Спорт
Рекордна продажба – Денвер Бронкорс доби нови газди
НФЛ-франшизата Денвер Бронкос и официјално има нови сопственици. Според американските медиуми, Денвер Бронкос стана тим за чија продажба се издвоени најмногу пари во историјата на спортот. Новите сопственици франшизата ја купија за 4,65 милијарди долари.
Да потсетиме, косопственикот на Лос Анџелес Доџерс неодамна го купи Челси и постави рекорд, а сега е срушен благодарение на првиот човек на Волмарт, Роберт Волтон, и инвестициската група што ја собрана околу него.
Продажбата на Денвер трае од 2019 година кога почина тогашниот сопственик Пет Булен, кој го купи Бронкос во 1984 година за речиси 70 милиони долари.
Најскапата продадена НФЛ-франшиза беше Каролина Пантерс, која доби нови сопственици во 2018 година за 2,28 милијарди долари.
„Среќни сме што ја завршивме работата за Денвер Бронкос. Кери, Грег и јас сме многу инспирирани од оваа можност што ни се појави бидејќи сега сме дел од посветена група луѓе составена од целата заедница. Долго време живеев и работев во Колорадо и секогаш му се восхитував на Бронкос. Ентузијазмот растеше со текот на годините, а јас научив толку многу за сето ова во последните неколку месеци“, изјави Роберт Волтон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Синот на Анчелоти доби отказ
Давиде Анчелоти, син на познатиот италијански тренер Карло Анчелоти, кој моментално е селектор на Бразил, беше отпуштен од Ботафого. Анчелоти јуниор го презеде бразилскиот клуб во јули оваа година и тоа беше негово прво назначување како главен тренер.
Анчелоти го водеше Ботафого во 33 натпревари, забележувајќи 15 победи, 10 нерешени и 8 порази. Во бразилското првенство, Ботафого заврши на шестото место и беше елиминиран во осминафиналето на Купот Либертадорес.
Претходно, Анчелоти му беше асистент на Дон Карло во Реал Мадрид, Евертон и Наполи, а започна како фитнес тренер во ПСЖ.
„Ботафого објавува дека Давиде Анчелоти повеќе не е тренер на првиот тим. Фитнес тренерот Лука Гера и асистентите Луис Тевенет и Ендру Манган си заминуваат со него. Клубот му се заблагодарува на Анчелоти за неговата професионалност и посветеност додека го водеше тимот и му посакува успех во неговите идни предизвици“, објави бразилскиот премиерлигаш, додавајќи дека името на новиот тренер ќе биде објавено наскоро.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Хулигани дивееја во Меделин по завршувањето на Куп-финалето
Фудбалерите на Атлетико Насионал ја потврдија својата доминација во колумбискиот фудбал, го кренаа трофејот од Купот по осми пат.
Тимот од Меделин го победи градскиот ривал Индепендиенте во реваншот од финалето, на гостински терен, со резултат 1:0 благодарение на голот на Андрес Фелипе Роман во првото полувреме.
Тоа беше единствениот гол во двомечот, доволен за 29-та домашна титула на најтрофејниот клуб во Колумбија, кој има 18 титули во лигата и две титули во Копа Либертадорес.
Сепак, на крајот, натпреварот беше целосно засенет од хаосот што го направија хулиганите на двата тима.
Насилството ескалираше брзо по завршувањето на натпреварот, кога толпа навивачи влезе на теренот, барајќи тепачка со соперничката група.
Antioquia, territorio de paz y tolerancia.
Medellín, capital mundial del barrismo social.
Estadio Atanasio Girardot, ejemplo de cultura y convivencia.pic.twitter.com/sjO1E3KZuY
— WillyRodríguez (@WillyRodri13) December 18, 2025
Не е јасно како се случил конфликтот и кој прв започнал, но во само неколку секунди избувна хулиганската војна на местото каде што, не долго пред тоа, фудбалерите се бореа за трофејот.
На видеата што доаѓаат од Меделин, јасно може да се види колку бил жесток конфликтот меѓу двете групи хулигани. Во нападот, тие користеле сè што можеле да најдат, стапови, ремени, столчиња и други тврди предмети, дури и ножеви.
Los hinchas del Medellín se metieron a la cancha tras el título de Atlético Nacional en la Copa Colombia. Muy peligrosa la situación. El fútbol colombiano es inviable.pic.twitter.com/L1oCKf1XAZ
— Alfonso Hernández (@AlfonsoH) December 18, 2025
На едно од бројните видеа од дивеењето на хулиганите, јасно се гледа навивач на Индепендиенте маскиран со очила, дрес преку главата и капа, како се движи кон другата страна со нож во раката.
Todo empezó MUY MAL con la falta de control y la complicidad de meter esa cantidad de pólvora, después no suspender el partido cuando comenzaron a invadir zonas fuera de las tribunas. Y completé con q ambas hinchadas invadieron la cancha.
Poca policía.
Aquí no hay fútbol y en paz pic.twitter.com/iPxLItdLO3— Clara (@claragiraldo) December 18, 2025
Спорт
Обрадовиќ до јуни ќе биде одмор
Жељко Обрадовиќ пред две недели замина од кошаркарскиот клуб Партизан. Девет кратниот европски клупски првак, поднесе оставка на функцијата по серијата лоши резултати.
По заминувањето од Партизан, Обрадовиќ го поврзаа со уште еден „црно-бел“ клуб, ПАОК од Солун. Грчкиот клуб има големи амбиции, а најавени се и сериозни финансиски вложувања.
Обрадовиќ овие шпекулации ги коментираше за грчките медиуми.
„Во моментов немам ништо друго на ум, освен моето семејство.“
До крајот на јуни сигурно нема да работам во ниту еден клуб. Во тој период немам намера да разгледувам никакви понуди за ангажман, без оглед од каде доаѓаат“, рече Обрадовиќ.
Да ве потсетиме дека Обрадовиќ го водеше Партизан четири и пол сезони, а претходно направи едногодишна пауза откако го напушти Фенербахче.
Исто беше и во 2012 година, кога го напушти Панатинаикос, а потоа чекаше една година за да го преземе следниот клуб, што беше токму Фенер.
Foto/ EPA

