Македонија
Тројца починати и 87 новозаразени со Ковид-19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 1.384 тестови, а регистрирани се 87 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 54, Охрид – 9, Битола – 8, Прилеп и Берово – по 3, Велес, Штип и Кочани – по 2, Тетово, Кавадарци, Гостивар и Неготино – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (87), регистрирани се 10 реинфекции.
Регистриран e 141 оздравен пациент од: Скопје – 93, Битола и Штип – по 10, Кичево – 5, Прилеп – 4, Охрид и Кавадарци – по 3, Берово, Велес, Тетово, Гостивар, Струга, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Делчево, Кратово, Крушево, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин дополнително се регистрирани 3 починати лица од: Скопје (2) и Охрид (1), на возраст од 64 до 74 години. Две лица се починати во болнички услови и едно лице во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 08.05.-28.5.2022 година.
Направени се 1.384 тестови преку: ИЈЗ-221, ЦЈЗ Скопје-29, ЦЈЗ Битола-38, ЦЈЗ Прилеп-16, ЦЈЗ Тетово-12, ЦЈЗ Куманово-21, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–104, Жан Митрев (Филип Втори)-34, Авицена-20, Биотек-40, Систина-34, лабораторија Лаор-20, Синлаб-9, Ремедика – 15, Плодност-11, Генеа-5, Никоб лаб-97, ВФВ Медикал-15, Ели медика плус-11, Ројал медика–2, Спектра-ММ-3, Рапид лаб–4, Жан Митрев Струмица–3, Нова лаб дијагностика–8, Рамус-12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 600.
Досега во земјата се направени вкупно 2.056.061 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.022, бројот на оздравени пациенти е 302.202, на починати е 9.306, а бројот на активни случаи изнесува 514.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 146971, Активни 351
Куманово 16674, Активни 5
Битола 15662, Активни 48
Прилеп 14214, Активни 9
Тетово 13480, Активни 6
Кавадарци 10686, Активни 5
Велес 9794, Активни 7
Гостивар 9608, Активни 4
Охрид 8928, Активни 28
Струмица 8073, Активни 1
Штип 8072, Активни 17
Кичево 5651, Активни 3
Кочани 5095, Активни 5
Струга 4728, Активни 1
Гевгелија 4422, Активни 2
Неготино 3694, Активни 7
Ресен 2751, Активни 2
Свети Николе 2634, Активни 3
Радовиш 2531, Активни 0
Крива Паланка 2418, Активни 1
Делчево 1986, Активни 1
Берово 1685, Активни 6
Дебар 1677, Активни 1
Валандово 1488, Активни 0
Виница 1393, Активни 1
Пробиштип 1267, Активни 0
Богданци 1021, Активни 0
Кратово 966, Активни 0
Крушево 929, Активни 0
Демир Хисар 835, Активни 0
Македонски Брод 738, Активни 0
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 525, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во Кочани ќе се гради споменик во помен на загинатите во „Пулс“

Собеанието со амандман обезбеди 2 милиони денари (околу 32.000 евра) како првични средства за идејно решение и отпочнување на активности за спомен-обележје во чест на младите кои ги загубија животите во трагедијата во дискотеката „Пулс”. Информацијата на социјалните мрежи ја сподели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.
Ова барање, како што истакнува пратеникот, е координирано со родителите на настраданите и произлегува заедничката желба, макар само дел од болката да се преточи во достоинствено сеќавање, а трагедијата да не се заборави.
Споменикот според планот ќе биде поставен во централното градско подрачје, и ќе биде тивок сведок на болката, но и силна порака за солидарност, сеќавање и обврска да не дозволиме ваква трагедија никогаш повеќе, вели Лефков.
Упати благодарност до Владата што го прифатила амандманот, и до колегите пратеници што ја дале својата поддршка.
Македонија
„Не смее да ни се случи Пулс 2“ – градоначалникот на Кочани поднесе кривични пријави за угостители

Градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, поднесе кривична пријава против угостители за узурпација и бесправна градба.
Toj рече дека три месеци по трагедијата во дискотеката „Пулс“ сѐ уште има угостителски објекти кои работат надвор од законските прописи и стандарди.
„Не смееме да замижиме по несреќата во „Пулс“. Ова е најтешкиот период за Кочани и јас нема да дозволам да ни се случи „Пулс 2“, изјави Крстевски.
Градоначалникот јавно го праша Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), како е возможно да се толерира работа во дивоградби, дали има контроли и што тие значат. До Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) упати прашање како е возможно да се добие ХАСАП дозвола за угостителски објект кој служи храна, ако кујната е дивоградба или постојат броила во непосредна близина на фритезата, на што од АХВ реагираа дека тие се надлежен орган за контрола на безбедноста на храната и здравствената заштита и благосостојбата на животните. По однос на прашања кои се однесуваат на заштита и здравје при работа, АХВ нема надлежност за постапување, како што нема надлежност ниту во делот на издавање елаборати за ХАСАП ниту е надлежна за приклучување на електричната мрежа.
Македонија
Грмотевици и дожд попладнево во Скопје, се апелира да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја

Невреме проследено со пороен дожд со грмежи го зафати попладнево Скопје.
УХМР претходно најави дека од денес до петок во попладневните и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со изолирана појава на град.
Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.