Свет
Резников: Војната во Украина најверојатно ќе трае до крајот на годината

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников изјави дека е тешко да се предвиди кога ќе заврши војната во неговата земја.
Сепак, тој рече дека неговата оптимистичка оценка е дека тоа може да се случи до крајот на годината.
Резников рече дека на украинските сили сè уште им е потребно тешко оружје, пред се повеќе ракетни системи, како и друго артилериско оружје, тенкови, проектили и противвоздушна одбрана, пренесува Си-Ен-Ен.
„ Потребни ни се брзо и во количини сразмерни на размерите на заканите. Украина се најде во воена состојба без соодветна поддршка од демократскиот свет“, рече тој.
Исто така, украинскиот министер додаде дека Украина ја сменила својата филозофија во набавката на оружје и дека сега наместо на противтенковски и противвоздушни мобилни системи, се фокусирала на тешкото оружје, бидејќи природата на војната е променета.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
НАСА им забрани на кинеските граѓани да работат на вселенски програми

Американската вселенска агенција НАСА почна да спроведува забрана за кинеските граѓани да работат на нејзините програми, дури и за оние со важечки визи, што дополнително го нагласува интензивирањето на вселенската трка меѓу САД и Кина, пишува Гардијан.
Оваа промена на политиката, која првпат ја објави Блумберг њуз, ја потврди самата НАСА.
„НАСА презеде внатрешни мерки поврзани со кинеските државјани, вклучително и ограничување на физичкиот и сајбер пристапот до нашите објекти, материјали и мрежа, за да се обезбеди безбедноста на нашата работа“, изјави портпаролката на агенцијата Бетани Стивенс.
Според Блумберг, на кинеските државјани претходно им било дозволено да работат како надворешни соработници или студенти кои придонесуваат за истражување, иако не можеле да бидат вработени. Сепак, ситуацијата драстично се промени на 5 септември, кога неколку лица, зборувајќи анонимно, потврдија дека одеднаш им е одбиен пристап до ИТ системи и им е забрането да присуствуваат на состаноци.
Оваа одлука доаѓа во услови на зголемена антикинеска реторика од администрацијата на претседателот Доналд Трамп, во време кога САД и Кина се натпреваруваат кој ќе биде прв што повторно ќе испрати човечки екипаж на Месечината.
Американската програма „Артемис“, наследник на легендарната програма „Аполо“, има за цел слетување во 2027 година, но се соочува со пречекорување на трошоците и значителни одложувања.
Од друга страна, Кина планира да ги спушти своите таиконаути на Месечината до 2030 година.
„Во моментов сме во уште една вселенска трка“, изјави минатата недела вршителот на должноста администратор на НАСА, Шон Дафи.
„Кинезите сакаат да се вратат на Месечината пред нас. Тоа нема да се случи. Америка водела во вселената во минатото и ќе продолжиме да водиме во вселената во иднина.“
Покрај Месечината, Кина има амбиции да стане првата земја што ќе донесе примероци од површината на Марс. Планира таа роботска мисија да се лансира во 2028 година, додека враќањето на Земјата треба да биде веќе во 2031 година.
Во исто време, со својот предлог за буџет, администрацијата на Трамп сигнализираше дека има намера да ја откаже планираната мисија за донесување примероци од Марс (MSR), што е заеднички проект со Европската вселенска агенција. Оваа задача би можела да ја изврши мисија со екипаж, но конкретните детали сè уште не се познати.
Фото: принтскрин
Регион
(Видео) Соња (57) и Марко (69) станаа родители, коментарите за нивната возраст не ги загрижуваат оти го живеат сонот

Екипа на „Проверено“ во Црна Гора ги посети Соња (57) и Марко Миротиќ (69) и нивното 5 и пол месечно девојче со симболично име Богдана.
Родителите достигнаа значителна возраст, што предизвика бројни реакции низ целиот регион, но не се грижат за тоа. Соња и Марко стојат зад осум спонтани абортуси, две процедури за инсеминација, години борба со неплодност, неуспеси, разочарувања.
„Ние сме исполнети како родители, нашите срца се полни. Ова е чудно чувство, задоволство. Сега би плачела, но нема да плачам. Цел живот сонував за ова“, открила гордата мајка за Проверено. Кога влегла во менопауза на 50 години, мислела дека тоа е крајот на нејзините соништа.
Сепак, тие успеале да го остварат својот сон благодарение на 24-годишен донор на јајце клетки, на клиника во Македонија. За донорот, во видеото велат го знаат само основниот податок, дека не е од Црна Гора.
Со оглед на тоа што Соња се опоравува, Марко го презел поголемиот дел од грижата за малото девојче. Често му велат дека „Богдана изгледа исто како неговиот дедо“. „Потоа им велам – јас не сум нејзин дедо, јас сум нејзин татко. Па се засрамуваат“, се шегува Марко.
Тие имаат уште две замрзнати јајце клетки, но не планираат да имаат друго дете, иако би сакале.
„Доволно сме возрасни, би било убаво, но не сум сигурна дека би можела да издржам“, искрено рекла Соња.
Свет
Сефа: Америка е лицемерна во преговорите меѓу Израел и Хамас

Американската политика кон преговорите меѓу Израел и Хамас ги покажува јасните двојни стандарди на Вашингтон, изјави поранешниот турски воен аташе, пензиониран полковник на воздухопловните сили и член на Централниот комитет на турската партија Ватан, Ихсан Сефа, според турските медиуми.
Според него, САД формално дејствуваат како посредник, но во пракса тајно ги поддржуваат воените акции на Израел.
„Под маската на промовирање примирје меѓу Израел и Хамас зад сцената тие даваат зелено светло за нападите на премиерот Бенјамин Нетанјаху врз раководството на Хамас“, нагласи Сефа додавајќи дека „Вашингтон уште еднаш покажа лицемерство“.
Турскиот експерт смета дека САД и Израел имаат поширока стратешка цел – промена на демографската и на политичката карта на Појасот Газа. Како што наведе, нивната намера е да го протераат палестинското население и да го претворат регионот во простор за американски економски проекти вклучувајќи туризам и инвестиции.
Фото: принтскрин