Македонија
Регистрирани нови 85 заразени со ковид, нема починати
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 1.334 тестови, а регистрирани се 85 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 60, Битола – 7, Охрид – 4, Неготино – 3, Тетово, Кавадарци и Кочани – по 2, Штип, Кичево, Гевгелија, Ресен и Делчево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (85), регистрирани се 19 реинфекции.
Регистрирани сe 48 оздравени пациенти од: Скопје – 34, Битола – 9, Ресен – 2, Охрид, Куманово и Прилеп – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин дополнително не се регистрирани починати лица.
Направени се 1.334 тестови преку: ИЈЗ-185, ЦЈЗ Скопје-28, ЦЈЗ Битола-32, ЦЈЗ Прилеп-6, ЦЈЗ Тетово-4, ЦЈЗ Куманово-38, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-9, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–62, Жан Митрев (Филип Втори)-30, Авицена-39, Биотек-71, Систина-32, лабораторија Лаор-24, Синлаб-16, Ремедика – 15, Плодност-12, Генеа-8, Никоб лаб-61, ВФВ Медикал-15, Ели медика плус-16, Ројал медика–1, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–9, Жан Митрев Струмица–3, Нова лаб дијагностика–6, Рамус-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 596.
Досега во земјата се направени вкупно 2.054.677 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.936, бројот на оздравени пациенти е 302.061, на починати е 9.303, а бројот на активни случаи изнесува 572.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 146918, Активни 393
Куманово 16676, Активни 5
Битола 15654, Активни 50
Прилеп 14210, Активни 9
Тетово 13479, Активни 6
Кавадарци 10685, Активни 7
Велес 9792, Активни 6
Гостивар 9608, Активни 5
Охрид 8919, Активни 23
Струмица 8073, Активни 1
Штип 8070, Активни 25
Кичево 5651, Активни 8
Кочани 5093, Активни 3
Струга 4728, Активни 2
Гевгелија 4421, Активни 3
Неготино 3694, Активни 7
Ресен 2751, Активни 3
Свети Николе 2634, Активни 3
Радовиш 2531, Активни 1
Крива Паланка 2416, Активни 1
Делчево 1986, Активни 2
Берово 1682, Активни 4
Дебар 1677, Активни 1
Валандово 1488, Активни 0
Виница 1394, Активни 1
Пробиштип 1267, Активни 0
Богданци 1021, Активни 0
Кратово 965, Активни 0
Крушево 929, Активни 1
Демир Хисар 835, Активни 0
Македонски Брод 738, Активни 1
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 525, Активни 1
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николоски: Техничката влада не се укина за изборите во 2024 година за ДУИ да добие премиер
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, вечерва беше гостин во Тема на денот на Сител телевизија, каде се осврна и на актуелната тема за укинување на техничката влада за што истакна дека истата била воведена како привремено решение за кризата во 2015 година. Тој вели дека нејзиното укинување во 2024 година било спречено поради договор меѓу СДС и ДУИ со цел ДУИ да добие премиер, како што и се случи, и како што вели тој, беше спротивно на изборните правила и волјата на граѓаните.
„Во 2015 година оваа техничка влада беше договорена во еден сосема друг политички контекст и беше решение на една политичка криза. До следните редовни парламентарни избори ќе поминат 12 и пол години од таа политичка криза и од договорите кои што тогаш се правеа. Оваа техничка влада го надмина времето и причините за кои што беше создадена и ние сме единствена држава од нормалните демократии во Европа, која што го прави, и на ова треба да се стави точка и да заврши затоа што ни треба нормално функционирање на државата“, вели Николоски.
„Ние го инициравме тоа, но единствената причина зошто не се укина техничката влада за изборите во 2024 година беше договорот помеѓу СДС и ДУИ, да ДУИ добие премиер, и тоа се случи, Талат Џафери стана премиер, што беше вон сите изборни правила, и вон волјата на народот, и затоа завршија на избори како што завршија“, рече Николоски.
Македонија
(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста
Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија, Ангела Агелер.

На средбата, министерот Тошковски изрази благодарност за нејзината посветеност, професионалност и континуирана поддршка на реформските процеси, со посебен акцент на унапредувањето на безбедносниот систем и јакнењето на институционалните капацитети. Тој ја истакна значајната улога на амбасадорката Агелер во продлабочувањето на соработката меѓу двете држави, особено во областа на внатрешната безбедност, владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Министерот упати благодарност и до Амбасадата на САД за силната и континуирана поддршка на Македонија, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави се стратешки партнер и важен сојузник во зајакнувањето на безбедноста, стабилноста и евроатлантската ориентација на државата. Во тој контекст, беше потенцирана и одличната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и американските институции преку заеднички проекти, обуки и размена на експертиза.
Македонија
Средба на министерот Муцунски со раководството на Сојузот на стопанските комори на Македонија
Во рамки на серијата работни средби насочени кон унапредување на економската дипломатија и поддршката на извозот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работен состанок со раководството на Сојузот на стопанските комори, предводено од претседателот Горан Ѓорѓиевски.

На средбата се разговараше за интензивирање на соработката преку организација на тематски трговски посети на приоритетни пазари, обезбедување логистичка поддршка при значајни бизнис посети во државата, како и за промоција на извозните капацитети на домашните компании пред дипломатскиот кор. Посебен акцент беше ставен на унапредување на комуникацијата и соработката на домашните компании со дипломатско-конзуларните претставништва во странство, известуваат од Министерството.

Фокусот на институционалните активности е насочен кон системска поддршка на компаниите со извозен потенцијал, со цел поттикнување на додадената вредност во економијата и создавање услови за одржлив економски развој.

