Економија
Рускиот „Мекдоналдс“започнува со работа и се вика „Вкусно и точка“
Првите 15 ресторани на поранешниот синџир „Мекдоналдс“ повторно се отворени во Москва и московската област под новото име „Вкусно и точка“, јавува РИА Новости.
„Задоволен сум што можам да го претставам нашето ново име „Вкусно и точка““, изјави Олег Пароев, извршен директор на оваа компанија во Русија.
Според него, утре во Русија ќе бидат отворени уште 50 ресторани, а до крајот на јуни околу 200.
Засега целото мени нема да биде достапно за посетителите на „Вкусно и точка“.
Паројев го објасни тоа со логистички тешкотии, како и со фактот дека рестораните се отвораат во рекордно време.
Некои познати ставки нема да бидат во новото мени – „Big Mac“ и „McFlour“.
Тоа е затоа што овие имиња, овие брендови, нивниот изглед и технологијата на производство имаат многу директна врска со брендот „Мекдоналдс“, но сакам да ветам дека во многу блиска иднина ќе имаме достојни замени за овие производи, за што сум сигурен дека нашите потрошувачи ќе го ценат и сакаат тоа“, рече извршниот директор.
Дополнително, додаде тој, треба да се промени и амбалажата на некои производи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска – Филипиду: во фокусот гасниот интерконектор и енергетскиот пазар
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду. На средбата се разговараше за продлабочување на билатералната соработка во енергетскиот сектор, со посебен акцент на проектите од регионално значење.
Двете соговорнички ја истакнаа важноста на изградбата на гасниот интерконектор со Грција, кој ќе придонесе за енергетска стабилност и диверзификација на изворите на енергија во регионот. Божиновска нагласи дека овој проект е од стратешко значење за земјата и ќе овозможи поефикасно снабдување со природен гас.
Дополнително, беше разговарано за иницијативите за пазарно поврзување (market coupling) со Грција, со цел интеграција на македонскиот електроенергетски пазар во единствениот европски пазар. Министерката информираше дека Националниот оператор на пазар на електрична енергија (МЕМО) го воведе еврото како трговска валута во првиот квартал на 2025 година, што е клучен чекор кон оваа интеграција.
Амбасадорката Филипиду ја потенцираше потребата од зајакнување на соработката меѓу берзите на двете земји, што ќе донесе значителни придобивки за економиите на двете земји и за целиот регион.
На крајот од средбата, двете страни изразија подготвеност за понатамошно интензивирање на соработката во енергетскиот сектор.
Економија
Од утре пониски цени на бензините и на дизелот
Од полноќ ќе има нови цени на горивата според денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на 30.01.2025 година и со тоа же изнесува 79,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на претходната одлука и ќе биде 81,50 ден/лит.
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), поевтинуваат за 1,50 ден/лит, во 30.01.2025 година и со тоа, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини 73,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) ќе изнесува 72,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,141 ден/кг, во однос на 30.01.2025 година и со тоа же изнесува 44,672 ден/кг.
Економија
Големи заштеди во „Нептун оутлет“, понуда до 9 февруари!
Најголемиот малопродажен ланец за електроника и апарати за домаќинство, НЕПТУН, ја најавува својата ексклузивна ОУТЛЕТ акција, достапна само до 9-ти февруари! Оваа кампања носи неверојатни попусти и големи заштеди на широка палета на производи од врвни брендови. Достапно во сите продавници на НЕПТУН и онлајн на www.neptun.mk.Побрзајте да ја искористите оваа ексклузивна шанса за паметен шопинг. Ајде, време е за OUTLET заштеди во НЕПТУН!
ПР