Македонија
За три дена регистрирани 69 новозаразени со коронавирус, нема починати лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 10.6. 2022 до 12.6.2022) биле направени 1.640 тестови, а регистрирани се 69 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 53, Битола и Тетово – по 3, Дебар – 2, Куманово, Прилеп, Гостивар, Штип, Струмица, Кочани, Свети Николе и Берово – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (69), регистрирани се 9 реинфекции.
Регистрирани сe 85 оздравени пациенти од: Скопје – 51, Битола – 9, Тетово – 6, Дебар – 4, Куманово и Прилеп – по 2, Гостивар, Штип, Струмица, Кочани, Свети Николе, Берово, Кавадарци, Велес, Охрид, Кичево и Струга – по 1.
Во текот на изминатите 3 дена (од 10 до 12.6.2022) не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин не се регистрирани починати лица.
Направени се 1.640 тестови преку: ИЈЗ-125, ЦЈЗ Скопје-44, ЦЈЗ Битола-14, ЦЈЗ Прилеп-8, ЦЈЗ Тетово-4, ЦЈЗ Куманово-28, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–34, Жан Митрев (Филип Втори)-32, Авицена-41, Биотек-84, Систина-75, лабораторија Лаор-35, Синлаб-4, Ремедика-10, Плодност-25, Генеа-30, Никоб лаб-136, ВФВ Медикал-30, Ели медика плус-24, Ројал медика–2, Спектра-ММ-3, Рапид лаб–21, Жан Митрев Струмица–18, Нова лаб дијагностика–2, Рамус-5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 806.
Досега во земјата се направени вкупно 2.066.665 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.607, бројот на оздравени пациенти е 302.892, на починати е 9.316, а бројот на активни случаи изнесува 399.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 147374, Активни 262
Куманово 16685, Активни 8
Битола 15719, Активни 37
Прилеп 14222, Активни 5
Тетово 13488, Активни 10
Кавадарци 10698, Активни 9
Велес 9802, Активни 4
Гостивар 9616, Активни 10
Охрид 8940, Активни 11
Штип 8083, Активни 14
Струмица 8080, Активни 4
Кичево 5653, Активни 2
Кочани 5101, Активни 6
Струга 4730, Активни 2
Гевгелија 4425, Активни 1
Неготино 3700, Активни 2
Ресен 2751, Активни 1
Свети Николе 2637, Активни 2
Радовиш 2531, Активни 0
Крива Паланка 2419, Активни 1
Делчево 1986, Активни 1
Берово 1693, Активни 2
Дебар 1681, Активни 3
Валандово 1488, Активни 0
Виница 1395, Активни 1
Пробиштип 1267, Активни 0
Богданци 1021, Активни 0
Кратово 966, Активни 0
Крушево 930, Активни 1
Демир Хисар 836, Активни 0
Македонски Брод 739, Активни 0
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 525, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

