Контакт

Свет

Русите го повикаа на разговор амбасадорот на ЕУ поради одлуката на Литванија

Објавено пред

Амбасадорот на Европската Унија во Русија, Маркус Едерер, пристигна во руското Министерство за надворешни работи, каде што беше поканет на разговори поради одлуката на Литванија да забрани транзит на одредена стока во регионот на Калининград, пренесува руската агенција „РИА новости“.

dobivaj vesti na viber

Гувернерот на Калининград, Антон Алиханов, вчера најави дека руското Министерство за надворешни работи ќе го покани на разговор евроамбасадорот во Москва бидејќи Литванија воведе забрана за транзит на стока во руската област Калининград.

Претходно, руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Москва бара од Вилнус да ја укине забраната за железнички транзит на стока до енклавата Калининград на Балтичкото Море, а во спротивно, како што наведоа, го задржува правото да возврати.

Министерството нагласи дека Русија го смета потегот на Литванија како непријателски наведувајќи дека таа ги прекршила меѓународните правни обврски, односно zаедничката изјава на ЕУ и Руската Федерација од 2002 година за транзит меѓу Калининградската област и остатокот од Руската Федерација.

Литванските власти на 18 јуни објавија дека на тој ден ќе стапи vo сила забраната за транзит на стоки под санкциите на ЕУ преку нивна територија до руската енклава Калининград.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Видео) Еруптираше вулкан во Исланд, евакуирана е позната туристичка дестинација

Објавено пред

Впечатлива сцена од оган, чад и блескава лава беше снимена денес во југозападен Исланд, каде што еруптираше вулкан на полуостровот Рејкјанес. Според Исландската метеоролошка служба, ова е деветтата ерупција во регионот од крајот на 2023 година.

dobivaj vesti na viber

Фотографиите објавени од исландското Министерство за јавна безбедност покажуваат лава и чад како се издигаат од пукнатина во близина на Гриндавик, рибарско село кое во последните месеци постојано е изложено на вулканска активност.

Државната телевизија RUV објави дека жителите на Гриндавик се евакуирани, како и гостите и персоналот од Сината лагуна, една од најпознатите туристички дестинации во Исланд.

Евакуациите беа спроведени како претпазливост поради можно ширење на лава и токсични гасови.

Властите предупредија дека условите околу вулканот се опасни и дека се можни понатамошни ерупции. Нема извештаи за повредени.

Прикажи повеќе...

Свет

Американски сенатор до Путин: „Што по 50 дена? Нека му се јави на ајатолахот и нека го праша“

Објавено пред

Американскиот сенатор Линдзи Греам го поддржа рокот од 50 дена што Доналд Трамп му го даде на Владимир Путин да постигне мировен договор за Украина или ќе се соочи со високи царини.

dobivaj vesti na viber

„Ако сте земја што купува евтина руска нафта и ѝ помага на воената машинерија на Путин, сфатете ја заканата на Трамп сериозно“, рече Греам. Тој кажа дека секундарните царини би можеле силно да го погодат извозот на енергија на Русија, особено кон Кина и Индија.

„Ако се прашува што ќе се случи по 50 дена, нека го повика ајатолахот“

Коментирајќи за тоа што може да се случи по рокот на Трамп, Греам беше директен: „Ако Путин и другите се прашуваат што ќе се случи на 51-виот ден, нека го повикаат ајатолахот“.

Греам очигледно мислел на неодамнешните американски воздушни напади врз иранските нуклеарни цели, во кои клучна улога одиграа невидливите бомбардери Б-2. Иран е еден од клучните сојузници на Русија во војната против Украина.

Техеран не само што испорачува оружје на Москва, туку помага и во развојот на домашното производство на беспилотни летала и ракети.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Огромен пожар на сцената на еден од најголемите фестивали во светот

Објавено пред

Главната сцена на фестивалот „Tomorrowland“ во Белгија е зафатена од огромен пожар само два дена пред почетокот на првиот викенд на еден од најголемите музички фестивали во светот.

dobivaj vesti na viber

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како пламенот ја проголтува главната сцена на белгискиот фестивал, додека локалните медиуми известуваат дека службите за итни случаи се на местото на настанот во голем број.

Локалниот портал ГВА објави дека властите им советуваат на жителите да ги затворат прозорците и вратите поради ширењето на чад низ областа. Досега нема пријавени повредени бидејќи посетителите сè уште не пристигнале, а британскиот „Мирор“ објави дека околу 1.000 вработени биле на лице место во времето на пожарот, учествувајќи во подготовките за фестивалот.

Фотографиите и видеата објавени од ГВА и корисниците на платформата Икс го покажуваат обемот на пожарот, но сè уште не е познато колкава е штетата и дали инцидентот ќе влијае на фестивалот.

Tomorrowland е еден од најголемите и најпознатите фестивали за електронска музика во светот, а оваа година се очекува повеќе од 70.000 посетители дневно да поминат низ фестивалските порти. Првиот викенд од фестивалот е закажан за овој петок.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа7 минути

(Видео) Еруптираше вулкан во Исланд, евакуирана е позната туристичка дестинација

Впечатлива сцена од оган, чад и блескава лава беше снимена денес во југозападен Исланд, каде што еруптираше вулкан на полуостровот...

