Европа
Шефот на украинскиот парламент: Територијалниот интегритет на Украина никогаш нема да биде предмет на преговори со Русија

Територијалниот интегритет на Украина никогаш нема да биде предмет на преговори со Русија, предупреди претседателот на украинскиот парламент на Врховната рада. Тој одржа говор во Европскиот парламент за време на посетата на Стразбур.
– Тема на преговорите никогаш нема да биде прашањето за украинскиот суверенитет, независност и територијален интегритет. Украина е комплетна, суверена земја и ќе остане таква бидејќи е призната како таква од целиот цивилизиран свет, изјави Руслан Стефанчук за „Еуроњуз“.
Шефот на украинскиот парламент Стефанчук изјави дека има простор за преговори и дипломатија, но дека мора да се сфати дека со секој Ирпин, Буча и Мариупол просторот станува сè помал и помал.
Сè погласни се шпекулациите за тоа какви отстапки би можела да бара Русија за да се постигне примирје и да се запре агресијата против Украина. Стефанчук истакна дека војната ќе заврши со победа на Украина и на цела Европа. Рече дека не знае кога ќе биде, но дека е сигурен дека заедничката победа секој ден е сè поблиску.
– Украинците сакаат да бидат обединети и сакаат да бидат во Европа. Тие сакаат да живеат со слободни земји, а не во Советскиот Сојуз 2.0 – рече Стефанчук, кој побара Украина да добие статус на кандидат за членство во ЕУ. Киев смета дека тоа е важно за зајакнување на моралот на луѓето.
Доколку земјите членки едногласно се согласат за статусот, Украина официјално ќе почне долг, сложен и скап процес на пристапување во ЕУ. Неколку членки тврдат дека пристапувањето не е соодветно решение за актуелната криза.
Италијанскиот премиер Марио Драги неодамна изјави дека Италија е единствената голема земја од ЕУ што го поддржува кандидатскиот статус во случајот со Украина, пренесе Аваз.ба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски пристигнува на погребот на папата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе присуствува на погребот на папата Франциско, пренесе АФП повикувајќи се на извор од украинскиот претседателски кабинет.
Според истиот извор, канцеларијата на Зеленски ја подготвува неговата посета на Рим за Зеленски лично да се прости од поглаварот на Католичката црква.
Како што претходно беше најавено, погребот на папата Франциско ќе се изврши в сабота, 26 април, во 10 часот по локално време. Досега Трамп и Макрон потврдија дека ќе бидат на погребот, но се очекува да присуствуваат многубројни светски лидери и стотици илјади верници.
Европа
Украина: Русите го зголемуваат военото присуство во Мариупол

Руските сили продолжуваат да го зголемуваат своето воено присуство во привремено окупираниот град Мариупол. Како што соопшти денеска на „Телеграм“ градскиот совет на Мариупол, во градот веќе се формирани две воени бази.
„Руските окупатори го прошируваат своето воено присуство во Мариупол“, се вели во соопштението.
Според Центарот за проучување на окупацијата, во текот на март и април 2025 година се појавиле две нови воени бази: една во областа Калмиус на северозапад од градот и логистичка база во областа Ливобережњи, во станбената зона Шхидни. Втората база, како што се наведува, главно се користи за сместување персонал и воена опрема.
„На овој начин руските окупатори постепено го зголемуваат своето присуство во Мариупол. Центарот за проучување на окупацијата нагласува дека ова е план за трансформирање на градот во главна и полноправна логистичка и воена база не само за стоки туку и за опрема и персонал, со широка мрежа на паркинзи, бази за поправка и точки на трајно и привремено распоредување персонал. Ова е олеснето и со развојот на железничките и пристанишните врски што ги спроведуваат окупаторските власти“, се вели во соопштението на градскиот совет на Мариупол.
Европа
Знамиња со кукасти крстови се појавија во Стокхолм на роденденот на Хитлер, полицијата почна истрага

Три нацистички знамиња со кукасти крстови беа поставени на влезот на автопат во областа Есингеледен во Стокхолм, главниот град на Шведска, на 20 април, на роденденот на Адолф Хитлер.
Портпаролот на полицијата во Стокхолм, Матс Ериксон, изјави дека започнале истрага за злосторство од омраза.
Ериксон нагласи дека не е соодветно да се случуваат такви работи во Шведска. Тој посочи дека на влезовите на автопатите често се појавуваат транспаренти со политички пораки.
„Конкретно активистите споделуваат политички пораки бидејќи тука има густ сообраќај. Не е убаво да се споделуваат такви пораки“, рече Ериксон.
Тој додаде дека нацистичкото знаме најверојатно било поставено за да го одбележи роденденот на нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, кој е роден на 20 април.