Македонија
СДСМ: Го поздравуваме тоа што антикорупциската отвори предмет, Велковски да поднесе оставка
„Според информации во јавноста, Државната комисија за спречување на корупцијата отворила предмет за незаконското назначување од страна на Данела Арсовска на Ѓоко Велковски за секретар на Град Скопје.
Тоа е за поздравување.
Велковски е незаконски назначен од Арсовска, прекршен е членот 44 од Законот за спречување на корупцијата и судир на интересите.
Тој истовремено е и советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Чаир за што добива месечен паушал од 18.000 денари, а како секретар на Градот тој има плата од речиси 50.000 денари.
Овој случај на грубо прекршување на законите мора да добие разрешница, а Велковски мора да се повлече од функцијата на која е незаконски поставен од страна на Арсовска.
Сите инволвирани во овој случај мора да бидат санкционирани соодветно законите.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува по старо, со прекршување на законите и партизација на институциите работи на штета на граѓаните“.
Соопштение на СДСМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател, уверува Даштевски
Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател, вели претседателот на ДИК, Александар Даштевски.
„На неколку места се појавени технички проблеми, кои во меѓувреме се решаваат, таму гласањето ќе продолжи на стар начин со УВ ламба и спреј, а доколку се исправат техничките недостатоци, ќе се продолжи со техничката опрема. Такви места има во Кочани, Охрид, во Куманово, во Тетово и во Гази Баба.
Како што дополнува, има доставено и 15 приговори за избирачко право, и само три од нив се одбиени.
Во однос на излезноста на парламентарните избори, до 9:00 часот, по обработени податоци од 1033 изборни места, гласале 4,45%. Според податоците на ДИК, најголема излезност за парламентарните избори има во Кривогаштани (9,46%), а најмала во Боговиње (1,43%).
Во Македонија утрово започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори.
Избирачките места, од кои вкупно 3.480, беа отворени во седум часот, а ќе бидат затворени во 19 часот.
Скопје
Паркингот во Центар денеска е бесплатен
По повод Македонските претседателски и парламентарни избори, од ЈП Паркинзи на општина Центар известуваат дека денеска паркиралиштата со кои стопанисува јавното претпријатие ќе бидат без наплата за сите граѓани.
Дирекцијата на ЈП Паркинзи на Општина Центар во катната гаража „Судска палата“ нема да работи, а сите услуги можат да се користат електронски на www.poc.mk.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и работењето на дирекцијата ќе продолжат од утре со вообичаено работно време.
Македонија
Изборниот ден е неработен за сите граѓани
Поради одржување на парламентарните и вториот круг од претседателските избори, денешниот ден е неработен за сите граѓани во Република Македонија.
Работодавачите не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние каде работните процесите заради својата природа не можат да се прекинат.
Поради првиот круг од претседателските избори, неработен беше и 24 април. Според одлуката на техниката Влада, двата неработни дена нема да се одработуваат.