Спорт
Медведев е број 1, Ѓоковиќ падна на третото место
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ повеќе не е најдобар тенисер на планетата откако и официјално му беа одземени бодовите од минатогодишниот Ролан Гарос. Ѓоковиќ досега на врвот на АТП-листата бил рекордни 373 недели.
Првото место повторно го зазеде Данил Медведев, кој ја почна четвртата недела во кариерата, како светски број 1. Рускиот тенисер има 7.950 поени. Првпат во кариерата на второто место се наоѓа Германецот, Александар Зверев, тој има 7.075 поени.
Ѓоковиќ е трет со 6.770 бодови, а четврти е актуелниот шампион на првите два Грен слем во сезоната Рафаел Надал со 6.525.
Благодарение на пласманот во финалето на Ролан Гарос, најдобриот пласман во кариерата, оваа недела го има Каспер Руд. Норвежанецот со 5.050 поени е петти во светот.
Следуваат Стефанос Циципас со 4.945, Карлос Алкараз (4.893), Андреј Рубљев (4.125), Феликс Оже-Алијасим (3.895) и Матео Беретини (3.570).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Флик: Имам и внуци, не можам да бидам во ист клуб 10 години
Барселона и нејзиниот тренер Ханси Флик се вистински европски хит оваа есен. Германскиот тренер „кликна“ со тимот од првиот момент кога пристигна во Барселона. Сепак, Флик не сака да крева еуфорија, сака да остане со двете нозе на земја.
На прашањето дали може да се замисли во Барселона во следните 10 години, Флик даде интересен одговор.
„Да останам во еден клуб 10 години? Мислам дека не можам да останам на едно место толку долго. Имам четири внуци и тие го заслужуваат моето време пред да наполнам 70 години. Ќе видиме“, изјави Флик.
Во моментов Барселона е лидер во Шпанија и се наоѓа во добра позиција во Лигата на шампионите.
Спорт
Гвардиола ќе остане во Сити и доколку клубот биде исфрлен од Премиер лигата
Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, нема дилема дали ќе остане на клупата на тимот и ако се случи најлошото сценарио и клубот биде префрлен во понизок натпреварувачки ранг.
Сити се соочува со драконска казна поради годините работа надвор од прописите на Премиер лигата.
Во тој процес, на Манчестер сити ќе му се суди за 115 случаи на прекршување на финансиските прописи кои го регулираат деловното и спортското работење на клубовите во Премиер лигата.
Евертон еднаш беше казнет со одземање десет бода за многу помали прекршоци, па оттука многумина очекуваат лигата да ја изрече најтешката казна за „граѓаните“ досега кога станува збор за вакво прекршување на прописите.
Гвардиола, кој пред два дена го продолжи договорот со клубот и ќе остане во Сити до 2026 година, нема намера да го напушти клубот дури и ако испаднат во третата или четвртата лига.
„Го кажав тоа пред шест месеци, го кажав тоа во сите мои интервјуа. Не се работи за тоа колку е Пеп добар бидејќи го продолжив договорот. Го кажав пред шест месеци, пред една година и кога сите клубови не обвинија. Што ќе се случи доколку испаднеме? Јјас ќе останам овде. Секоја година ќе одиме погоре и погоре и ќе се вратиме во Премиер лигата. сега“, изјави Гвардиола.
Спорт
Кејн го собори рекордот на Халанд во Бундеслигата
Хари Кејн урна рекорд во Бундес лигата кој беше во сопственост на Ерлинг Халанд.
Англичанецот постигна хет-трик против Аугсбург во победата 3:0, со што стана играч на кој му требаа најмалку натпревари за да стигне до 50 гола во германското првенство.
Два добро изведени пенали и гол во петтата минута од судиското надополнување беа 48-ми, 49-ти и 50-ти за Кејн во Бундеслигата. За тој подвиг му беа потребни 43 натпревари.
На Халанд за да дојде до рекордот му беа потребни 50 натпревари. Од Бундес лигата Халанд замина со 64 постигнати гола на 62 одиграни натпревари.
Најдобриот стрелец во историјата на англиската репрезентација (69 гола на 103 натпревари) и во историјата на Тотенхем (280 гола на 435 натпревари), вториот стрелец во Премиер лигата на сите времиња (213 гола на 320 натпревари) и сега рекордер во Бундеслигата, во кариерата има постигнато 440 голови, а се уште нема освоено ниту еден трофеј.