Македонија
Советот на амбасадорите: Преговарачката рамка со Бугарија да биде реализирана од Брисел, а не од Софија
Советот на амбасадорите, по повод францускиот предлог за деблокирање на пристапниот пат на Северна Македонија кон ЕУ, смета дека членството во ЕУ нема алтернативи и е не само од стратешко значење за нашата држава туку е и безбедносно прашање за целиот регион.
Советот, како што велат од таму, ги поздравува напорите на претседателот Макрон и на канцеларот Шолц, како и на другите лидери и дипломати на ЕУ и САД, кои активно ја подржуваат интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ.
Во отсуство на јавна објава на интегралниот текст на францускиот предлог, кој ја бранува македонската јавност и создава многубројни негативни реакции, кои ги јакнат евроскептицизмот и национализмот во државата, Советот на амбасадорите смета дека треба најнапред да се добие целиот текст, внимателно да се анализира, а потоа да се заземат соодветни позиции, кои ќе ги одразуваат долгорочните национални интереси на државата и нејзините граѓани.
Советот на амбасадорите смета дека преговарачката рамка претставува мултилатерален документ, чија намена е да послужи како водилка за темелно реформирање и пристапување на државата кандидат кон Европската Унија.
Изразуваат надеж дека земјите членки на ЕУ ќе усвојат рамка, која ќе го отсликува мултилатералниот карактер на документот, а Бугарија ќе биде на ниво на пријателска држава, во чиј национален интерес е соседната држава Северна Македонија да стане полноправна членка на ЕУ.
Советот смета дека утврдувањето на преговарачката рамка и управувањето со механизамите за нејзино спроведување треба да биде реализирано од Брисел, а не од Софија. На тој начин, како што оценуваат, ќе се намали можноста за зачестени блокади на пристапниот процес, од што најмногу стравуваат граѓаните на нашата држава.
Советот се надева и очекува ЕУ да има доволно чувство за реална процена на политичката состојба во Северна Македонија и да не го условува почетокот на преговорите со донесувањето на уставните промени, туку таквиот процес да биде поместен кога тоа ќе го дозволат политичките и општествените услови.
„Советот на амбасадорите уште еднаш истакнува дека сегашниот консензуален начин на донесување одлуки ги блокира процесите на одлучување во Унијата и неодамнешната констатација на канцеларот Олаф Шолц дека ‘ЕУ треба да ги модернизира структурите и процесите за носење одлуки’ го смета за вистински исчекор кон нејзино реформирање“, е потенцирано во нивната реакција.
Апелираат до Владата да го сочува достоинството на граѓаните и да ги почитува и да опстои на црвените линии за зачувување на идентитетот и интегритетот на Република Северна Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

