Спорт
Кариерата на Лазаров низ бројки
Кирил Лазаров ја заврши својата импресивна ракометна кариера. Влезе во историјата на ракометот, како еден од најдобрите во историјата. Освои 56 трофеи во кариерата, од кои највреден е оној во Лигата на шампионте со Барселона, во сезоната 2014/15.
За македонската репрезентација од 1998 до 2022 година, Кире, одигра 236 натпревар, постигна 1.728 гола. На клупски план постигнал повеќе од 1.400 гола. Кариерата на Лазаров од Борец, преку Пелистер Загреб, Веспрем, Ал Сад, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Барселона и Нант, траеше цели 27 години.
Рекордер е на СП и ЕП според бројот на постигнати голови. На СП во 2009 година постигна 92 гола, на ЕП во 2012 година 61 гол.
Во кариерата 18 пати бил национален шампион во четири држави, Купот на државите во кои настапувал го освоил 19 пати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Баерн против Волфсбург броеше до осум
Како што се очекуваше, фудбалерите на Баерн го победија тимот на Волфсбург во последниот натпревар од 16-то коло на Бундеслигата. Баварците го декласираа ривалот со 8:1.
Баварците воспоставија контрола од првата минута, имаа многу поголем посед на топката, но гостите од Долна Саксонија беа подеднакво опасни во првото полувреме пред голот на Мануел Нојер.
Баерн поведе многу рано со автогол на Килијан Фишер, но Волците брзо возвратија преку Џенан Пејчиновиќ, талентиран 20-годишен германски фудбалер по потекло од Црна Гора.
По половина час игра, Луис Дијаз, на асистенција на Олисе, повторно го доведе домашниот тим во водство, а во второто полувреме, баварската машина едноставно ги здроби гостите, Мајкл Олисе (двапати), уште еден автогол (Мориц Јенц), Рафаел Гереро, Хари Кејн и Леон Горецка донесоа повеќе од убедлив триумф.
Со оваа победа, Баерн ја зголеми својата предност на табелата, откако второпласираната Борусија Дортмунд освои само бод во Франкфурт против Ајнтрахт во петокот (3:3), додека Баер Леверкузен беше неочекувано убедливо поразен пред своите навивачи против Штутгарт (1:4).
Баварците сега имаат 44 бода, 11 повеќе од тимот од Дортмунд на второто место на табелата.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Брајтон го елиминира Манчестер Јунајтед од ФА купот
Манчестер Јунајтед нема победа од натпреварот со Њукасл на крајот од 2025 година. Рубен Аморим беше отпуштен од менаџерската позиција, но тоа не ги смени работите на „Олд Трафпрд“.
Под водство на привремениот менаџер, Дарен Флечер, одиграа нерешено 2:2 во Барнли, кај претпоследниот тим во Премиер лигата, а вечерва „црвените ѓаволи“ беа елиминирани од ФА Купот.
Натпреварот на „Олд Трафорд“ заврши со резултат 1:2 (0:1), што значи дека Брајтон се пласира во четвртото коло од најстарото фудбалско натпреварување во светот.
Несомнено е дека играч на натпреваротбеше Брајан Груда. 21-годишникот му донесе водство на Брајтон во 12-та, а учествуваше и во решавачкиот гол, бидејќи му асистираше на 35-годишниот Дани Велбек, поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед.
Бенјамин Шешко по корнерот што го изведе Португалецот Бруно Фернандеш во 85-тата минута само успеа да го намали резултатот.
Наредната сабота, Јунајтед во дербито ќе го пречека Манчестер Сити.
Спорт
(Видео) Нкунку спречи пораз на Милан во Фиренца
Фиорентина и Милан одиграа нерешено 1:1 во натпреварот од 20-то коло на Серија А.
Милан против „виолетовите“, исто како и против Џенова во претходната рунда, успеа да се спаси од пораз во финишот на мечот. На „Артемио Франки“, екипата од Милано имаше и сојузник во пречата, тука заврши обидот на Брешанини в 94-та минута.
Во првото полувреме, кое заврши без голови, Милан, кој го започна натпреварот без Рабио и Леао, не беше подобар ривал, но имаше три големи шанси за водство. Два пати Пулишиќ беше сам пред Де Хеа, а еднаш се обиде Габија.
Во судиското продолжение, Фиорентина остана без тренер, бидејќи Паоло Ваноли доби директен црвен картон.
Домашниот тим во второто полувреме целосно ги надигра Росонерите. Офанзивата им донесе резултата на „виолетовите“ во 66-тата минута, кога Комуцо погоди за 1:0.
Бод, Милан освои со голот на Нкунку во 90-та минута.
Foto/ EPA

