Спорт
Драган Бајиќ објави „подмладен“ список за мечевите со Шпанија и со Украина
Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Драган Бајиќ, објави поширок список од 24 играчи за последните квалификациски мечеви од првата фаза за СП 2023 година. Тој нема да смета на Дамјан Стојановски и на Андреј Магдевски, а повикан е големиот талент Рубин Стефанов, 17-годишниот син на поранешниот македонски ас Врбица Стефанов. Тој игра за Канту во Италија.
Првиот собир на репрезентацијата е закажан на 25. јуни, во СЦ „Борис Трајковски“, со почеток во 10 часот.
Македонските репрезентативци на 1 јули ќе играат против актуелниот светски шампион Шпанија, а три дена подоцна во Скопје ќе ја пречекаат селекцијата на Украина.
ПОШИРОК СПИСОК НА КОШАРКАРИ ЗА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
Кристијан Николов – МЗТ Скопје Аеродром
Бобан Стајиќ – Пелистер
Ненад Димитријевиќ – Валенсија, Шпанија
Лука Савиќевиќ – МЗТ Скопје Уни Банка
Рубин Стефанов – Канту, Италија
Дамјан Робев – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Митревски – Феникс 2010
Виктор Ефремовски – Гостивар
Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Максим Митевски – МЗТ Скопје Уни Банка
Адем Мекиќ – МЗТ Скопје Аеродром
Димитар Иванов – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Јакимовски – Вашингтон Кугарс, САД
Лука Стојановски – Еуро Никел 2005
Марко Миловановиќ – Ју Ви Кремона, Италија
Андреј Маслинко – ТФТ Скопје
Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
Стојан Ѓуроски – Пелистер
Андреј Андоноски – МЗТ Скопје Уни Банка
Ваљмир Какруки – Работнички
Амар Хот – Феникс 2010
Теодор Симиќ – Барселона, Шпанија
Џејкоб Вајли – Шига Лејкстарс, Јапонија
Љубомир Младеновски – Пелистер
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Атлетико против Еспањол ја прекина лошата низа во првенството
Фудбалерите на Атлетико Мадрид го победија Еспањол со 4:2 во натпреварот од 25-то коло на Ла Лига. „Јорганџиите“, вечерва ја прекинаа лошата низа од три натпревари без триумф и без постигнат гол во Примера. Исто така, Атлетико прв пат по 2022 година успеа да го победи Еспањол.
Гостите од Каталонија поведоа во пестата минута преку Жофре, но беа надиграни и поразени од фаворизираниот тим на Диего Симеоне. Атлетико по голот на Еспањол ја презеде иницијативата, силно притисна и изедначи преку Серлот во 21-та минута.
Пресвртот, Атлетико го комплетираше во 49-та минута со голот на Џулијано Симеоне. Девет минути подцна, Адемола Лукман, на асистенција на поранешниот соиграч од Аталанта, Руџери го постигна третиот гол.
Александар Серлот, им ја одзеде надежта на гостите дека можат да избегнат пораз со втроиот гол во 72-рата минута.
Норвежанецот можеше да постигне хет-трик, но во акција која „мирисаше“ на уште еден негов гол, ја погоди стативата.
До крајот на мечот, Еспањол, преку Еду Еспозито постигна уште еден гол.
Атлетико се трети на табелата, заедно со Виљареал има 48 поени, Еспањол остана на шестото место со 35 поени, но екипата од Барселона на последните пет натпрвари освои само еден бод.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) О’Рајли го врати Манчестер Сити во шампионската трка
Манчестер Сити го искористи киксот на Арсенал против Вулверхемптон и со победата над Њукасл (2:1) се доближи на два бода од лидерот.
Нико О’Рајли беше херој на победата за тимот на Пеп Гвардиола. Тој постигна два гола, во 16-та у 27-та минута и беше блиску до хет-трик во првото полувреме. Луис Хол во 22-та минута беше стрелец за Њукасл.
Сити освои три бода иако најдобриот стрелец Ерлинг Холанд не успеа да постигне гол.
По канонадата во Баку, Њукасл покажа заби на „Етихад“, но тоа не беше доволно ниту за бод. Во последните моменти од првото полувреме, голот на Брн беше поништен за 2:2 поради офсајд.
Foto/ EPA
Спорт
ПАО во „вечното дерби“ го освои Купот на Грција
Кошаркарите на Панатинаикос се освојувачи на Купот на Грција втора година по ред, откако го победија Олимпијакос со 79:68 во финалето на турнирот што се одржа во Хераклион.
Панатинаикос имаше двоцифрена предност во раната фаза од натпреварот поради проблемите што Олимпијакос ги имаше во нападот. Не можеа црвено-белите никако да најдат решение за подвижната одбрана на ПАО.
Единствениот расположен кошаркар на тимот од Пиреја беше крилниот центар Саша Везенков. Најкорисниот играч на Евролигата за сезоната 2022-23 постигна 12 од 17-те поени на својот тим во првата четвртина.
Во вториот дел ПАО одигра неверојатна одбрана, му дозволија на противникот само 12 поени, а постигнаа 28.
Олимпијакос се обиде во вториот дел но не успеа да се доближи. Дополнителен проблем за Олимпијакос е повредата на Везенков, во третиот период.
Тој го заврши натпреварот со 16 поени, а причина за повредата на грбот беше офанзивен фаул направен врз него од страна на бекот на ПАО, Кендрик Нан, во борба под кошот.
Новото засилување на ПАО, актуелниот МВП Најџел Хејс-Дејвис даде клучен придонес во победата на „Зелените“.
Најновото засилување на Панатинаикос го заврши натпреварот со 15 поени и 6 скока.

