Македонија
(Видео) Пендаровски до младите: Да носиме функционални политики, со што ќе го намалиме одливот на стручни кадри
Во кабинетот на претседателот денеска се одржа Визионерска работилница со млади, под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, а во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Македонија.
Целта на работилницата е преку утврдување на нивните главни предизвици младите да придонесат и да учествуваат во креирање на визијата за иднината на државата во следните 20 години. Денешниот процес на визионирање се надоврзува на процесот на креирање на МКД 2030, во деловите што се во интерес на младинските политики.
Во обраќањето до младите претседателот Пендаровски посочи дека е незамисливо да зборуваме за визијата на нашата земја за следните десет или дваесет години, без активно учество на популацијата која е најзасегната, која треба да биде двигател на промените во државата и на севкупниот општествен прогрес.
„На денешната работилница ќе имате можност да дискутирате за главните предизвици со кои се соочувате, да ги искажете вашите желби, планови и видувања за тоа во какво општество сакате да живеете. Задоволство ми е што токму мојот кабинет е денеска домаќин на една ваква работилница, затоа што како ваш поддржувач сметам дека само заеднички можеме да креираме подобра иднина за сите вас. Да најдеме решенија за актуелните недостатоци, да ги превенираме негативните трендови и да носиме функционални политики, кои ќе ги вклучат вашите потреби, со што ќе ја намалиме миграцијата и одливот на стручни кадри“, истакна во обраќањето претседателот Пендаровски.
Тој потенцираше дека младите беа меѓу главните партнери за консултација и при изработката на Рамката за развој МКД 2030.
„Факт е дека најголемата одговорност треба да ја преземат државата и институциите, но за креирање успешна развојна стратегија, која сакаме да испорача резултати на среден и на долг рок за нашата држава да стане подобро место за живеење, неопходно е да партиципираат сите чинители во општеството – и теоретичари и практичари, од бизнис-секторот, академската заедница, од граѓанските здруженија, вклучително и секој поединец со добри идеи. Имаме најголеми очекувања од вашата генерација, која благодарение на глобализацијата и дигиталната писменост има поголем пристап до информации и далеку повеќе потенцијал за нудење креативни концепти“, рече во обраќањето претседателот Пендаровски.
Претседателот Пендаровски ја поздрави поддршката од УНДП за процесот на изработка на Рамката за развој МКД 2030 и Националната стратегија за развој 2022-2042, како и нивната иницијатива преку која се имплементираат визионерски работилници со низ целата земја, со различни групи на граѓани со цел да се добие што е можно поинклузивен процес на изработка на Националната развојна стратегија.
На работилницата се обратија и заменик-претседателот на Владата за економски прашања, Фатмир Битиќи, и министерот за образовaние, Јетон Шаќири.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Лимани: 2026 година ќе биде година на уште посилен ангажман за задржување на младите во земјата, за поддршка на семејствата
Годината 2025 беше година на предизвици, но и на конкретни резултати. Заедно работевме на зајакнување на социјалната заштита, проширување на услугите во заедницата и поддршка на најранливите граѓани, вклучително и лицата со попреченост.
Во центарот на нашите политики беа децата, преку инвестиции во нови градинки, зајакнување на системот за заштита на децата и промовирање на згрижувачките семејства како најхумана форма на грижа, истакна министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани.
„Со одговорност и почит, ja унапредивме и грижaта за постарите лица, создавајќи нови услуги, центри за активно стареење и поголема финансиска сигурност за генерациите што ја изградија нашата држава.
Исто така, инвестиравме во младите – во нивниот развој, вработување и активно вклучување, затоа што тие се енергијата и носителите на иднината.
Семејството останува столб на нашето општество, а демографијата – огледало на колективната надеж. Затоа, 2026 година ќе биде година на уште посилен ангажман за задржување на младите во земјата, за поддршка на семејствата и за градење инклузивни политики во образованието, вработувањето, домувањето и социјалната благосостојба – политики што не оставаат никого зад себе и ја враќаат вербата дека иднината може и мора да се гради тука.
Да посакаме повеќе раѓања отколку заминувања, повеќе насмевки отколку несигурност, повеќе доверба отколку сомнеж.
Да изградиме заедно општество што се грижи за најмладите, ги почитува постарите, ги поддржува најслабите и им дава крилја на младите“, кажа Лимани.
Македонија
СДС лаже за политички прогон, судиите и обвинителите во случајот „Сокол“ се кадар и мрежа на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Кога СДС обвинува за политички прогон од ВМРО-ДПМНЕ, во случајот со криминалот на Филип Андонов Сокол треба да кажат дека судијата кој го осуди е поврзан со судиите и обвинителите кои го замрзнуваа имотот на ВМРО-ДПМНЕ и се изживуваа со наши членови со години додека СДС беше власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Судијата која изрече пресуда за Филип Андонов Сокол е син на Јавната обвинителка, Елизабета Јосифовска, која беше дел од СЈО и го замрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ.
Истиот овој судија е поставен од кадарот на Заев, Иван Џолев, со само една година стаж во одделот за организиран криминал во Кривичниот суд.
Додека обвинителка во предметот на Сокол е Валентина Беслимовска истата што го повлече обвинението за Зоран Заев и го амнестираше“.
Од партијата на власт прашуваат, како овие судии и мрежа обвинители се дел од мрежа на ВМРО-ДПМНЕ.
„Луѓето кои хараа со Заев и Филипче можат да бидат само дел од системот на СДС и никако поинаку“.
Македонија
Следната ќе биде година на темелни реформи, отворање на портите на Европската унија за Македонија, велат од Демократскиот сојуз
Следната година ќе биде година на темелни реформи, отворање на портите на Европската унија за Македонија и врвни резултати, велат од Демократскиот сојуз.
„Ќе ја афирмираме потребата од темелни реформи во судскиот систем, донесување на закон за борба против организираниот криминал и формирање на независна Агенција против тешките облици на криминал, департизација на институциите, донесување на нов Изборен законик со кој Македонија ќе биде една изборна единица и услови за рамноправен изборен натпревар без трошење на пари од Буџетот, како и имплементација на конкретни програми за заштита на животната средина и дефинирање на минимална пензија.
За младите ќе иницираме тие да одлучуваат за својата иднина за да создаваат и творат овде во нашата татковина“.

