Црна хроника
Две одделни разбојништва врз таксисти во Скопје

Две одделни разбојништва врз таксисти се случиле во текот на вчерашниот ден, информираат од МВР
Во првиот случај, таксист од компанијата „„Глобал Трип“ бил нападнат во возилото „Киа Сит“ во близина на наплатната рампа кај скопското село Глумово околу 13:00 часот, при што му биле одземени 700 денари и 5 евра. Непознатиот сторител, според информациите на полицијата, побегнал кон селото.Во вториот случај, таксист од компанијата „Де Лукс“ околу 17:20 часот бил нападнат од две непознати лица и изваден од неговото возило „Шкода Фелиција“ на бул. „Македонско Косовска Бригада“, при што му биле одземени 4.000 денари, мобилен телефон и нож на расклопување. Вкупната вредност на украдените предмети се проценува на 11.000 денари. Непознатите напаѓачи побегнале во правец на градските гробишта „Бутел“.Полициските станици во Ѓорче Петров и во Чаир трагаат по сторителите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.