Македонија
Нови 66 случаи на коронавирус, нема починати лица

Во последните 24 часа направени се 983 тестови, а регистрирани се 66 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 50, Битола и Охрид – по 5, Македонски Брод – 2, Прилеп , Кавадарци, Штип и Струмица – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (66), регистрирани се 13 реинфекции.
Регистрирани сe 115 оздравени пациенти од: Скопје – 87, Охрид – 8, Битола – 7, Кавадарци, Тетово , Велес и Гостивар – по 2, Штип, Куманово, Кочани, Ресен и Свети Николе – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин не се регистрирани починати лица.
Направени се 983 тестови преку: ИЈЗ-149, ЦЈЗ Скопје-28, ЦЈЗ Битола-21, ЦЈЗ Прилеп-7, ЦЈЗ Тетово-10, ЦЈЗ Куманово-19, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–56, Жан Митрев (Филип Втори)-26, Авицена-32, Биотек-53, Систина-39, лабораторија Лаор-26, Синлаб-13, Ремедика-13, Плодност-10, Генеа-10, Никоб лаб-53, ВФВ Медикал-9, Ели медика плус-15, Ројал медика–1, Спектра-ММ-8, Рапид лаб–4, Жан Митрев Струмица–1, Нова лаб дијагностика–3, Рамус-6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 371.
Досега во земјата се направени вкупно 2.067.648 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.673, бројот на оздравени пациенти е 303.007, на починати е 9.316, а бројот на активни случаи изнесува 350.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 147424, Активни 225
Куманово 16685, Активни 7
Битола 15724, Активни 35
Прилеп 14223, Активни 6
Тетово 13488, Активни 8
Кавадарци 10699, Активни 8
Велес 9802, Активни 2
Гостивар 9616, Активни 8
Охрид 8945, Активни 8
Штип 8084, Активни 14
Струмица 8081, Активни 5
Кичево 5653, Активни 2
Кочани 5101, Активни 5
Струга 4730, Активни 2
Гевгелија 4425, Активни 1
Неготино 3700, Активни 2
Ресен 2751, Активни 0
Свети Николе 2637, Активни 1
Радовиш 2531, Активни 0
Крива Паланка 2419, Активни 1
Делчево 1986, Активни 1
Берово 1693, Активни 2
Дебар 1681, Активни 3
Валандово 1488, Активни 0
Виница 1395, Активни 1
Пробиштип 1267, Активни 0
Богданци 1021, Активни 0
Кратово 966, Активни 0
Крушево 930, Активни 1
Демир Хисар 836, Активни 0
Македонски Брод 741, Активни 2
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 525, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 0
Со почит,
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Дури и нивниот градоначалник од Кавадарци ги демантира лагите за „Еразмус+“

СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ шири невистини за проектите преку програмата „Еразмус+“, со цел да ја одбрани актуелната в.д. директорка и да ги прикрие криминалните шеми. Од партијата посочуваат дека дури и градоначалникот на Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, јавно ја демантирал сопствената партија, објаснувајќи дека проектот за кој тие зборуваат не бил за „тренирање магариња“, туку за обука на ученици и наставници во земја членка на ЕУ, за стекнување вештини и поттикнување претприемачки капацитети, меѓу кои и производство на сирење.
СДСМ потсетува дека извештајот на ОЛАФ, доставен до Јавното обвинителство, утврдува основано сомнение за злоупотреба на над 2 милиони евра европски средства, во кои се инволвирани повеќе од 50 физички и правни лица во Македонија и уште пет земји од ЕУ. Дополнително, спорни се и 8 милиони евра распределени во периодот 2014–2017 година, кога, како што велат, евалуаторки во Агенцијата биле Ана Михајлов и нејзината кумашинка.
„Клучното прашање е во чии џебови завршија милионите евра европски пари“, порачаа од СДСМ и побараа Јавното обвинителство итно да отвори истрага и сите одговорни да понесат одговорност.
Македонија
Манасиевски: Преку „Еразмус+“ доделени над 200 илјади евра на брат на пратеник од СДСМ за дресура на магариња и првење сирење

Валентин Манасиевски oд ВМРО-ДПМНЕ, денеска обвини дека преку Агенцијата „Еразмус +“ биле доделени грантови во вредност од 205 илјади евра на Горан Велковски, брат на тогашниот пратеник од СДСМ, Диме Велковски.
„83 илјади евра за дресура на магариња и 125 илјади евра за правење сирење, СДС преку Еразмус + доделија на братот на нивниот пратеник,“ изјави Манасиевски.
Тој посочи дека остануваат неодговорени повеќе прашања – кој ги одобрил проектите, дали лицата што одлучувале биле блиски до СДСМ и дали на повиците учествувале и други кандидати кои не биле одбрани поради тоа што не биле членови на партијата.
„Тоа што СДС го правеше во Агенцијата Еразмус + беше еден од примерите како тие ја водеа државата. Работа и проекти имаше само за нивни членови, криминалот и корупцијата цветаа, додека одговорност немаше,“ рече Манасиевски, додавајќи дека обвинителството треба да отвори истраги.
Македонија
Реконструиран локалниот пат Бујковци – Мршевци

Општина Илинден изврши комплетна реконструкција на локалниот пат што ги поврзува населените места Бујковци и Мршевци, во должина од 1.100 метри. Во рамки на проектните активности на терен се изврши целосно санирање на постоечката асфалтна површина со поставување на нов асфалтен слој, извести Општината.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во градежните активности и нагласи дека после многу години конечно се реконструира овој локален пат, кој е од исклучителна важност за повеќе населени места од општината како и дека со ова значително се подобрува секојдневието на жителите и се зголемува безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Дополнително, ќе се постави ново ЛЕД улично осветлување во должина од над 400 метри, како и целосна хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација согласно сообраќајниот проект.
„Изградбата на овој локален пат е дел од проектите што ги финансира Владата, а средствата за реализација се 60% од Владата на Република Македонија и 40% од Буџетот на Општина Илинден.
Локалната самоуправа и понатаму останува посветена на реализација на инфраструктурни и развојни проекти, со цел создавање современи, квалитетни и безбедни услови за живот на сите граѓани“, велат од Општината.