Европа
Берлускони: Русија е изолирана од Западот, но Западот е изолиран од остатокот од светот
Ситуацијата во Украина ја покажа изолацијата на Западот од остатокот од светот, изјави поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони во напис за Журнал, пренесува РИА Новости.
Политичарот истакна дека, за разлика од САД и нивните сојузници, повеќето земји одбија да ја осудат руската специјална операција во поранешната советска република.
– Кризата во Украина откри една многу горчлива реалност. Одговорот на Западот беше едногласен, но што подразбираме под Запад? Соединетите Американски Држави, Европа и некои земји во регионот на Пацификот кои имаат традиционални врски со Соединетите Држави, вклучително и Австралија и Јапонија. А од другите земји во светот? Речиси ништо, напиша Берлускони.
Тој особено ја посочи Турција, која и покрај важната улога во НАТО, одби да воведе антируски санкции.
– Она што ни го покажа украинската криза е алармантен знак за сегашноста, а особено за иднината. Русија е изолирана од Западот, но Западот е изолиран од остатокот од светот, заклучи поранешниот италијански премиер.
Русија од 24 февруари спроведува специјална воена операција за демилитаризација и денацификација на Украина.
Нејзината цел Владимир Путин ја нарече „заштита на луѓето кои осум години се изложени на малтретирање и геноцид од режимот во Киев“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.
Европа
Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.
Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.
Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.
Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.