Свет
Тајван ќе донира 6 милиони долари на пет украински градови

Тајван денеска објави дека ќе донира 6 милиони долари на пет украински градови погодени од руската инвазија, вклучително и Харков, вториот по големина град во Украина, како поддршка и помош за обнова на училиштата и цивилната инфраструктура, се вели во соопштението на неговото Министерство за надворешни работи.
Во телефонски разговор со градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, министерот за надворешни работи на Тајван Џозеф Ву рече дека Тајпеј ќе донира 2 милиони долари за Харков и дополнителни 500.000 долари за Чернихив, Миколаев, Суми и Запорожје.
– Народот на Тајван сочувствува и стои покрај народот на Украина, бидејќи долго време се соочуваме со закани од Кина – му рекол тој на Ву Терехов.
Тој се надева дека нивната помош во обновата на сериозно уништената цивилна инфраструктура може да ги ублажи ефектите од војната врз украинскиот народ.
Според соопштението, Терехов изразил благодарност и рекол дека со нетрпение очекува да го покани Ву во Харков по војната.
Телефонскиот разговор со градоначалникот на Харков уследи по разговорот со градоначалникот на Киев Виталиј Кличко во април, каде Тајпеј објави донација од 8,8 милиони долари за Украина, пишува Си-ен-ен.
Тајван нема официјални дипломатски односи со Украина.
Минатиот петок, тајванското Министерство за надворешни работи соопшти дека го завршило транспортот на 582 тони помош и материјали за украинскиот народ, пренесуваат медиумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израел мора да се согласи на договор за ослободување на заложниците, тврди шефот на израелската армија

Според извештаите на израелските медиуми, началникот на Генералштабот на Израелските одбранбени сили (ИДФ) изјави дека е „на маса“ договор за ослободување на преостанатите заложници во Газа. Генерал-потполковник Ејал Замир наводно изјавил дека војската создала услови за договор, кој сега е „во рацете на премиерот Бенјамин Нетанјаху“, пишува Би-би-си Њуз.
Се очекува утре израелскиот кабинет за безбедност да го разгледа најновиот предлог на регионалните медијатори, кој Хамас го прифати минатата недела.
Ситуацијата следеше по масовните протести низ Израел, каде што стотици илјади луѓе се собраа во Тел Авив за да побараат крај на војната и итен договор за ослободување на заложниците. Форумот на семејства на заложници и исчезнати лица изјави дека Замир го изразил „она што го бара мнозинството Израелци“, а тоа е враќање на сите 50 преостанати заложници, од кои 20 се наводно живи, и крај на војната.
Групата најави нови масовни протести за вторник.
Детали за предлогот за прекин на огнот
Најновиот предлог, подготвен од медијатори од Египет и Катар, наводно се базира на рамка презентирана во јуни од американскиот претставник Стив Виткоф. Според планот, Хамас би ослободил околу половина од заложниците во две фази за време на почетното 60-дневно примирје, додека би се воделе преговори за трајно примирје.
Канцеларијата на премиерот Нетанјаху претходно инсистираше дека Израел би го прифатил договорот само ако „сите заложници бидат ослободени одеднаш“.
Офанзивата во Газа продолжува
Во меѓувреме, израелската војска ги продолжува своите операции. Во саботата, авиони и тенкови бомбардираа делови од градот Газа како дел од планот за освојување на најголемиот урбан центар на територијата. Премиерот Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе го победи Хамас, и покрај критиките од меѓународната заедница и, наводно, од самиот Замир. Според израелските медиуми, Замир се спротивставил на целосна окупација од страв дека тоа ќе ги загрози животите на заложниците и ќе ја турне исцрпената армија подлабоко во Газа.
Планираната офанзива би можела насилно да премести еден милион луѓе од градот Газа во кампови на југ, но Израел сè уште не објавил прецизен распоред за влегувањето на трупите. Според Обединетите нации, најмалку 1,9 милиони луѓе во Газа, околу 90% од населението, веќе се раселени.
фото: принтскрин
Свет
(Видео) Осум загинати во судир меѓу камион и трактор во Индија

Најмалку осум лица загинаа, а речиси 43 се повредени кога камион удри во трактор што превезувал аџии во северната индиска држава Утар Прадеш денеска, соопшти индиската полиција.
„Три лица се во критична состојба и се на респиратори“, изјави началникот на полицијата во округот Буландшахр, Динеш Кумар Синг.
UTTAR PRADESH: 8 DEAD, 30 INJURED AS CONTAINER RAMS TRACTOR-TROLLEY IN BULANDSHAHR.
A tragic road accident occurred in the Arnia area of Bulandshahr district a container collided with tractor-trolley carrying devotees.
The impact of the crash led to the death of eight… pic.twitter.com/cgpzABgfXB
— 𝗜𝗡𝗗𝗜𝗔 𝗢𝗕𝗦𝗘𝗥𝗩𝗘𝗥 (@IndiaObserverX) August 25, 2025
Двајца од загинатите се деца, а 12 од повредените, кои се хоспитализирани, се помлади од 18 години, соопшти полицијата.
Несреќата се случила околу 2.10 часот наутро кога камион удрил во приколка за трактор предизвикувајќи приколката да се преврти, рече Кумар Синг.
#UttarPradesh | In a tragic incident in Bulandshahr district, a truck collided with a tractor-trolley carrying pilgrims early Monday morning, resulting in the death of eight people and injuries to 43 others.
More details🔗https://t.co/iR8lXKzZaF #UttarPradesh #Bulandshahr… pic.twitter.com/a3eopD1URG
— The Times Of India (@timesofindia) August 25, 2025
„На тракторската приколка се превезувале 61 лице, кои патувале од селото Рафатпур во округот Касганџ до Џахарпир во Раџастан на поклонение“, рече Синг. Тој рече дека жртвите биле однесени во болници вклучувајќи и во приватна установа.
VIDEO | Bulandshahr, Uttar Pradesh: Eight people were killed and 43 others injured after a truck rammed into a tractor-trolley carrying pilgrims in the early hours of Monday.
District Magistrate Shruti, along with SSP Singh and other senior officials, visited the hospital and… pic.twitter.com/X52qC1q3p8
— Press Trust of India (@PTI_News) August 25, 2025
„Осум лица починаа, а 43 се на лекување. Тројца од повредените се на респиратори“, додаде Синг. Полицијата соопшти дека десет патници се извлекле со полесни повреди, а од 43 повредени, 12 биле деца.
фото: принтскрин
Свет
Истражување: Ковид-пандемијата му наштети на здравјето на мозокот, дури и кај незаразени луѓе

Пандемијата на Ковид-19 била штетна за здравјето на мозокот, дури и кај луѓе што никогаш не биле заразени, открива нова студија. Научниците предупредуваат дека притисоците на кои биле изложени луѓето, од продолжена изолација до неизвесноста што ја придружувала кризата, можеби ги остареле нивните мозоци.
Тие откриле дека стареењето на мозокот за време на пандемијата било поизразено кај мажите, постарите лица и кај оние од посиромашните социјални класи.
Моделите на стареење на мозокот биле обучени на повеќе од 15.000 здрави испитаници. Потоа биле применети на речиси илјада луѓе, кои учествувале во долгорочна студија во Велика Британија, наречена „Биобенк“, која го следела здравјето на возрасните на средна и постара возраст.
На половина од групата им биле скенирани мозоците пред пандемијата, а на другите пред и по глобалната здравствена криза. Откога ги проучиле скенирањата, научниците заклучиле дека пандемијата значително го забрзала стареењето на мозокот. Тие дошле до овој заклучок врз основа на возраста на нивните мозоци во скенирањата во споредба со нивната вистинска возраст.
Научниците откриле дека скенирањата на мозокот на испитаниците откога ја доживеале кризата, имале просечно 5,5 месеци поголемо отстапување во возраста на мозокот.
„Откривме дека пандемијата на Ковид е штетна за здравјето на мозокот и предизвикува забрзано стареење на мозокот, независно од инфекцијата со SARS-CoV-2“, напишаа експертите од Универзитетот во Нотингем во списанието Nature Communications.
Професор по радиологија: Пандемијата изврши притисок врз луѓето
„Она што најмногу ме изненади беше тоа што дури и луѓето што немаа Ковид имале значително повисоки стапки на стареење на мозокот. Тоа навистина покажува колку искуството со самата пандемија, од изолација до неизвесност, можело да влијае на нашето здравје на мозокот“, рече д-р Али-Реза Мухамади-Неџад, кој ја водеше студијата.
Научниците исто така истражуваа дали Ковид-19 имал влијание врз когнитивните способности проучувајќи ги резултатите од тестовите направени за време на скенирањето на мозокот. Тие открија дека оние што биле заразени се чини дека имаат полоши резултати на когнитивните тестови по пандемијата.
Професорката по радиологија, Дороти Ауе, виш автор на студијата, рече: „Оваа студија нè потсетува дека здравјето на мозокот е обликувано не само од болести туку и од нашата секојдневна околина. Пандемијата изврши притисок врз луѓето, особено оние што веќе имаа некои проблеми. Сè уште не можеме да тестираме дали промените што ги видовме ќе исчезнат, но тоа е секако можно и тоа е охрабрувачко“.
фото: принтскрин