Црна хроника
Притвор за возач од Желино кој прегазил пешак и побегнал

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против Д.Ф. (42) од тетовското село Желино, поради сомнение за сторено кривично дело загрозување на безбедноста на сообраќајот, а во врска со кривичните дела тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот и неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода.
Како што информираат од МВР, на 2. јуни годинава околу 19.20 часот на локалниот пат во село Желино, пријавениот со автомобил „бмв 320“ удрил во пешак од Желино, кој починал на местото на несреќата.
Од страна на Судија на претходна постапка при Основен суд Тетово на пријавениот му одреден притвор и бил спроведен во заворот во скопско Шуто Оризари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Центарот за социјални работи пријави обљуба врз малолетник на Бит Пазар

На 14 октомври, околу 00:30 часот, во Полициската станица Бит Пазар од Центарот за социјални работи било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар едно лице извршило обљуба врз малолетен штитеник на центарот, информира МВР.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Тинејџер ја нападнал 18-годишната девојка во Скопје

Oсумнаесетгодишна девојка пријави во МВР дека на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот 19-годишен партнер од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
83-годишник паднал од мотор во Струмичко, тешко е повреден

Вчера во селото Зубово, струмичко, се случила сообраќајна несреќа. Како што информира МВР, 83-годишниот К.С. од Зубово, управувајќи мотоцикл „хонда“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и паднал на коловозот.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.
На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Струмица.