Општество
Апликација ќе ги воведува учениците од мали нозе во светот на претприемништвото
Министерството за образование и наука и Woogi International (WI – ИТ компанија од САД) во понеделник потпишаа Меморандум за соработка за имплементација на заеднички проект во основно и средно образование.
Целта на проектот е воведување на апликација креирана за подигнување на нивото на Англиски јазик и Претприемништво преку игра и менторирање во реално време од ментори кои се на нивна возраст и кои Англискиот јазик им е мајчин јазик, преку креирање на заедничка група во играта комуницирајки еден со друг го подобруваат нивото на Англискиот јазик. Апликацијата креирана од компанијата веќе се кориисти во училишта во неколку земји, како што се САД, Канада, Бразил и Кина.„Целта на апликацијата е да се воведат од мали нозе учениците во светот на претприемништвото, со што структурата на апликацијата е направена во неколку фази и за различни возрасти. Истата се користи за деца од предшколска возраст до средно ообразование. Во горенаведените земји, играта даде двоен ефект и тоа: Креирање на претприемнички дух кај младите од рана возраст и подобрување на Англискиот јазик“, истакна министерот АдемиСодржината на курсот е акредитирана од Универзитетот во Калифорнија, каде што истиот по завршувањето на курсот доделува и диплома.Нивото на Англиски јазик, потенцираше Адеми, исто така ќе се оценува според ТЕСОЛ стандардите каде што секој ученик ќе добие диплома со соодветното ниво на знаења на Англискиот јазик. Во првата фаза (пилот проектот) ќе се организира натпревар помеѓу ученици од САД, Канада, Бразил и Кина. Натпреварот ќе почне во јуни оваа година и ќе трае два месеца. Претходно во март, од страна на компанијата ќе се обучат советниците во БРО со цел запознавање со апликацијата, како и ракување со истата. Учениците во овие два месеца додека трае натпреварот ќе бидат поврзани едни со други он-лине, формирајќи заеднички тимови со учениците од сите пет земји и заедно ќе се натпреваруваат со другите тимови. Пилот-програмата ќе обезбеди основа и податоци за успешноста за анализата за евентуално проширување на истата за ученици од сите основни и средни училиштата во Република МакедонијаПредложената програма ќе трае околу два и пол месеца (од 15 јуни до 31 август) и истата е бесплатна за сите ученици кои ќе бидат дел од пилот проектот. Од Република Македонија ќе се натпреваруваат пет основни и едно средно училиште со што учениците од средното училиште ќе можат да бидат и ментори за ученици од другите држави ако ги исполнуваат условите предвидени со ТЕСОЛ стандардите. Учениците ќе бидат во можност да пристапат во програмата онлајн и од различни локации со што во летниот период ќе можат од дома да работат.„Со овој меморандум Министерството за образование и наука добива двегодишен бесплатен пристап на програмата од страна на компанијата со што сите ученици, наставници и родители можат да имат пристап до апликацијата и да ги следат нивните ученици или деца, како напредуваат како со Англискиот јазик, така и со претприемничките вештини. Преку системот за управување со апликацијата Министерството, училиштата и родителите во реално време ќе бидат известени за оценуваањето и евентуалните проблеми на учениците. Овој сервис за учениците ќе биде обезбеден и достапен 24/7 за време на пилот програмата“, истакна министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми. /крај/со/ст
Извор: МОН
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.
Македонија
Годишен извештај на Народниот правобранител: Помалку претставки од граѓаните за работата на јавните обвинителства
Во извештајната 2023 година, во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во Република Северна Македонија поднесени се 63 претставки што е за 24 помалку во однос на 2022 година, се констатира во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител на Република Северна Македонија.
Согласно објавените податоци, бројот на претставки на граѓаните на годишно ниво се намалил за повеќе од 38%, што претставува резултат на заложбите на Јавното обвинителство за зголемување на ефикасноста на постапките и континуираните напори за подобрување на довербата на граѓаните во работата на јавните обвинителства.
Во најголем број од претставките граѓаните бараа интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51), потоа пред Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (4), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3), пред вишите јавни обвинителства (2), друго (2) и една претставка се однесуваше за постапка пред Совет на јавни обвинители. Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата.
Доколку се има предвид вкупниот обем на работа на јавните обвинителства кои активно постапуваат по поднесени кривични пријави за над 40.000 сторители на кривични дела во текот на годината, поднесените 63 претставки до Народниот правобранител претставуваат околу 0,1% од таа бројка. Притоа, граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одолжување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука. Од тие причини Народниот правобранител, меѓу останатите препораки во извештајот, во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинителства да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од 3 месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да го известуваат повисокиот јавен обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари.
Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води. Ваквите заложби на Јавното обвинителство се веќе воспоставен начин на работа при што уште во извештајот за 2022 година омбудсманот констатираше дека за разлика од претходните години, сега јавните обвинителства, особено издвојувајќи ги Основното јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваат по барањата на Народниот правобранител, даваат суштински и целосни одговори за бараните информации од постапките, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.