Економија
Ангеловска-Бежоска: Со подигнување на капацитетот на институциите во регионот, до раст на продуктивноста

Емпириските истражувања покажале дека кај земјите со помал доход, јакнењето на институциите има значаен позитивен придонес за поефикасно спроведување на структурните реформи, раст на продуктивноста и за повисок економски раст. Со оглед на тоа што во последната декада во регионот на ЦЈЕ структурните реформи се одвиваат забавено и доходот и натаму значително заостанува зад доходот во ЕУ, потребно е јакнење на институциите. Оттаму, инвестирањето во вработените и постојаното учење и надградување во рамките на институциите е од особено значење за зголемување на економскиот потенцијал. Ова беше од излагањето на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на панел-дискусијата на Годишната конференција организирана од Центарот за извонредност во финансиите, Љубљана, на тема „Силните институции ги остваруваат своите мандати“.
Според Извештајот на ЕБРД, во изминатиов период во земјите на ЦЈЕ, вклучително и во регионот на Западен Балкан, има напредок речиси во сите структурни сегменти како што се конкуретноста, интегрираноста, отпорноста, и тоа пред сè отпорноста на финансиските системи и зелената транзиција, но тој напредок е релативно бавен.
Ова е карактеристично особено за периодот на здравствената криза, поради насоченоста на носителите на политиките кон решавањето на итните предизвици за ублажување на ефектите од кризата. Оттаму и нивото на доходот во ЦЈЕ е само 68% од доходот на ЕУ-27, а во регионот на Западен Балкан е само 38%. Во однос на квалитетот на институциите, гувернерката рече дека согласно со индексот за квалитетот на институциите на Светскиот економски форум, нашата земја е над просекот од регионот на Западен Балкан. Сепак, доколку се спореди целиот регион на Западен Балкан со развиените земји се забележува јаз. Во вакви околности, гувернерката ја нагласи потребата за повторно враќање на вниманието кон структурните реформи насочени кон трите долгорочни фактори на економскиот раст – труд, капитал и продуктивност.
На Конференција на ЦЕФ присуствуваа гувернери и министри од регионот на ЦЈЕ, како и претставници на ЕК и други меѓународни институции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,35 п.п., при што во мај таа изнесува 2,21%, извести Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,43 п.п. и изнесува 5,06%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.