Македонија
ВМРО-ДПМНЕ денес ќе ја поднесе интерпелацијата за Талат Џафери, бара поддршка од власта
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во текот на денот ќе ја поднесат формално интерпелацијата за претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Опозициската партија ги повика сите пратеници во Собранието да ја поддржат интерпелацијата.
„Ковачевски треба да излезе од скутот на ДУИ и пратениците на СДСМ да ја поддржат интерпелацијата на Талат Џафери. Автократот Џафери покажа дека не е достоен да биде претседател на Собранието поради неговиот примитивизам, кршење на Деловникот и Уставот и недемократско однесување“, порача ВМРО-ДПМНЕ.
Од најголемата опозициска партија, сепак. не веруваат дека власта ќе гласа за оваа интерпелација, но и во таков случај велат: „добро е граѓаните да им го видат лицето на ДУИ и СДСМ како сложно го бранат неодбранливото дивеење врз Уставот, Деловникот и законите од страна на Талат Џафери“, рече вчера Дафина Стојановска од Извршниот комитет на партијата.
Партијата го обвинува Џафери за нестручно и несовесно работење и претседавање со македонското Собрание. Наведуваат дека Џафери во неколку наврати еклатантно ги кршел одредбите од Уставот, Деловникот за работа на Собранието, како и законите со кои е уредена работата на Собранието. ВМРО-ДПМНЕ во таа насока ја издвојува седницата кога пратениците беа заклучени во салата коментирајќи дека со овој потег Џафери им го скратил загарантираното право на слобода и движење, а од друга страна, тој тврди дека тоа било според Деловникот.
„Дополнително, во изминатиот период сведоци сме на повеќе прекршувања на Уставот и Деловникот на Собранието на Република Македонија од страна на претседателот, и тоа: неразгледување интерпелации поднесени за работа на носители на јавни функции, предложени од опозицијата. Интерпелациите само се оставени на дневен ред на одредена седница и никогаш тие точки не се разгледуваат. Интерпелациите за тогашниот вицепремиер Љупчо Николовски и министерот Бојан Маричиќ станаа беспредметни бидејќи тие сега извршуваат сосема други функции; неразгледување и непродолжување пленарни седници, на кои се други информации предложени од опозициските пратеници; ненавремено доставување на материјал до пратениците; спротивно на Деловникот и без образложение, отфрлање амандмани поднесени од пратеници на опозицијата; одземање право на говор на пратеник, како што беше случајот со утврдување на дневниот ред на 71. седница на Собранието; разрешување и избор на член на работно тело на седница на Собранието, без претходно да има одлука, која треба претходно да е усвоена на матичното работно тело; неупотреба на македонскиот јазик во излагањето на Талат Џафери пред Комитетот на министрите на Европскиот парламент како единствен службен јазик во меѓународните односи на Република Македонија“, рече вчера Стојаноска.
Според партијата, со ваквиот неодговорен пристап претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, покажал дека нема капацитет за правилно водење на Собранието ниту, пак, покажува волја за соработка со пратениците од опозицијата преку почитување на Уставот и Деловникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди на себе.
-Први февруари 2026 година, околу 20 часот. Има драстично намалување на бројката на сообраќајни прекршоци споредено со пред 2 месеци кога почнавме со тест периодот. Имаме околу 500 сообраќајни прекршоци констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во рамки на сообраќајот зашто вие сте тие кои овозможивте драстично да се намали бројката за период од околу 2 месеци од 120 илјади прекршоци на 500, порача министерот.
Македонија
Сообраќајниот хаос во центарот ќе се намали за најмалку 30 отсто
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска официјално го означи почетокот на градежните активности на булеварот Македонија, проект за кој, како што рече, со години се зборувало, но без конкретна реализација.
Ѓорѓиевски истакна дека стартува првата фаза, која треба значително да придонесе за растоварување на сообраќајот во централното градско подрачје, со проекција за намалување на сообраќајниот метеж за најмалку 30 проценти. Првата фаза, според најавите, ќе се реализира во рок од 90 дена.
Тој најави дека веќе наредната недела ќе започне тендерската постапка за втората фаза, која ќе опфати изградба на два нови кружни текови и влез во подземна сообраќајница. Целта, како што рече, е да не се губи време и втората фаза да започне веднаш по завршувањето на првата.
Во рамки на првата фаза се предвидува проширување на дел од постојните сообраќајници, уредување на просторот, изградба на нова атмосферска канализација и поставување на 60 нови шахти, со што ќе се решава и проблемот со атмосферските води во овој дел од градот. Проектот вклучува и проширување на улицата „Пролет“, нов приклучок и крак кон булеварот „Борис Трајковски“, како и проширување и нов крак кон улицата „11 Октомври“.
Ѓорѓиевски изрази уверување дека по истекот на 90 дена ќе биде пресечена лентата за завршување на првата фаза и нагласи дека до крајот на неговиот мандат ќе вложи максимални напори, заедно со својот тим, целата сообраќајница со должина од околу два километри целосно да биде завршена. Проектот, според него, претставува еден од најзначајните за главниот град и дел од ветувањата дадени пред граѓаните.
На крајот, градоначалникот со симболична забелешка посочи дека речиси секој значаен проект што го започнуваат заедно со претседателот на Владата е проследен со дожд, што, како што рече, го доживува како добар знак и бериќет за брза и успешна реализација на градежните активности.
Македонија
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа за дрогата која била набавена во Македонија
Опозициската СДСМ денеска со остро соопштение реагираше по заплената на околу пет тони дрога во Србија, наведувајќи дека наркотиците пристигнале преку Македонија и дека станува збор за, како што велат, „картелски скандал од огромни размери“.
Од СДСМ посочуваат дека меѓу уапсените лица има и косопственик на македонска фирма, што, според нив, отвора сериозни прашања за одговорноста на институциите и можната вмешаност на државни структури.
„Како е можно пет тони дрога да поминат преку македонската граница, а Владата да молчи? Без поддршка или затворање очи од структури во власта и институциите, ваков шверц е невозможен“, наведуваат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија:
СДСM прашуваат како поминала дрогата? Одговорите на овие прашања нека ги постават кај познатиот сопственик на фабрика за марихуана Зоран Заев, независно дали се наоѓа во Струмица или на трошење на пари во сигурниот Дубаи. Директен линк со него има Венко Филипче.

