Македонија
Регистрирани се 55 новозаразени со коронавирус, нема починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 1.002 тестови, а регистрирани се 55 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 39, Битола – 4, Гостивар–3, Куманово и Штип – по 2, Прилеп, Велес, Струмица, Струга и Гевгелија – по 1
Од вкупниот број на позитивни (55), регистрирани се 8 реинфекции.
Регистрирано e 61 оздравен пациент од: Скопје – 45, Битола – 6, Охрид – 3, Берово – 2, Куманово, Тетово, Кавадарци, Гевгелија, и Неготино – по 1
Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин не се регистрирани починати лица.
Направени се 1.002 тестови преку: ИЈЗ-102, ЦЈЗ Скопје-29, ЦЈЗ Битола-15, ЦЈЗ Прилеп-7, ЦЈЗ Тетово-3, ЦЈЗ Куманово-20, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–37, Жан Митрев (Филип Втори)-12, Авицена-27, Биотек-41, Систина-18, лабораторија Лаор-16, Синлаб-6, Ремедика-11, Плодност-18, Генеа-9, Никоб лаб-71, ВФВ Медикал-5, Ели Медика плус-7, Ројал медика–4, Спектра-ММ-5, Рапид лаб–7, Жан Митрев Струмица–3, Нова лаб дијагностика–0, Рамус-6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 523.
Досега во земјата се направени вкупно 2.063.935 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.473, бројот на оздравени пациенти е 302.729, на починати е 9.313, а бројот на активни случаи изнесува 431.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 147279, Активни 275
Куманово 16683, Активни 8
Битола 15708, Активни 41
Прилеп 14220, Активни 7
Тетово 13484, Активни 6
Кавадарци 10697, Активни 11
Велес 9801, Активни 6
Гостивар 9614, Активни 9
Охрид 8938, Активни 20
Штип 8080, Активни 15
Струмица 8078, Активни 5
Кичево 5653, Активни 3
Кочани 5100, Активни 6
Струга 4729, Активни 1
Гевгелија 4424, Активни 1
Неготино 3698, Активни 5
Ресен 2751, Активни 1
Свети Николе 2636, Активни 2
Радовиш 2531, Активни 0
Крива Паланка 2419, Активни 1
Делчево 1986, Активни 1
Берово 1692, Активни 1
Дебар 1679, Активни 2
Валандово 1488, Активни 0
Виница 1395, Активни 2
Пробиштип 1267, Активни 0
Богданци 1021, Активни 0
Кратово 966, Активни 0
Крушево 930, Активни 1
Демир Хисар 836, Активни 0
Македонски Брод 739, Активни 1
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 525, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).