Регион
Вучиќ: Шолц беше многу дециден за санкциите кон Русија

Со германскиот канцелар, Олаф Шолц, разменив мислења за сите важни и не така лесни теми. Германија е голем трговски партнер на Србија, годинава има пораст во трговската размена, изјави денеска српскиот претседател, Александар Вучиќ, по разговорот со Шолц кој е во посета на Белград.
Вучиќ нагласи дека Шолц на дециден и остар начин побарал Србија да се приклучи кон санкциите за Русија.
„Разговаравме за политичката ситуација во светот, а Шолц на многу решителен, јасен и остар начин побара од Србија да се приклучи кон санкциите против Русија, односно да ги поддржи рестриктивните мерки што ЕУ веќе ги усвои“, изјави српскиот претседател, додавајќи дека тој ја објаснил државната позиција и спецификите на ситуацијата околу Косово и Метохија, како и енергиката и традиционалните односи со Русија.
„Важно е што повеќе земји да се приклучат во санкциите против Русија, очекуваме сите земји кандидати за ЕУ да се приклучат кон санкциите“, посочи претходно Шолц.
Вучиќ исто така посочи дека српските власти ќе дадат сè од себе за да постигнат напредок во рамките на дијалогот со Приштина под покровителство на Брисел.
Германскиот канцелар денеска е во прва официјална посета на Србија, која е дел од неговата дводневна турнеја на Западен Балкан, во рамките на која утре ќе ја посети и Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Рама: На автопатот кој ги поврзува Дебар и Тирана нема да се наплаќа патарина

На автопатот „Патот на Арбр” (Руга е Арбрит) кој се протега од граничниот премин „Блато” кај Дебар до Тирана нема да се наплаќа патарина, објави албанскиот премиер Еди Рама, во директна комуникација со граѓаните на неговиот поткаст, „Очи во очи” на Фејсбук.
– Иако е дел од јавно-приватно партнерство (ЈПП), патарина нема да ја плаќаат ниту албанските граѓани, ниту странците, во време на мојот мандат. Овој пат е финансиран со албански средства. Како што се случува во многу земји во светот, на сите патишта може да се наплаќа патарина, но не и Патот на Арбр, додека сум јас на чело на владата – рече Рама.
Автопатот за сообраќај беше пуштен на крајот од ноември 2021 година, но поради изградбата на тунелот Муриз, сообраќајот на тој дел се пренасочуваше и патувањето траеше подолго.
Регион
Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Крит

Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во областа на грчкиот остров Крит, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 18 часот и 51 минути, се наоѓа на 53 километри североисточно од Ираклион на длабочина од приближно 10 километри, се вели во соопштението.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени.
Регион
Силен земјотрес во Хрватска, дел од Сисак без струја

Денеска во Хрватска забележан е прилично силен земјотрес со епицентар кај Табориште, на 3 километри југоисточно од Петриње. Земјотресот бил со јачина од 4,0 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот V – VI по ЕМС скалата“, соопшти Сеизмолошката служба.
Земјотресот бил почувствуван во 12:52 часот. Епицентарот на земјотресот бил на 9 километри североисточно од Сисак.
Покрај струјата, во Сисак и околината може да има потешкотии и со телекомуникацискиот сообраќај.
„Во моментов има можни потешкотии при користење на фиксните услуги во вашата област. Нашите тимови веќе работат на нивно решавање“, се вели во пораката од А1.
#Earthquake (#potres) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M4.5 || 9 km NW of #Sisak (#Croatia) || 4 min ago (local time 12:52:51). Follow the thread for the updates👇 pic.twitter.com/YFhu4RIFB2
— EMSC (@LastQuake) February 25, 2025
„Во окружниот центар 112 Сисак досега се примениле околу 10 повици од граѓани за земјотресот, од кои две се за помали оштетувања (пукнатини).