Европа
Патрушев: Западот води цинична медиумска кампања против Москва со цел да ја дискредитираат Русија

Секретарот на безбедносниот совет на Русија Николај Патрушев изјави денеска дека западните земји водат цинична медиумска кампања против Москва со главна цел да ја дискредитираат Русија, нејзината историја и традиција, како и да ги понижат нејзините граѓани.
– Една од најважните задачи е да се работи на цели насочени кон заштита на државната безбедност во медиумската сфера. Западните медиуми колективно создадоа цинична кампања со цел да ја дискредитираат нашата земја, историја, традиција, повикувајќи директно на поништување на рускиот суверенитет, а во исто време понижување на рускиот народ – рече Патрушев, пренесе ТАСС.
Минатата недела Патрушев изјави дека „за судбината на Украина ќе одлучува гласот на луѓето кои живеат на нејзината територија“.
Тој тогаш тврдеше дека многу земји активно работат на распарчување на Украина, а постапките на властите во Киев, како и на САД и нивните сојузници, доведуваат до распаѓање на таа земја.
– Ни велат: „Ние сме за Украина да остане суверена и да го задржи својот територијален интегритет“. Но, знаеме дека некои земји веќе активно работат на негово распаѓање – рече Патрушев на средбата за обезбедување државна безбедност во Казан.
Според него, во овој случај, суверенитетот на Украина не го загрижува претседателот на таа земја, а камоли САД и нивните сојузници, кои се подготвени да ги жртвуваат интересите на украинскиот народ за спроведување на нивните геополитички цели.
– Нивните постапки доведуваат до распаѓање на државата, нагласи Патрушев.
Патрушев истакна дека претседателот на Украина Владимир Зеленски, прогласувајќи ги жителите на Донбас за сепаратисти и иницирајќи воени дејствија против нив, има намера да им даде на Полјаците посебен статус, вклучително и можност да заземат водечки јавни позиции и, во суштина, да им даде на граѓаните на друга правата на земјата на украинската територија.
Тој нагласи дека Русија затоа има намера да ги заштити жителите на Донбас и да ја ослободи Украина од неонацистите и радикалните националисти, пренесуваат медиумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин