Свет
Германија ќе им пружи помош на руските државјани кои се прогонувани во Русија
Германската влада постигна договор за нови поедноставени регулативи за обезбедување азил на руските граѓани кои се прогонувани во нивната татковина.
„ Сè побруталната агресија на Русија против Украина е придружена со сè побрутална внатрешна репресија, која е особено насочена против претставниците на медиумите, опозицијата и групите за човекови права“, изјави германската министерка за внатрешни работи Ненси Фазер.
Затоа Германија мора, посочи таа, да им пружи помош на руските граѓани.
„ Пред се ќе им дадеме можност на новинарите слободно и независно да известуваат од Германија“, рече германската министерка. Таа најави „забрзано и небирократско“ решавање на дозволите за престој за загрозените.
Истовремено, нагласи таа, барателите на политичка заштита ќе бидат подложени на темелна проверка од безбедносните служби.
„ Кремљ се труди максимално да престане да известува за криминалната војна против Украина и затоа е многу важно да се овозможи независно известување кое ќе стигне до граѓаните на Русија“, рече Фезер.
Визи за ранливите новинари и нивните семејства ќе се договорат меѓу МВР, Државниот секретаријат за култура и Министерството за надворешни работи. Досега се издадени 16 визи за новинари и нивните семејства. Оваа постапка се објаснува со хуманитарни причини и „зачувување на политичките интереси на Сојузна Република Германија“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Два земјотреси во Грција: Првиот удар 4,6 степени, а вториот 4,9
Два силни земјотреси утрово ја погодија Грција. Првиот беше со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, а вториот 4,9. Како што соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC), епицентарот бил островот Крит.
Првиот земјотрес се случил на длабочина од 10 километри, додава EMSC, а епицентарот бил на 40 километри југоисточно од градот Сити, кој има околу 9.000 жители.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.
Регион
„Заедно до крај“: Сопружници беа пронајдени прегрнати под урнатините во Јабланица
Босна и Херцеговина на 4 октомври беше погодена од катастрофални поплави, кои однесоа човечки животи.
Тешка е ситуацијата во неколку градови во БиХ, но убедливо најтешка е во Јабланица.
Во екот на разорните поплави што ја погодија БиХ, особено е потресна приказната за брачната двојка Ирмела и Јасмин Чилиќ, чии тела прегрнати ги пронашле спасувачите под урнатините во Јабланица.
Тие останале еден со друг до крај, но за жал не можеле да се извлечат. Биле познати во нивната заедница како топли и грижливи луѓе, а нивната љубов и поврзаност послужија како инспирација за многу луѓе.
Регион
Две лица загинаа во пожар во стан во Белград
Две лица загинаа во пожар во Белград, потврдија за РТС од итната помош.
Пожарот избувнал околу 05:30 часот во стан на вториот кат во Раковица.
Противпожарните екипи се уште се на терен.