Македонија
Oпозицијата повика на одговорност од изведувачот на градинката „Мајски цвет“
Секаде каде што СДСМ и ДУИ гледаат бизнис-интерес работите пропаѓаат по некое време, поради неквалитетна изведба. Исплатија огромни суми пари на фирма блиска до ДУИ, за резултатот по повеќе од година и пол да е паднат кров, коментира ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Наместо да градат, тие крадат! Цела среќа е што настанот се случил за време на викенд и никој од дечињата и вработените не биле присутни, но прашањето е кој ќе преземеше одговорност доколку имаше повредени или жртви.
Устата им е полна со фалење дека грижата кон најмладите ја покажуваат преку изградба на детски градинки, но единствено што покажуваат е нивната неспособност и неодговорност.
Заев, Богоев, Царовска и Шахпаска трчаа кој попрво да се слика, а сега бегаат и не одговараат како пуштиле во употреба објект за кој се отвора сомнеж дека е неисправно изграден.
Власта да одговори уште колку вакви објекти има направено фирмата миленик на ДУИ и дали е точно дека според информациите кои се јавно достапни на Електронскиот систем за јавни набавки истата фирма од 2017 година до 2021 добила тендери од општините каде што градоначалниците беа од СДСМ и ДУИ и други државни институции во вкупна вредност од над милион и пол евра?
Ќе понесе ли одговорност изведувачот на објектот, колку ќе чини и од чии пари ќе се плати санацијата на истиот?
Одговорност мора и ќе има.
Крадењето на СДСМ и ДУИ е неиздржливо за граѓаните.
Премногу е! На протест на 18 јуни во 20 часот пред Влада, за да се спротивставиме на сите штетни политики и да се избориме за промени и подобро иднина за сите граѓани“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

