Спорт
УЕФА им даде медали, но на двајца фудбалери на Реал нема да им брои дека ја освоиле Лигата на шампионите

Реал Мадрид го совлада Ливерпул и по 14. пат во својата историја ја освои европската титула. Капитенот Марсело го крена пехарот, а сите играчи на Реал кои играа и беа на клупата освоија медали.
Сепак, сега веста е дека иако сите освоија медали, двајцата фудбалери во официјалните документи нема да се сметаат за освојувачи на Лигата на шампионите за сезоната 2021/22. Станува збор за ветеранот Иско кој го напушта клубот и резервниот голман Андреј Лунин.
На двајцата им беа доделени медали кои ќе останат во нивна сопственост, но нема да се сметаат за победници во Лигата на шампионите бидејќи во натпреварувачката сезона не забележаа ниту една минута на теренот во Лигата на шампионите.
Лунин речиси воопшто не играше оваа сезона, тој најмногу седеше на клупата како алтернатива на Тибо Куртоа. Белгиецот бранеше брилијантно и беше апсолутно прво име на финалето во Париз, но и во текот на целата сезона. Украински голман доби медал со знамето на неговата земја завиткано околу половината, но ќе мора да почека и официјално да се пријави како победник во Лигата на шампионите.
Има 21 година, во Реал Мадрид пристигна како голем талент од Зорја Луганск во 2018 година и досега одигра само пет натпревари за Реал Мадрид, од кои четири оваа сезона.
Иско, кој своевремено беше и шпански репрезентативец, оваа сезона исто така не доби ниту минута од тренерот Карло Анчелоти во Лигата на шампионите, а ова лето ќе го напушти клубот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Торпедата на Деклан Рајс го потпија Реал, Интер победи во Минхен

Арсенал и Интер полека можат да размислуваат за полуфиналните натпревари во Лигата на шампионите. Вечерва, Арсенал го прегази Реал со 3:0, а Интер во Минхен го победи Баерн со 2:1.
Микел Артета му одржа час по фудбал на еден од најдобрите тренери во историјата, Карло Анчелоти. Арсенал буквално го прегази Реал, кој може да биде задволен што Лондон го нашушти со три примени гола.
Апсолутен херој е Деклан Рајс, чии две торпеда од слободни удари, во 58. и 70.минута го потопија „краслскиот клуб“. Точка на мечот во 74.минута стави Микел Мерино.
Можеше Арсенал да постигне уште некој гол, но во периодот од 60. до 64.минута Куртоа имаше две брилијантни интервенции, а Алаба и Белнгем интервенираа од гол-линијата.
Реал во текот на целиот меч имаше само една шанса, преку Мбапе, чии удар успеа да го скроти Давид Раја.
Интер во Минхен ги искористи сите проблеми кои Баерн ги има со повредите во дефанзивниот дел од тимот.
Италијанскиот првак поведе со брилијантниот гол на Лаутаро Мартинез во 38.минута.
Баерн се врати во мечот во 85.минута кога Томас Милер изедначи, но само три минути подоцна Фратези погоди за победа на Интер.
Спорт
Денвер Нагетс го отпуштија Мајк Мелоун

По серијата лоши резултати, Денвер Нагетс му врачи отказ на првиот тренер Мајк Мелоун.
Оваа информација ја објави познатиот НБА инсајдер Шамс Чаранија, кој работи за „ESPN“.
Мелоун беше тренер на Денвер 10 години, почнувајќи од 2015 година, кога во тимот од Колорадо пристигна Никола Јокиќ.
Тие „пораснаа“ заедно и за една деценија заедничка работа го донесоа единствениот шампионат на Нагетс во 2023 година.
Тој му „помогна“ на Јокиќ да освои три МВП награди и многу влијаеше на неговиот развој и игра.
Сепак, резултатите на Денвер не се најдобри во последно време и челниците на франшизата решија да го отпуштат Мелоун. Пред Денвер, тој работеше во сезоната 2013/2014 како тренер на Сакраменто Кингс.
Претходно беше асистент во Голден Стејт Вориорс, Њу Орлеанс Хорнетс, Кливленд Кавалирс, Њујорк Никс, како и во Менхетен, Провиденс.
Денвер моментално се наоѓа на четвртото место во западниот поредок со 47 победи и 32 порази.
Спорт
Фрлена бомба во куќата на Јуси Бенајун

Еден од најпознатите израелски фудбалери Јуси Бенаџун преживеа бомбашки напад на неговата куќа во својата татковина.
Поранешниот играч од средниот ред на Ливерпул, Арсенал и Челзи бил во својот дом со семејството кога мотоциклист излегол пред куќата и фрлил бомба на вратата.
Експлозијата предизвикала пожар, а напаѓачот побегнал од местото во областа Рамат Харашон, северно од Тел Авив.
Сето тоа се случило во неделата околу 23.00 часот, а полицијата и пожарникарите брзо пристигнале на терен, а пожарот брзо бил изгаснат. Нема повредени.
Полицијата соопшти дека овој случај го истражува како криминален напад, а не како терористички акт.
Бенајун бил во шок, но потоа дал изјава дека верува дека тој не бил целта, туку дека напаѓачот ја згрешил куќата.