Спорт
ФИФА нема да го исфрли Еквадор од мундијалот во Катар
Еквадор ќе игра на Светското првенство во Катар, откако ФИФА ги отфрли тврдењата на Чиле, дека еден репрезентативец на Еквадор играл со фалсификувани документи, објави Светската фудбалска федерација.
Чилеанската фудбалска федерација минатиот месец соопшти дека има докази дека Еквадорецот Бајрон Кастиљо е роден во Тумако, Колумбија во 1995 година, а не во еквадорскиот град Генерал Виљамил Плајас во 1998 година, како што стои во неговите официјални документи.
Кастиљо играше во осум од 18-те натпревари во јужноамериканските квалификации за Еквадор. Чилеанците бараа на Еквадор да му бидат одземени бодовите од натпреварите на кои играше Кастиљо.
„По анализирањето на поднесоците на сите засегнати страни и земајќи ги предвид сите презентирани елементи, Дисциплинската комисија на ФИФА одлучи да ја затвори постапката против Фудбалската федерација на Еквадор“, се вели во соопштението.
Еквадор квалификациите во Јужна Америка ги заврши на четвртото место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Ѓоковиќ со неверојатен гест ги воодушеви најмладите во Црна Гора
Најдобриот светски тенисер, во регионот се подговтува за претстојните предизвици: Мастерсот во Рим, втроиот грен слем во сезоната Ролан Гарос, Вимблдон и Олимписките игри во Париз.
Ѓоковиќ од Дубровник се пресели во Тиват, каде со еден потег ги воодушеви најмладите.
Црногорските медиуми објавија дека тој се шетал во Тиват маскиран во рибар и играл тенис со најмладите низ градските улици.
По десетина минути Србинот ја тргнал маската (капата и брадата), настанала ерупција од воодушевување кога луѓето забележаа дека тоа е Новак Ѓоковиќ.
👋 @DjokerNole in Tivat,Montenegro today 🇲🇪#Djokovic @NDjokofan #Montenegro #NoleFam
📸:https://t.co/ffzvnRfzFq pic.twitter.com/lubTMT2DJK
— Milica Milutinovic (@MilicaM84932667) May 1, 2024
Спорт
Борусија Дортмунд си обезбеди место во ЛШ во наредната сезона
Foto/ EPA
Фудбалерите на Борусија Дортмунд со победата во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите и обезбедија пет екипи на Бундеслигата во Лигата на шампионите наредната сезона.
„Милионери“ одигра за себе, бидејќи тие се петти на табелата, без шанси да го стигнат четвртопласираниот Лајпциг.
Германците освоиле 18.357 бодови и се втори на листата на УЕФА. Првото место и припаѓа на Италија чии тимови собрале 19.428 поени. Овие две земји ќе имаат по пет претставници во новата сезона од Лигата на шампионите.
Во финишот на сезоната во европските купови, Англичаните ја имаат само Астон Вила во Конференциската лига, додека Французите имаат два претставника (ПСЖ во Лигата на шампионите и Марсеј во Лига Европа).
Следната сезона во Лигата на шампионите Германија ќе ја преставуваат Баер Леверкузен, Баерн Минхен, Штутгарт, Лајпциг и Борусија Дортмунд.
Спорт
(Видео) Контроверзната судиска одлука во очај го фрли Талант Душебаев – Магдебург на пенали го победи Кјелце
Магдебург ќе ја брани титулата во Лигата на шампионите, откако на пенали го елиминира Кјелце. Дуелот на минатогодишните финалисти, ја одбележа контроверзната судиска одлука на крајот од натпреварот.
Кјелце имаше напад за полуфинале, а топката заврши во рацете на Даниел Душебаев, кој при прекршок ја фрли на линијата од шест метри. Таа не успеа да стигне до Лукас Турна, но ја фати Арцем Караљок, кој имаше чиста ситуација пред себе, но шведските судии во тој момент досудија прекршок врз Душебаев.
Ракометарите на Кјелце не можеа да се помират со таа одлука, а еден од најгласните на протестите беше поранешниот вардарец, Игор Карачиќ, кој клекна пред судиите. Во неверување беше и тренерот на Кјелце, Талант Душебаев, кој влезе на теренот и се држеше за глава.
Ale drukarnia w wykonaniu szwedzkich sędziów… To jest niepojęte!!! Mamy rzuty karne. pic.twitter.com/nLkZnEoFPt
— Paweł Nowakowski (@Paw_Nowakowski) May 1, 2024
Натпреварот заврши со победа на Магдебург 23:22, бидејќи Кјелце со еден гол славеше на домашен терен во првиот натпревар, пеналите го решија патникот на завршниот турнир.
Во пенал драмата пет серии немаше победник бидејќи ракометарите на двата клуба беа прецизни по три пати. Сергеј Ернандез Ферер за Магдебург и Андреас Волф за Кјелце одбранија по два удари. Еден од трагичарите на полскиот клуб беше Игор Карачиќ, кој промаши седмерец во првата серија. Уште поголем трагичар испадна Алекс Душебајев, кој во последната серија не реализираше седмерец за победа.
Ферер го казни тоа така што го одбрани ударот на Дилан Нахи во шестата серија, а Омар Инги Магнусон потоа погоди за победа на Магдебург.
Магнусон беше и најдобар поединец на германскиот тим во 60 минута со шест гола, додека гостите ги предводеше Алекс Дујшебајев со четири гола. Карачиќ имаше три гола и три асистенции.