Спорт
Бугарски репрезентативец итно опериран во Тбилиси, од черепот му извадиле парче стакло

Фудбалската репрезентација на Бугарија најверојатно нема да го одигра натпреварот во Лигата на нации против Грузија. Автобусот со репрезентативците доживеал сообраќајна несреќа во главниот град на Грузија, Тбилиси. Во несреќата тешко бил повреден Тодор Неделев.
На пат кон хотелот во Тбилиси, автобусот во кој биле репрезентативците, поради преголема брзина и лизгавиот коловоз, удрил со предниот дел во друг автобус.
Неделев со тешки повреди на главата веднаш бил префрлен во болницата во Тбилиси. Фудбалерот бил итно опериран. Процедурата траела повеќе од два часа, а според првите информации од черепот морало да му се извади парче стакло. Играчот за врска на Ботев од Пловдив ќе остане под лекарски надзор во болница една недела.
Бугарија во првите три кола, во Групата 4, во Ц-дивизијата, освои два бода. Одигра 1:1 со Македонија и Грибралтар и загуби дома од Грузија со 5:2.
#BREAKING The buses of the ?? Bulgarian national football team crashed into each other after leaving the airport in Tbilisi.
A Bulgarian player Todor Nedelev was reportedly hospitalized. pic.twitter.com/wSWyCYrFiC
— Visioner (@visionergeo) June 10, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ѓоковиќ избори пласман во финалето на Мастерсот во Мајами

Новак Ѓоковиќ избори пласман во 142.финале во кариерата. Ѓоковиќ во полуфиналето на Мастерсот во Мајами го победи Григор Димитров со 6:2, 6:3 за 69 минути игра.
Шесткратниот шампион во Мајами го прегази Бугаринот, кој лани во овој период стигна до финалето.
Го загуби Ѓоковиќ првиот гем на свој серис и од тој момент започна неговата доминација на теренот. Веднаш го врати брејкот, а до крајот на првиот сет освои пет, а Димитров само еден гем.
Мечот српскиот тенисер практично го реши во втриот гем од вторито сет кога му го одзеде сервизот на Димитров, а потоа поведе со 3:0. До крајот двајцата лесно ги освојуваа своите сервиси.
Во финалето, во недела, противник на Ѓоковиќ ќе му биде Меншик или Фриц.
Спорт
Лазаров: Со голема желба за победа ќе влеземе во дуелот со Баја Маре

Извор/ rkalkaloid.mk
Алкалоид в недела против Баја Маре ќе го одигра четвртфиналниот рњванш во Европската лига. Првиот меч, одигран во Романија заврши без победник 31:31.
„Овој меч е од големо значење како за клубот, така и за македонскиот ракомет и спорт и внимателно ќе влеземе во реваншот со Баја Маре. Сакам да ја искористам можноста, затоа што немаше во опција во живо да се следи натпреварот, да им честитам на моите играчи за се што доживеаја и поминаа пред, за време и по мечот, против незгодна романска екипа и начинот на кој се функционира кога се игра на гостински терен.
Горд сум што одигравме квалитетно и дојдовме до позитивен резултат. Можеби за време на натпреварите не изгледа така, но треба да се има разбирање, затоа што знаејќи од моето искуство, знам што може да се случи на такви гостувања и затоа сакам да ја држам екипата свесна и мотивирана затоа што се работи за екипа 99% македонски играчи, од нив 90% млади и перспективни играчи“, рече тренерот на Алкалоид и селектор на Македонија, Кирил Лазаров и дополни.
„Многу сум внимателен за тоа што ни следи во недела. Снимката од мечот што ја добивме како клуб е половична, второто полувреме не е снимано и немаме снимка. Ќе се обидеме да се соземеме, да одиграме еден квалитетен натпревар. Секој нивни старт беше на раб на исклучување, а само двапати добија исклучување. Се работи за екипа од репрезентативци, десетина странци.
Мора да вложиме додатен напор за да се пласираме во полуфинале. Очекувам поддршка од симпатизерите. Баја Маре доаѓа два дена порано, им одложија меч во првенството, за да може да се консолидираат“.
Спорт
Дино Бегановиќ ќе вози за Ферари во Бахреин

Шведскиот возач со потекло од Босна и Херцеговина, Дино Бегановиќ ќе го вози првиот слободен тренинг за Ферари во Бахреин, соопштија од италијанскиот тиm. Викеондот во Бахреин започнува на 11. април, главната трка на програмата е на 13.април.
Талентираното момче родено 2004 година во Линкопинг, Шведска, ќе добие одлична можност да се докаже на тимот. Дипломецот од академијата на Ферари, кој се натпреварува во шампионатот во Формула 2, ќе го има своето деби во Формула 1 бидејќи ќе го вози првиот слободен тренинг заедно со Шарл Леклер.
Ова е во согласност со правилата на Светската автомобилска федерација (ФИА), кои велат дека секој возач мора да го отстапи своето место на млад возач најмалку два тркачки викенди.
Дино е во академијата на Ферари од 2020 година и ова е прилично голема вест за регионалниот мотоспорт, иако тој е официјално регистриран како шведски возач.
Сезоната во Формула 1, продолжува на 6.април со трката за големата награда на Јапонија.