Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните да понесат државно знаме на протестот

Опозициската ВМРО ДПМНЕ ги повика сите граѓани да понесат државно знаме на протестот, бидејќи, како што вели народот, дели исти проблеми.
„Маката, проблемите, инфлацијата, сиромаштијата, корупцијата, распаднатото здравство се работите кои ги засегаат сите луѓе во Македонија. И ова се подеднаквите проблеми кои ги обединуваат и Македонците, и Албанците, и Турците, и Ромите, и Србите, и Власите, и Бошњаците и сите други. Станавме држава со највисок раст на горивата, држава со најмал раст на БДП во Европа, највисока стапка на инфлација. Овие работи кои силно го мачат народот може да се менуваат исклучиво преку промени, избори и смена на власта.
Затоа на „Протестот за промени” ги повикуваме сите граѓани да понесат со себе државни знамиња, да се обединиме околу македонското сонце и да испратиме порака дека сме обединети сите луѓе во заложбата да ја направиме Македонија подобро место за живеење, и со тоа ќе дојдеме до промени. Испраќаме порака сите граѓани со себе да понесат државно знаме, македонското сонце, да демонстрираме одлучност дека само заедно можеме да ги менуваме работите, само обединети може да обезбедиме иднина“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Протестот ќе се случи в сабота со почеток во 20 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во Македонија 18 пожари на отворено

Во текот на изминатото деноноќие, на ден 20/21.08 на територијата на Македонија имаше вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои активни се три пожари, а под контрола и изгаснати се 15 пожари, информира Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите во Јасен (мешана шума), во Општина Маврово и Ростуше восело Церово и во Општина Прилеп во село Беловодица.
Под контрола и изгаснати се 15 пожари, и тоа:
1. Општина Гази Баба: ул. Перо Наков б.б (ѓубриште);
2. Општина Петровец: с. Средно Коњаре (ѓубриште);
3. Општина Петровец: с. Средно Коњаре (ниска вегетација и ѓубре);
4. Општина Струга: с. Драслајца (ѓубриште);
5. Општина Тетово: с. Сараќино (ниска вегетација);
6. Општина Желино: с. Стрмница (ниска вегетација);
7. Општина Чишиново-Облешево: с. Облешево (ниска вегетација);
8. Општина Неготино: с. Криволак, во близина на мостот пред касарна (ниска вегетација и напуштена нива со овоштарник);
9. Општина Тетово: на патот Тетово – с. Брвеница (ниска вегетација);
10. Општина Гостивар: с. Чегране (ниска вегетација);
11. Општина Гостивар: с. Дебреше (ниска вегетација);
12. Општина Крушево: с. Светомитрани (ниска вегетација);
13. Општина Радовиш: с. Раклиш (ниска вегетација);
14. Општина Студеничани: с. Драчевица (сува трева и грмушки);
15. Општина Долнени: с. Лажани (ниска вегетација);
Македонија
Гужва на границите, на Табановце и Богородица се чека по 20-тина минути

Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце” времето на чекање за влез и излез е околу 20 минути, за. На ГП „Богородица” времето на чекање за излез знесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата, информира АМСМ.
Поради пожар во националниот Парк Јасен, пак, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Маџирмаало 11, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.