Спорт
Швјонтек може да ја изненади само Левандовски
Ига Швјонтек очигледно е секогаш подготвена на се што може да ја чека на тенискиот терен. Тоа го покажуваат нејзините игри и импресивните победи. Сепак, по освојувањето на Ролан Гарос, на трибините доживеа големо изненадување.
*gasps in Polish* pic.twitter.com/IHu099AULT
— wta (@WTA) June 4, 2022
Како што вообичаено се прави кога се освојува титулата, Ига се качи на трибините за да прослави со својот тим и семејството, а меѓу нејзините фанови седеше и најдобриот полски фудбалер Роберт Левандовски. Искрената реакција и воодушевувањето на лицето на Швјонтек во моментот кога сфати дека славниот фудбалер е пред неа го привлече вниманието на сите светки медиуми.
Two legends ??@iga_swiatek x @lewy_official#RolandGarros pic.twitter.com/FOKrV5eb3s
— Roland-Garros (@rolandgarros) June 4, 2022
Левандовски беше во Париз да го проследи големиот успех на Ига која стала првата претставничка на Полска со две грен-слем титули. Левандовски по финалето на Ролан Гарос изјави дека Швјонтек е спортска ѕвезда од светски размери на која се гордее целата земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

