Економија
(Видео) Милошоски: Премногу е, поради СДСМ имаме разорна инфлација и поскапа храна и енергенси и до 100%
Премногу е, денес затоа што со СДСМ и ДУИ прават голема инфлација, поскапување храна и наенергенсите од 30 до 100%. Маслото поскапе за 107%, килограм брашно за 80%, литар млеко веќе е поскап за 50%, шеќерот за 36%, а горивата се поскапи и до 70%. Имаме поскапа струја за 30% со најава за ново поскапување во јули. И по ова некој не ѝ верува на Владата дека инфлацијата е само 12%. Народот секојдневно гледа и чувствува по сопствениот џеб дека тоа што лани го купувал за 500 денари, денес во самопослуга не може да го купи ниту за 1.000 денари, изјави на денешната прес-конференција Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде дека Владата не го чувствува ова затоа што за Владата има сè повеќе тендери, и поголеми провизии, а за народот има сè помалку пари. Платите се ниски, а цените се премногу високи. Услугите коишто институциите се должни да ги дадат не се достапни за обичните луѓе, но се достапни за тие коишто се блиски до власта бидејќи корупцијата стана правило, за жал исто како и непотизмот.
Милошоски додаде дека ништо од она што го ветија не исполнија. Нема нов студентски град, нема клинички центар, ниту клинички ниту во Штип, а автопатот Кичево– Охрид-Струга не е помрднат од фазата во којашто беше оставен во 2017 година. Нема ниту една поголема странска инвестиција. Нема пари за стопанството, но СДСМ и ДУИ не престануваат да земаат проценти од тендери и уште повеќе секогаш има за нивните блиски доволно пари како што имаше 1.4 милиони евра за фирмата на Заеви преку Министерството за земјоделие.
Оваа влада не создава ниту подобра сегашност, ниту перспектива во иднината. Европската Унија станува само далечен сон, а гледаме дека во ЕУ влегуваат само стручни кадри коишто ќе најдат работа со македонски или со друг пасош. Нема никакви шанси дека нешто ќе се промени на подобро, а Владата нема тим што ветува дека може да направи економски пресврт, изјави Милошоски.
Тој ги повика граѓаните на 18 јуни во 20 часот сите пред Влада да покажат лично колку се незадоволни и колку оваа Влада го има изгубено легитимитетот.
Колку побрзо падне Владата, толку подобро за перспективите на народот и на државата, изјави Милошоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.
„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.
Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.
„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)