Свет1 час

Американски сенатор до Путин: „Што по 50 дена? Нека му се јави на ајатолахот и нека го праша“

Американскиот сенатор Линдзи Греам го поддржа рокот од 50 дена што Доналд Трамп му го даде на Владимир Путин да...

Македонија4 часа

Сообраќајот на патниот правец Битола – Граничен премин „Меџитлија” е нормализиран

Сообраќајот на патниот правец Битола – Граничен премин „Меџитлија” е нормализиран, извести АМСМ. Од 16 часот, на регионалниот пат Р-1101...

Македонија5 часа

Докторка затекната при примање поткуп во битолска болница: најостра осуда од Министерството за здравство

Министерството за здравство најостро го осудува секој облик на коруптивно однесување во здравствениот систем. Во врска со случајот во ЈЗУ...

Македонија6 часа

Незгода на патниот правец Битола – Прилеп: сообраќајот во прекин за тешки моторни возила, патничките се пропуштаат наизменично

Од 15:45 часот поради вршење на увид на сообраќајна незгода на магистрален пат А-3 Битола – Државна граница Маџитлија кај...

Македонија7 часа

Во земјава има 200.000 дивоградби, предничи Гостивар, вели Меџити и повикува институциите да делуваат, но не селективно

Сегашниот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, кој 12 години беше градоначалник на Општина Чаир, повика институциите да...

Македонија7 часа

Меџити не исклучува можност да биде кандидат за градоначалник на Чаир: Сè е на маса

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, не ја исклучува можноста да му биде противкандидат на Бујар Османи...

Македонија7 часа

Активни три пожари во државата, оној кај Николиќ ставен под контрола

Активни се три пожари во државата, соопшти Надица Вчкова од Главниот штаб за управување со кризи. Во моментот сѐ уште е...

Македонија9 часа

Доцнење на прегледи и на резултати, скопјани со најмногу поплаки за здравството – Алиу ветува дека ќе го слуша гласот на народот

Министерството за здрвство добило 90 пријави од граѓани кои се пожалиле на функционирањето на здравствениот систем. Министерот за здравство Азир...

Македонија9 часа

Токму полициски службеници на Тошковски се фатени за диви приклучоци, проблемот не е водата, туку тие што ја добиваат бадијала и институциите што ги штитат, велат од Град Скопје

ВМРО-ДПМНЕ, кога обвинува за недостиг на вода во град Скопје, заборава да додаде дека токму полициските службеници на Панче Тошковски...

Македонија9 часа

55 ветерници ќе обезбедуваат струја за 100.000 домаќинства – почна изградбата на ветерниот парк кај Штип

Со поставување камен темелник денеска стартуваше изградбата на ветерен парк во близина на Штип, каде „Алканзар енерџи партнерс“, со инвестиција...

Македонија10 часа

Дивоградбите ќе се уриваат ако се утврди дека се проблем за безбедноста на граѓаните, рече Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека една од општините во која вчера е влезено од страна на Одделот...

Македонија10 часа

Тошковски: Арсовска одбива да соработува, полициските службеници не може да обезбедат изјава

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека градоначалничката Данела Арсовска одбива да соработува со полициските службеници од Одделот за внатрешна...

Топ10 часа

Пренесувале и продавале дрога: осомничените откриени преку скај-комуникација

Врз основа на доказите добиени преку скај-комуникацијата, предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе...

Топ11 часа

Полицаец се обидел да внесе дрога во Идризово, приведен е

Приведен е полицаец поради сомнеж дека се обидел да пренесува дрога во Идризово. „При претрес на Х.А.(42) од Скопје, вработен...

Македонија11 часа

Апелација повторно го осуди Васил Јованов на три години и десет месеци за дрогата

Aпелациониот суд повторно го осуди Васил Јованов, кој ја прегази младата Фросина Кулакова, на три години и десет месеци затвор...

Свет13 часа

Трамп: Ракетите за системите „Патриот“ веќе се на пат кон Украина, пристигнуваат од Германија

Ракетите за системот за воздушна одбрана „Патриот“ наменети за Украина веќе се на пат, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, објави...

Македонија13 часа

Огласот за прием на 150 нови полициски службеници е во тек

Министерството за внатрешни работи распишува конкурс за прием на 150 униформирани полициски службеници. „Да се биде полицаец е повик а...

Свет14 часа

Трамп: Бонди треба да објави сè што смета за веродостојно за Епштајн

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека државната обвинителка Пам Бонди треба да објави „сè што го смета за веродостојно“ за...

Македонија1 ден

Со потврда од матичен лекар, невработените до четврток можат да се пријават за гаснење пожари за 24.000 денари месечно

Огласот за ангажирање 400 невработени лица за помош при гаснење пожари на Владата е отворен до четврток, потсети денес Стојанче...