Македонија
Викендов на Табановце затекнати 10 превозници кои превезувале патници без соодветна документација

За време на продолжениот викенд од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце била извршена контрола на осум патнички возила и на два автобуса кои вршеле меѓународен превоз на патници.
При контрола на автобус со гостиварски регистарски ознаки, управуван од А.С.(45) од Струга и Р.Ш.(68) од с.Долна Бањица, гостиварско и автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.Б.(37) од с.Јанче, општина Маврово и Ростуше, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.
Исто така, при контрола во патничко возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.С.(50) од Куманово, патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(42) од општина Липково, патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(38) од с.Ропаљце, општина Липково, патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.А.(29) од с.Мокриево, општина Ново Село и патничко возило „форд галакси“ со бугарска национална ознака, управувано од Д.Л.(30) од Свети Николе, било констатирано дека вршат меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација.
При контрола во три патнички возила, двете со струмички регистарски ознаки, управувани од Ж.Ј.(37) од Струмица и од А.В.(31) од с.Василево, струмичко, и едното со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.Т.(29) од Радовиш било констатирано дека имале поголема количина на багаж од предвидената. Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата, информираа од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Големи колони на границата со Грција пред празникот

Големи колони на возила можат да се забележат вечерва на граниниот премин „Богородица“ кон Грција.
Со оглед на тоа што утре е неработен ден, 1. Мај, голем број грѓани се упатија кон туристичките места.
Како што може да се забележи на видео камерите, на останатите гранични премини нема големи задржувања.
Македонија
Поддршка од министерот за правда за Пандов чијашто куќа беше запалена: „Случајот бара одлучна акција“

Министерот за правда Игор Филков најостро го осудува палењето на куќата на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов и бара одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого казнат можните сторители.
„Најостро го осудувам палењето на куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов. Му давам целосна поддршка во неговата истрајност и борба против криминалот и корупцијата. Овој случај како и неколкуте други случаи поврзани со лицата вработени во УИС и затворите, бараат одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого ќе се казнат можните сторители“, вели Филков.
Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, претходно, на социјалните мрежи објави дека му бил запален домот. Нема да не запрат и нема да не поколебаат, напиша тој.
Македонија
Кирков: Вработените во ЗОО последно земале февруарска плата

До Стефан Кирков, којшто е член на Советот на Град Скопје, пристигнала молба од вработените во скопската Зоолошка градина и барање за реакција и помош. Го известиле дека последна плата која ја земале е фебруарската плата и одтогаш немаат никакво примање.
„Веќе сме мај, а овие вработени се оставени без примања и навистина сум запрепастен до каде ќе се оди со непрофесионалноста во ова раководство на Градот и кадрите кој ги поставува?! Вработените од утре ќе бидат и без здравствено осигурување !!! Поминаа празници како 8ми Март, Рамазан Бајрам , Велигден на праг е и 1ви Мај а вработените се оставени и заборавени замислете да им се исплати плата !!! Цели фамилии страдаат од нечија непрофесионалност!“, напиша Кирков на социјалните мрежи.
Тој ги проѕва Град Скопје , Данела Арсовска и Зоран Попов сигнализирајќи и дека состојбата може да доведе до протести.