Спорт
„Србин, Хрват и Босанец се меѓу најлошите трансфери со историјата на Реал“

Фудбалскиот портал „Goal.com“, информацијата дека Реал Мадрид сака да се ослободи од Лука Јовиќ ја надополни со список на играчи за кои смета дека биле разочарувања во трансфер политиката на клубот. На списокот, покрај Јовиќ се и еден Хрват, и еден Босанец. Станува збор за Роберт Просинечки и Елвир Баљиќ.
Роберт Просинечки (од Црвена звезда за 15 милиони евра во 1991 година)
„Од еден од најдобрите таленти од Балканот се очекуваа големи работи, талентиран играч за врска кој штотуку и помогна на Црвена звезда да го освои трофејот во Купот на европските шампиони. Врвот на неговата тригодишна кариера во Мадрид беше неговиот гол на Ел Класико Барселона. а и тоа остана во сенка на фактот дека тој потпиша за Каталонците во 1995 година. Тоа што не се докажа таму беше мала утеха за фрустрираните навивачи“, пишува порталот.
Лука Јовиќ (од Ајнтрахт за 66 милиони евра во 2019 година)
„Во сезоната 2018/19 тој изгледаше како следниот голем напаѓач во Европа. Тој постигна 10 гола на 14 натпревари во Лига Европа за Ајнтрахт и импресионираше во Бундеслигата. Ова го убеди Мадрид да плати превисока сума за играч кој беше позајмен во Франкфурт. од Бенфика, што резултираше со комплексен двоен трансфер на Јовиќ, кој потпиша за германскиот клуб пред да потпише за Реал следниот ден. Јовиќ постигна само три гола на 51 натпревар за Реал“.
Елвир Баљиќ (од Фенербахче за 26 милиони евра во 1999 година)
“Џон Тошак беше импресиониран од Босанецот додека работеше во Турција и го убеди клубот да плати шокантно висока цена за напаѓачот. Набргу по доаѓањето тој го повреди коленото. По само една сезона и еден гол во Ла Лига, беше вратен во Фенербахче на позајмица“.
Покрај Јовиќ, Просинечки и Баљиќ на оваа листа се наоѓаат уште неколку познати имиња. Порталот ги наведува Николас Анелка (од Арсенал за 34,5 милиони евра во 1999 година), Данило (од Порто за 31,5 милиони евра во 2015 година), Кака (од Милан за 65 милиони евра во 2009 година), Еден Азар (од Челзи за 120 милиони евра во 2019 година)…
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Јапонија против Бразил од 0:2 до 3:2

Фудбалерите на Јапонија по пресвр го победија Бразил (3:2), во пријателски натпревар одигран во Токио.
Јапонците успеаја пред околу 50.000 свои навивачи да го надоместат дефицитот од два гола од првото полувреме и за прв пат во историјата да забележат победа над „селесао“.
Карло Анчелоти малку ги измеша картите, но без оглед на тоа, „кариоките“, дојддоа до предност преку Пауло Енрике и Габриел Мартинели.
Во 26-та минута, Енрике го постигна првиот, а Мартинели постигна гол шест минути подоцна по асистенција од Лукас Пакета.
Катастрофалната реакција на Фабрицио Бруно во 52-та минута ја искористи Такуми Минамимо и со тоа ја врати Јапонија во натпреварот.
Јапонците не застанаа тука, а двоен асистент беше Ито, кој влезе како резерва во вториот дел.
Прво, во 62-та минута, го пронајде Кеито Накамура, а потоа во 71-та минута изведе корнер, по што Ајасе Уеда го комплетира пресвртот.
За потсетување Јапонија и Бразил обезбедија учество на Светското првенство во 2026 година.
Спорт
Левандовски ќе го пропушти „Ел Класико“

Фудбалерот на Барселона, Роберт Левандовски, ќе мора да паузира поради повреда на бутниот мускул на левата нога.
Левандовски (37) се повреди во неделната победа на полската репрезентација над Латвија (2:0), во која постигна и гол.
„Левандовски има повреда на тетивата на левата бутина. Тој е надвор од теренот, а времето на неговото закрепнување ќе зависи од брзината на закрепнувањето од повредата“, се вели во соопштението на Барселона.
Не се познати многу детали за тоа колку долго ќе отсуствува полскиот напаѓач, но медиумите шпекулираат дека паузата ќе трае помеѓу три и шест недели.
Извесно е дека Левандовски ќе го пропушти претстојното „Ел Класико“ против Реал, закажано за 26 октомври во Мадрид.
Спорт
Уште еден Адетокунбо потпиша договор со Милвоки

Милвоки стана првиот НБА тим во историјата кој има тројца браќа под договор. Тоа се Јанис, Танасис и Алекс Адетокунбо.
Бакс официјално објавија дека потпишале договор со Алекс, кој играше за Висконсин Херд, тим од Џи-лигата и подружница на Милвоки, од 2022 до 2024 година.
Сите кошаркарски експерти истакнуваат дека договорот со Алекс не е склучен за зајакнување на играчкиот кадар, туку е одредена отстапка направена кон најдобриот играч, 30-годишниот Јанис, за кој се вели дека наскоро ќе може да го напушти Милвоки.
Уште во 2013 година, Милвоки го избра Јанис како 15-ти пик на драфтот, а за грчкиот супер стар, Баксе сè уште се единствениот клуб во неговата НБА кариера. Со Милвоки, тој освои две титули за најкорисен играч и ја освои титулата во НБА во 2021 година.
Сепак, во последните години, Бакс редовно беа елиминирани во првото коло од плејофот на Источната конференција. Ова, како што тврдат медиумите го тера Јанис да размислува за преселба во некој друг клуб.
24-годишниот Алекс ја започна својата професионална кариера во Мурсија, а во последната година член на Будуќности од Подгорица, ПАОК и Арис. Најстариот брат, 33-годишниот Танасис, е член на Милвоки од 2019 година.