Македонија
СДСМ: Во најголемата криза презедовме навремени и ефикасни мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните

Владата предводена од СДСМ во услови на најголемата криза презеде навремени и ефикасни мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните од ценовните шокови и помош на компаниите. Покажавме капацитет во справување со последиците од најголемата светска економска криза и тоа ќе продолжиме да го правиме, велат од владејачкиот СДСМ.
„Следуваат нови мерки и различни форми на помош како за граѓаните така и за компаниите. Во тој правец е ребалансот на буџетот преку кој се обезбедуваат 76 милиони евра помош на граѓаните и стопанството, како и дополнителни 52 милиони евра за земјоделството, за повисоки плати и пензии.
Она што е особено вредно да се истакне е дека Владата предводена од СДСМ продолжува да ја субвенционира цената на произведената електрична енергија за граѓаните да добиваат пониски сметки за електрична енергија. Деновиве почнува исплатата на субвенциите за над 20.000 тутунари, за што парите веќе се обезбедени во рамките на буџетот.
Зголемената минимална плата, растот на платите во образованието, детската заштита и останатите сектори, како и новата методологија за раст на пензиите се исто така мерки кои во време на криза го штитат стандардот на граѓаните“ се вели во соопштението.
Од СДСМ порачуваат дека ќе продолжат со вистинска грижа за граѓаните, за домашната економија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 16 часот и 14 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, 39 км западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.7.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
МНР: Амбасадата во Прага е во координација со семејството на Чифлиганец за пренeсување на телото во Македонија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека на 2 август 2025 година, до македонската амбасада во Прага била доставена информација за тешка сообраќајна несреќа во која бил повреден македонскиот државјанин Душко Чифлиганец. Тој управувал мотор кога дошло до незгодата, по што со тешки повреди бил пренесен во болница.
На 3 август, семејството го известило дипломатско-конзуларното претставништво дека Чифлиганец им подлегнал на повредите.
Како што соопштија од МНР, Амбасадата во Прага е во континуирана комуникација со семејството со цел завршување на сите неопходни формалности и организација за пренос на телото во Македонија.
Македонија
Изгаснат пожарот кај Липково, гори на две локации

До 12 часот активни се два пожари на отворен простор, еден пожар е под контрола, а еден е изгаснат.
Активните пожари се наоѓаат во село Богомила во општина Чашка, каде гори мешана шума, како и во село Грешница во општина Македонски Брод, во деградирана нискостеблеста шума, соопшти ЦУК.
Пожарот кој е под контрола е во село Стровија во општина Долнени, зад местото викано Гајдарец-Клепало, во нискостеблеста шума.
Пожарот што е изгаснат се наоѓа во село Слупчане во општина Липково, каде горела ниска вегетација.