Европа
Подољак: Војната може да трае уште половина година
Советникот на претседателот на Украина и главен украински преговарач Михаил Подољак изјави дека војната со Русија може да трае уште шест месеци.
„Ова може да потрае уште два до шест месеци“, изјави Подољак за Медуза.
Тој додаде дека клучен фактор за времетраењето на војната е количината на залихи на оружје, а друг фактор е расположението во Европа, Украина и Русија кое може да се промени со текот на времето.
Мировните преговори би можеле да се одржат само ако ситуацијата на терен се промени и Русија повеќе не верува дека може да диктира услови.
Тој предупреди дека територијалните отстапки за Русија нема да ја завршат војната. Некои градови, како Мариупол и сега Северен Доњецк, каде што се водат најжестоките борби, всушност веќе не постојат, рече тој.
Подољак досега ги процени загубите на Русија на вкупно 80.000 луѓе. Украинскиот претседател Володимир Зеленски неодамна ги наведе украинските загуби од до 100 мртви и 500 ранети дневно, пренесе Аваз.ба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанските студенти планираат протести против Израел
Студенти ширум Шпанија во наредните денови би можеле да започнат протести против „геноцидот што го изврши Израел во Палестина“ по примерот на универзитетите во САД, Холандија и Белгија, изјавија нивните претставници за шпанските медиуми.
На Филозофскиот факултет во Валенсија, приморски град на југозападот на земјата, студентите веќе една недела спијат во шатори и секојдневно протестираат.
„Бараме од нашиот универзитет да ги прекине сите врски со институциите и компаниите кои соработуваат со Израел“, изјави 20-годишната Естер Монге, студентка по политички науки и социологија за весникот „Ел Паис“.
Во моментов бројни универзитети одржуваат состаноци на кои студентите и професорите гласаат за блокадите на факултетите.
„Студентскиот совет ќе одлучи за активностите во наредните денови“, рече Марија Хозе Лера, координаторка на Палестиниум, група за солидарност со палестинските аспирации.
Лера, која има докторат по психологија на Универзитетот во Севиља, вели дека моментално се одржуваат состаноци на универзитетите во Мадрид, Сарагоса, Барселона, Жирона, Гранада и други градови.
Во понеделникот стотици студенти се собраа пред Универзитетот во Барселона каде ги развиорија своите транспаренти.
„Сакаме нашите факултети да ги прекинат сите односи со Израел и компаниите што работат таму“, рече 24-годишниот Пабло Кастиља, дипломиран студент по јавна политика.
Во Мадрид се уште нема протестно кампување, но има демонстрации. На автономниот универзитет во Мадрид, планираното предавање за НАТО беше откажано под притисок на пропалестинските демонстранти.
Друг јавен универзитет, Universidad Complutense de Madrid, објави декларација со наслов „Со Палестина, против геноцидот во Газа“.
„По влошувањето на насилството врз палестинскиот народ, ги повикуваме професорите, истражувачите и вработените во администрацијата да се спротивстават на колективното казнување на Палестинците што го спроведува Израел“, се вели во декларацијата усвоена од администрацијата на Факултетот за политички науки и социологија.
Сведоци сме на геноцидот врз палестинскиот народ, што е продолжение на децениското систематско насилство врз палестинскиот народ и неговата присилна емиграција“, се вели во декларацијата објавена на веб-страницата на факултетот.
Европа
(Видео) Украинците објавија снимка: „Ова се руски агенти, сакаа да го убијат Зеленски“
Украинските разузнавачи соопштија дека спречиле руски заговор за атентат на претседателот Володимир Зеленски. Украинската служба за државна безбедност СБУ објави дека фатила руски агенти, кои биле вработени во украинската државна гарда. Разузнавачките претставници велат дека руски агенти планирале да ги убијат претседателот и други високи владини функционери.
Шефот на СБУ, Васил Маљук, изјави дека неуспешниот атентат требало да биде подарок за Владимир Путин пред неговата денешна инаугурација.
СБУ на својот канал на „Телеграм“ објави тврдење дека руски таен агент ги пренел координатите на безбедната куќа пред планираниот воздушен напад. Претставници на разузнавањето додадоа дека Русија планирала да ги уништи сите траги од дронот што би се користел за гаѓање на претседателот со друг проектил.
„Непријателот активно развиваше планови за да го тргне претседателот Володимир Зеленски. Една од задачите на руската разузнавачка мрежа ФСБ беше да бара џелати меѓу војниците блиски до службата што го штити претседателот, кои би можеле да го убијат шефот на државата“, соопштија од СБУ.
„Покрај Володимир Зеленски, непријателот планира да ги елиминира и шефот на Службата за безбедност на Украина, Васил Маљук, шефот на Воената разузнавачка служба на Украина, Кирил Буданов, и други високи функционери“, се вели во соопштението.
„Ограничен број луѓе знаеја за нашата специјална операција и јас лично го следев нејзиниот напредок. Терористичкиот напад, кој требаше да биде подарок за Путин пред инаугурацијата, всушност беше неуспех на руските специјални служби“, рече Маљук.
„Но, не смееме да заборавиме – непријателот е силен и искусен, не може да се потцени. Ќе продолжиме да планираме однапред и да си ја работиме работата секој предавник да ги добие заслужените судски казни“, заклучи тој.
СБУ наведува дека при претресот на просториите на уапсените руски агенти биле пронајдени „релевантни средства за уништување“ и други докази за криминални активности.
Европа
Босфор затворен, заринка украински брод
Теснината Босфор, која го поврзува Црното со Средоземното Море, е затворена за бродови откога денеска таму заринка товарен брод од Украина, соопштија турските власти за ДПА.
Бродот „Алексис“ превезува прехранбени производи од Украина до Египет. Дефект на моторот се случил во близина на излезот од пловниот пат, изјави портпаролот на Управата за безбедност на крајбрежјето за дпа.
Спасувачките напори се веќе во тек, додаде изворот. Босфорот служи како излез за украинското жито на светските пазари во екот на руската инвазија. Речиси 40.000 брода поминале низ Босфорот во 2023 година, според турското Министерство за транспорт.