Европа
Украина: Русите со сите сили го напаѓаат Северодонецк, се водат одлучувачки битки

Заменичката на украинскиот министер за одбрана, Хана Малјар, вели дека Русија ги собрала речиси сите свои сили за да ги нападне населбите во близина на Северодонецк.
Во регионот на Северодонецк се водат решавачки битки со руските сили кои сакаат да стигнат до границите на регионот Луганск до крајот на неделата, рече Малјар.
„Руската армија ги собра практично сите свои сили и средства за да ги нападне околните населени места. Тие се обидуваат да ја пробијат нашата одбрана и се обидуваат да опколат група наши војници кои ги бранат Лисичанск и Северодонецк“, посочи таа.
Нагласи и дека украинските сили прават сè што е можно за да ја задржат територијата и да ја спречат опсадата.
„Но, мора да разбереме дека непријателот има предност во оружје, така што ситуацијата сега е исклучително тешка, а денес овие одлучувачки битки го достигнаа својот врв“, нагласи Малјар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Започна состанокот меѓу САД, Украина и Турција во Истанбул

Во Истанбул започна состанок меѓу САД, Украина и Турција, соопшти извор од турското Министерство за надворешни работи.
Засега нема информации дали Рубио учествува на состанокот.
Портпаролката на американскиот Стејт департмент, Теми Брус, изјави дека Мајкл Антон, директор за планирање на политиките во американскиот Стејт департмент, ќе ги претставува САД во разговорите со руската делегација.
Европа
Рубио пристигна во Истанбул на мировни преговори меѓу Русија и Украина

Американскиот државен секретар Марко Рубио утрово пристигна во Истанбул за да учествува на мировните преговори меѓу Русија и Украина, организирани од Турција.
На аеродромот во Истанбул, Рубио и неговата делегација беа пречекани од генералниот конзул во Истанбул Џули А. Еадех и други официјални лица.
Делегацијата предводена од Рубио ќе учествува на трилатерален состанок меѓу Турција, САД и Украина во претседателската канцеларија Долмабахче во Истанбул.
Планирани се низа состаноци во различни формати, вклучувајќи трилатерални разговори меѓу САД, Украина и Турција, како и Русија, Украина и Турција, според извори во турското Министерство за надворешни работи.
На состаноците ќе учествуваат турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, американската делегација предводена од државниот секретар Марко Рубио, украинската делегација предводена од министерот за одбрана Рустем Умеров и руската делегација предводена од Владимир Медински, советник на рускиот претседател Владимир Путин.
Рубио, исто така, рече дека американската делегација ќе се сретне со високо рангирана украинска делегација и ќе учествува во преговорите меѓу Русија и Украина.
Европа
Објавено кога ќе се одржат состаноците во Турција

Турција денес ќе учествува на два трилатерални состаноци во Истанбул, како дел од новите дипломатски напори за ставање крај на војната во Украина, соопштија извори од турското Министерство за надворешни работи, пренесуваат агенциите.
Средбата меѓу турските, американските и украинските претставници е закажана за 9:45 часот наутро по европско време. Потоа американската страна ќе биде заменета со руската страна, а турската, руската и украинската делегација ќе одржат разговори во 11:30 часот по европско време, велат изворите, пренесува Ројтерс.
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан се сретна со советникот на претседателот Владимир Путин, Владимир Медински, во четврток вечерта, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, имаа долги разговори.
Министерството за надворешни работи на земјата домаќин додаде дека „не е сигурно дека состанокот ќе се одржи во квадрилатерален формат (САД, Русија, Украина, Турција)“, објави АФП.
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, вчера изјави дека нема напредок кон мир без средба меѓу него и рускиот лидер Владимир Путин, кој не сакаше да дојде во Истанбул.