Македонија
Ковачевски-Мишел: Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е прашање од највисок приоритет
Македонскиот премиер Димитар Ковачевски за време на Преспа форумот за дијалог, денеска имаше средба со претседателот на Европскиот совет – Шарл Мишел.
На средбата, на која беа присутни и вицепремиерот за европски прашања – Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи – Бујар Османи, станало збор за геополитичките предизвици што ги донесе руската агресија на Украина, поради што забрзувањето на интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ стана врвно прашање од највисок приоритет, вклучително со зајакнување на отпорноста на регионот од влијанијата на трети страни.
Премиерот Ковачевски на средбата со Мишел истакнал дека Северна Македонија целосно ги исполни условите за почеток на преговорите и врз основа на што е донесена и препораката за безусловен почеток за отворање на поглавјата во март 2020 година.
Ковачевски и Мишел на средбата разговарале и за учеството на Република Северна Македонија во повеќе регионални проекти поддржани од ЕУ, особено во делот на соработката во енергетиката како што е интерконекторот за гас со Грција, гасната централа во Александропулос и гасното поврзување со Србија и Косово, кои се поддржани од средства од Економскиот инвестициски план на ЕУ, но и за придобивките од иницијативата Отворен Балкан за воспоставување заеднички и поврзан регионален пазар врз основа на четирите слободи на ЕУ за непречен проток на луѓе, капитал, стоки и услуги, како значајни чекори за имплементација на стандардите на ЕУ.
Премиерот Ковачевски посочи дека Северна Македонија, како земја членка на НАТО, целосно ја усогласи својата политики со Алијансата и со ЕУ, ги исполни своите обврски и продолжува да дејствува целосно на линија на политиките на Европската Унија, со што уште еднаш покажа дека е достоен партер на европските држави, земји членки на ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Град Скопје: Неплатените даночни обврски надминуваат 36 милиони евра, граѓаните повикани да ги подмират долговите
Град Скопје соопшти дека неплатените обврски по основ на данок на имот, данок на промет, данок на наследство и подарок и комунална такса-фирмарина за периодот од 2020 до 2025 година надминуваат 36 милиони евра, според евиденцијата на Секторот за даноци на имот и комунални такси.
Даноците на имот и комуналните такси се значајни приходи за функционирањето на Градот, со кои се финансираат основни градски услуги, инфраструктурни проекти, трошоци на јавните претпријатија и јавните установи, како и работата на средните училишта.
Од Град Скопје ги повикуваат сите даночни и таксени обврзници – правни и физички лица – што немаат платено данок на имот, промет, наследство и подарок, како и комунална такса-фирмарина, своите обврски да ги подмират во најкраток можен рок.
Граѓаните и компаниите можат да извршат увид во своите долгови, да ги преземат решенијата и електронски да ги платат обврските преку платформата: https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml
Градот објави и контакт информации за повеќе категории даноци:
Данок на имот: 072/204-434, 02/3207-546, e-mail: [email protected]
; [email protected]
Данок на промет, наследство и подарок: 02/3297-298, 02/3297-296, e-mail: [email protected]
Комунална такса-фирмарина: 02/3297-314, e-mail: [email protected]
Даночно сметководство: 02/3297-298, 02/3297-296, e-mail: [email protected]
Даночниот долг може да го платите и преку Даночните шалтери на Град Скопје, секој работен ден од 8 до 19 часот, како и во сабота на 13 декември.
Македонија
Сиљановска-Давкова ќе го одликува американскиот генерал-мајор Грегори Најт со Орден за воени заслуги
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, денеска – 9 декември 2025 година, вторник, ќе го прими американскиот командант на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт и на свечена церемонија ќе го одликува со Орден за воени заслуги.
Генерал-мајор Најт се одликува со Орден за воени заслуги за неговиот особен придонес во продлабочувањето на македонско-американското пријателство и воената соработка што резултираше со бројни активности за зајакнување на капацитетите и за зголемување на борбената готовност на македонската армија.
Македонија
Земјотрес почувствуван во регионот на Кичево
Земјотрес со магнитуда од два степени според Рихтеровата скала бил регистриран ноќта во 01:23 часот во Македонија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Според податоците,земјотресот бил регистриран на 15 километри југoјугозападно од Кичево, 73 километри североисточно од Елбасан, Албанија.
Епицентарот се наоѓал на длабочина од 15 километри.

