателски билатерални односи и соработка градоначалникот Алтај за потребите на Противпожарната бригада на Град Скопје ќе обезбеди противпожарно возило.
„На работните средби што ги остваривме во градот Конја договоривме конкретна соработка со градоначалникот Алтај, при што морам да ги потенцирам пријателскиот пречек и желбата за интензивирање на билатералната соработка, што резултира со гест на потврда на овие заложби од страна на градот Конја со доделување противпожарно возило за потребите на Противпожарната бригада на Град Скопје, во интерес на сите скопјани“, истакна Арсовска.
Арсовска ја посети противпожарната служба во градот Конја, која опслужува територија над 42.000 квадратни метри, ја обезбедуваат 1.000 пожарникари и над 2.000 волонтери, кои се грижат за безбедноста од оваа сфера на приближно 3 милиони граѓани во градот.
„При посетата на противпожарната професионална служба во градот Конја остваривме средба со командантот Џевдет Ишбитриџи, на која разговаравме за можностите за соработка во насока на почнување заеднички проекти и обуки, како и размена на знаења на противпожарните бригади во делот на противпожарната заштита, но имавме и можност да ја видиме нивната техничка опременост во функција на заштита на речиси три милиони граѓани во градот“, вели Арсовска.
Во рамките на посетата на Република Турција, Арсовска и директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Зуди Енузи, остварија средби со гувернерот на градот Конја, г. Вахдетин Озкан, со претседателот на Турската агенција за соработка и координација ТИКА, г. Серкан Кајалар и со претставници на деловната заедница.
„Сакам да се заблагодарам на гостопримството за време на значајните посети со кои почнуваме нови чекори за зајакнување на соработката, со која ќе бидат реализирани многубројни проекти за развој и просперитет во интерес на граѓаните на Скопје“, истакна Арсовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

