Црна хроника
Трагедија во Буково, сопругот се застрела откако починала сопругата

Утрово околу 9 часот во битолското село Буково со истрел од ловечка пушкка се самоубил 67-годишен битолчанец, а при вршењето на увидот била пронајдена мртва неговата 64-годишна сопруга којашто починале во текот на ноќта.
„Според сознанијата од увидот. Живка М. починала од природна смрт, но откако незјиниот сопруг Јосиф ја констатирал смртта, напишал проштално писмо а потоа се самоубил“, изјави за медиумите Ѓоко Стрезовски, портпарол на битолската полција.
Ловечката пушка со којашто било извршено самоубиството била пронајдена во близина на телото на Јосиф. Според првичниот увид, тој самоубиството го извршил стрелајќи си во градите.
Истражен судија наредил обдукција врз телата на двајцата починати, за да се утврдат причините за трагедијата./крај/твт/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Блокиран пат кај Велес поради сообраќајна несреќа

Од 15.25 часот на регионалниот пат кај мотел Велес до Велес, сообраќајот е во целосен прекин.
Од АМСМ информираа дека прекинот е поради сообраќајна несреќа.
Засега нема информации дали има повредени во несреќата.
Црна хроника
Автомобил удри во жена во Струмица

Вчера на крстосницата од улиците Братство единство и Браќа Миладинови во Струмица, автомобил „пежо 407“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 39-годишната М.С. од селото Радово, струмичко, удрило во пешакот М.Ф.(39) од Струмица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ф., констатирани во болницата во Струмица.
Извршен е увид.
Топ
Деца од Битола принудувале врснички сексуално да ги задоволуваат, имале компромитирачки материјали

Деца од Битола принудувале врснички полово да ги задоволуваат, заканувајќи им се со компромитирачки материјали кои ги поседувале.
Случајот во МВР го пријавила 37-годишна битолчанка, а според информациите, децата, во неколку наврати со закана ги принудувале нејзината ќерка и нејзината другарка на полови дејствија.
Се преземааат мерки за расчистување на случајот.