Регион
Милановиќ: Ова што го прави Зеленски води кон пораз, Русија е неуништлива

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, изјави дека Русија е неуништлива, а дека тоа што го говори претседателот на Украина, Володимир Зеленски, води кон пораз.
Милановиќ рече и дека не му е јасна изјавата на францускиот претседател, Емануел Макрон, дека Путин не смее да се понижува и додаде дека не знае како тоа може да се случи, пренесе „Срна“.
„Не знам кој ќе го постигне тој пораз. Украинската младина додека сите не изгинат? Тоа е една компликувана ситуација, за жал еднонасочна. Она што го говори Зеленски води кон пораз, руската чизма таму каде што ќе дојде, не заминува. Тоа е моќна воена сила. Можеме да се насладуваме поради нивната бавност, но за жал така е, како е“, изјави Милановиќ.
Според хрватскиот претседател, Русите како непријатели се неуништливи.
„Ништо добро не се случува таму. Русија не е како нас, тие не се демократија, тие се неуништливи. Како непријател се неуништливи. Така мора да зборуваме. Пленковиќ научи три реченици и ги повторува, а потоа го гледа неговиот Макрон како зборува поинаку. Нека го критикува сега“, рече тој.
„Украина ми е трипати подрага, но таму умираат луѓе. И ќе продолжат да умираат ако Украина се наговара да се бори вака, до последниот Украинец“, рече Милановиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Рама: На автопатот кој ги поврзува Дебар и Тирана нема да се наплаќа патарина

На автопатот „Патот на Арбр” (Руга е Арбрит) кој се протега од граничниот премин „Блато” кај Дебар до Тирана нема да се наплаќа патарина, објави албанскиот премиер Еди Рама, во директна комуникација со граѓаните на неговиот поткаст, „Очи во очи” на Фејсбук.
– Иако е дел од јавно-приватно партнерство (ЈПП), патарина нема да ја плаќаат ниту албанските граѓани, ниту странците, во време на мојот мандат. Овој пат е финансиран со албански средства. Како што се случува во многу земји во светот, на сите патишта може да се наплаќа патарина, но не и Патот на Арбр, додека сум јас на чело на владата – рече Рама.
Автопатот за сообраќај беше пуштен на крајот од ноември 2021 година, но поради изградбата на тунелот Муриз, сообраќајот на тој дел се пренасочуваше и патувањето траеше подолго.
Регион
Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Крит

Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во областа на грчкиот остров Крит, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 18 часот и 51 минути, се наоѓа на 53 километри североисточно од Ираклион на длабочина од приближно 10 километри, се вели во соопштението.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени.
Регион
Силен земјотрес во Хрватска, дел од Сисак без струја

Денеска во Хрватска забележан е прилично силен земјотрес со епицентар кај Табориште, на 3 километри југоисточно од Петриње. Земјотресот бил со јачина од 4,0 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот V – VI по ЕМС скалата“, соопшти Сеизмолошката служба.
Земјотресот бил почувствуван во 12:52 часот. Епицентарот на земјотресот бил на 9 километри североисточно од Сисак.
Покрај струјата, во Сисак и околината може да има потешкотии и со телекомуникацискиот сообраќај.
„Во моментов има можни потешкотии при користење на фиксните услуги во вашата област. Нашите тимови веќе работат на нивно решавање“, се вели во пораката од А1.
#Earthquake (#potres) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M4.5 || 9 km NW of #Sisak (#Croatia) || 4 min ago (local time 12:52:51). Follow the thread for the updates👇 pic.twitter.com/YFhu4RIFB2
— EMSC (@LastQuake) February 25, 2025
„Во окружниот центар 112 Сисак досега се примениле околу 10 повици од граѓани за земјотресот, од кои две се за помали оштетувања (пукнатини).