Спорт
Американски гимнастичарки бараат отштета од милијарда долари од ФБИ поради сексуална злоупотреба

Повеќе од 90 американски спортистки, предводени од повеќекратната олимписка победничка Симон Бајлс, кои биле жртви на сексуална злоупотреба од докторите на американската репрезентација во гимнастика, бараат отштета од милијарда долари од ФБИ. Агентите на ФБИ во 2015 година биле запознаени со обвинувањата за сексуална злоупотреба на гимнастичарките, но не преземале ништо за овој случај.
Докторот на репрезентацијата, Лари Насар, уште една година продолжил со злоупотребата на спортистките, а беше уапсен во 2016 година по пријава за злоупотреба на Универзитетот Мичиген.
Според законите во САД, ФБИ мора да ја исплати отштетата во рок од шест месеци, а ако не се случи тоа, случајот ќе биде предаден на суд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јунајтед не го дава Магваер

Иако Хари Магваер има уште една година од договорот, Манчестер јунајтед не размислува да го прдаде искусниот дефанзивец.
Според „Мејл Спорт“, клубови од Премиер лигата и Серија А изразиле интерес за него, но „Црвените ѓаволи“ без размислување ги одбиле понудите.
Договорот на искусниот стопер истекува следното лето, а двете страни сè уште не седнале да преговараат за продолжување на соработката, но Магваер изразил желба да остане.
Неговиот статус се подобри со доаѓањето на Рубен Аморим, бидејќи беше на излезна врата до неговото доаѓање и речиси се пресели во Вест Хем.
Турските гиганти, како и Марсеј и Монако, исто така се заинтересирани за Магваер.
Фото/ Принскрин
Спорт
Челзи донесе уште еден Бразилец

Бразилскиот фудбалер Естевао Вилијан официјално стана нов член на Челзи, објави англискиот клуб.
Во јуни 2024 година, Челзи постигна договор со Палмеирас за Естевао да се пресели на „Стенфорд Бриџ“ откако ќе наполни 18 години.
„Многу сум среќен и задоволен што го претставувам Челзи, еден од најголемите клубови во светот. Се надевам дека ќе му помогнам на тимот на најдобар можен начин. Чекав речиси година и пол за да дојдам тука, работев напорно и се трудев најдобро што можам да бидам во најдобра можна форма“, рече Естевао.
Последниот натпревар на Естевао за Палмеирас беше против Челзи во четвртфиналето на Светското клупско првенство, кога постигна гол во поразот од 2:1.
Бразилскиот фудбалер дебитираше за сениорската репрезентација во септември минатата година, за која одигра пет натпревари.
На 17 август, Челзи ќе игра против Кристал Палас во првото коло од Премиер лигата.
Спорт
Астон Вила се засили со напаѓач на Ница

Астон Вила одлучи да доведе нов напаѓач, изборот на клубот е Еван Гесан.
Напаѓачот на Ница, кој има 24 години, е роден во Франција, по потекло од Брегот на Слоновата Коска.
Одиграл 109 натпревари за Ница, постигнал 21 гол и забележал 15 асистенции, но тоа не ги покажува сите негови вредности, бидејќи може да игра на сите позиции во нападот.
Вакво засилување му беше многу потребно на Унаи Емери, бидејќи Астон Вила не ги откупи договорите на Маркус Рашфорд и Марко Асенсио.
На Астон Вила очајно ѝ е потребна силна напаѓачка ротација, под услов Оли Воткинс даостане. Воткинс, според англиските медиуми е цел на Манчестер јунајтед и Њукасл. Неговата иднина зависи од одлуката на Бенјамин Шешко, за чии услуги исто така интерес покажуваат споменатите клубови.
Фото/ Принскрин