Култура
„Битола отворен град“: Музички настапи на бендови од земјава и регионот

Од 23 до 26 јуни, по 21 пат ќе се случи „Битола отворен град“, интернационален младински арт фестивал во организација на Младински културен центар – Битола.
„Во годината кога МКЦ Битола одбележува 25 години од своето постоење го реализираме 21. издание на фестивалот ‘Битола отворен град’ спакувано во ново руво. Го подаруваме фестивалот на младите во градот и регионот со силно уверување дека Битола имала и ќе има авангардна младина и критична маса подготвена за големи предизвици”- изјави Сашо Додовски, директор на МКЦ – Битола.
Фестивалот годинава целосно е посветен на новата генерацијата, популарно наречена • Gen Z • и новиот свеж бран кој таа со себеси го носи.
„Оваа генерација ги промени стандардите, воспостави нови форми на користење на социјалните мрежи и ги наметна на сите други генерации. Оваа генерација ги користи социјални мрежи за комуникација, наместо да го изложува својот интимен свет во јавност. Ова фестивалско издание комуницира токму така, надвор од стандардите, со нови форми”, објасни Маја Ангеловска, програмска менаџерка на МКЦ.
Редица артисти од електронската музичка сцена, уметнички дијалози за музика и ликовна уметност, промоција на монографијата посветена на Мизар ќе се одвиваат во дворот на МКЦ, лоциран во старото градско јадро на Битола.
Берза на винили со гости од соседните земји ќе има пред Јагода на Широк сокак, а фестивалот завршува со голем концерт во градскиот парк.
„Големиот музички хепенинг ќе го организираме во недела 26 јуни со почеток во 20.00 часот. Локацијата е Градскиот парк во Битола. Ќе настапат 3 музички бендови. Битолската група ВЕЛ, бендот БAiLDSA од Солун, Грција и Helem Neјse од Сараево, Босна и Херцеговина. Ќе биде гласно, ќе биде урбано и во секој случај забавно. Три енергични млади бендови за нула денари. Настанот е отворен за сите љубители на урбаната музика од Битола и регионот. Битола е отворен град за сите” – изјави Златко Талевски, извршен директор на МКЦ – Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Јовановиќ: Прикажавме силно авангардни и ангажирани филмови на унгарската филмска вечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид

Во рамките на дополнителната програма на фестивалот „Охридско лето“ викендов во копродукција со МФФ Киненова беа прикажани унгарските филмови „Три илјади изброени парчиња“ и „Без здив“.
Кинo-проекциите се одржаа во Центарот за култура „Григор Прличев“, а беа дел од Унгарската вечер на фестивалот, која беше поддржана од Унгарската амбасада и Општина Охрид.
– Силно авангардниот и ангажиран филмт „Три илјади изброени парчиња“ во режија на Адам Чаши ја отвори филмската вечер, а продолжи со филмот „Без здив“ во режија на Каталин Молдовај.Настанот привлече бројна публика, а филмот „Три илјади изброени парчиња“ кој е силно ангажиран и авангарден филм сметам дека предизвика силни импресии кај присутите со темата за дискринимација на одредени малцинства во европските општества, вели Небојша Јовановиќ, директор на МФФ Киненова.
Култура
Почина актерот Теренс Стамп, познат по улогата на негативец во филмот за Супермен

Теренс Стамп, британсски актер кој имаше кариера долга шест децении во филмот, почина на 88-годишна возраст, јавува Би-Би-Си.
Стамп, кој беше номиниран за Оскар, глумеше во бројни филмови, а исто така ја играше и улогата на главниот негативец, генерал Зод, во филмовите за Супермен.
Стамп починал утрово, соопшти неговото семејство.
„Зад себе остави извонреден опус, како актер, така и како писател, кој ќе продолжи да ги допира луѓето во годините што доаѓаат,“ изјавија тие.
Култура
Од Венеција до Торонто: ‘Силјан’ на Тамара Котевска ја освојува светската сцена

Долгометражниот документарен филм на Тамара Котевска почнува да се движи по ѕвездена траекторија: по светската премиера на Венеција, својата Американска премиера ќе ја има во официјална селекција на интернационалниот фестивал во Торонто, соопшти Агенцијата за филм.
По историскиот успех на „Медена земја“ – со три награди на „Санденс“ и две номинации за Оскар – и интернационалниот успех на документарецот „Пaтување пеш“ (The Walk), македонската режисерка се враќа на голема врата.
Нејзиниот нов филм „Силјан“ (The Tale of Silyan) ја доби честа да ја има својата светска премиера на престижниот Филмски фестивал во Венеција 2025, а веднаш од таму патува на американската премиера во Торонто, на А категорија фестивал, во официјална натпреварувачка селекција.
Котевска е и режисерка и продуцентка на филмот, кој е реализиран во копродукција со американската компанија Concordia и британската The Cornershop, како и со продуцентите Жан Дакар и Јорданчо Петковски, со кого Котевска го сними својот прв долгометражен филм „Човек против јато“.
Со ова, како што додава Агенцијата, македонската кинематографија уште еднаш гордо чекори на светската филмска мапа.