Спорт
Ќе има македонска фан – зона во Разград (ФОТО)
Топспорт во Разград,
Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација на Македонија нема да биде без поддршка и овде во Разград, на вечерашниот меч против Бугарија на „Лудогорец Арена“, на почетокот на новиот циклус од Лигата на нации. Околу илјада македонски навивачи се очекува да бидат присутни на трибините, а претходно ќе се соберат во македонската фан – зона која е обезбедена на четири километри пред Разград.
Најавите се дека ќе пристигнат неколку автобуси со навивачи од Скопје, Битола, Велес, Кочани…
Натпреварот меѓу Бугарија и Македонија е закажан за 18 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Што значи фудбалот за тебе? Одговорот на Иниеста е солзи
Андрес Иниеста пред неколку дена најави прес-конференција која ја закажа за 8 октомври во Барселона. Се шпекулира и сите очекуваат тој да објави дека става крај на својата играчка кариера.
Ден пред средбата со медиумите, Иниеста на социјалните мрежи објави кратко видео од кое треба да имаме претстава што не очекува.
Иако не беше конкретно наведено, се е јасно – Андрес Иниеста ја заврши кариерата.
„Што за тебе значи фудбалот?“, видеото започнува со тоа прашање.
Одговорот доаѓа по пауза и избришани солзи…
„За мене фудбалот беше…“ и нема крај на реченицата.
El Juego Continúa ❤️⚽️ 8️⃣🔟2️⃣4️⃣ pic.twitter.com/YLrDOfxVCB
— Andrés Iniesta (@andresiniesta8) October 7, 2024
Луис Енрике ќе каже дека се сеќава кога децата биле на улиците и кога мајките ги повикувале кога ќе се стемни и веќе не се гледа топката.
„Тоа е Андрес Иниеста за мене. Тој има 40 години и се уште не е сигурен – дали да продолжам да играм“.
И соиграчите и тренерите на Иниеста ќе се менуваат во своите изјави, ќе го фалат великанот што го имаше играта… Но, одговорот на Иниеста што е за него фудбалот – го нема.
Иако во двете минути од видеото наречено „Играта продолжува“, воздишките и солзите на Иниеста го кажуваат она што тој очигледно не може да го каже.
Спорт
Крај на сезоната и за Дуван Запата
Викендов сезоната која е на самиот почетоко заврши за уште еден фудбалер. Колумбиецот Дуван Запата, спроед прогнозите ќе паузари седум до девет месеци.
Запата се повреди во саботата на натпреварот против Интер.
Беше изнесен од теренот на носилки, па деталните анализи потврдија дека му се оштетени предните вкрстени лигаменти на коленото, а исто така го оштетил менискусот, што дополнително ја усложнува ситуацијата.
Запата е петтиот фудбалер кој во последниве две недели се здоби со тешка повреда поради која ја заврѓи сезоната.
Претходно тоа им се случи на Родри од Манчестер сити, десниот бек на Реал, Дани Карвахал, стоперот на Јувентус, Бремер, како и Марк-Андре тер Штеген и Марк Бернал од Барселона.
Спорт
Погба и Јувентус ќе ја раскинат соработката
Пол Погба официјално ќе се врати на терените следната година откако и официјално беше потврдено дека сусоензијата од четири години му е намалена на 18 месеци.
Светскиот првак со Франција ќе може да тренира од јануари, а од март 2025 година целосно може да му се врати на фудбалот.
Според Фарбрицио Романо, Јувентус и Погба сега ќе отворат преговори за раскин на договорот и се очекува тој наскоро да биде слободен агент.
Погба беше казнет откако беше позитивен на тестостерон на натпреварот од првото коло минатата сезона кога Јувентус играше со Удинезе.