Македонија
Регистрирани 110 нови ковид-позитивни, нема починати
Направени се 894 теста, а регистрирани се 110 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 72, Битола – 8, Куманово – 6, Кавадарци, Штип и Неготино – по 4, Кочани – 3, Прилеп и Гостивар – по 2, Струмица, Кичево, Струга, Ресен и Богданци – по 1.
Од вкупниот број позитивни (110), регистрирани се 18 реинфекции.
Регистрирани сe 42 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 34, Кочани и Охрид – по 2, Кавадарци, Штип, Тетово и Гевгелија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, како и во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, не се пријавени починати лица.
Досега во земјата направени се вкупно 2.074.132 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.160, бројот на оздравени пациенти е 303.396, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 442.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК со први проекции за бројот на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, ДУИ 19, СДСМ 18
Државната изборна комисија ги објави првите проекции за бројот на пратенички мандати – ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, а зад нив е ДУИ до 19.
Трет по бројот на пратеници е СДСМ со 18 мандати.
Коалицијата Вреди има 13 пратенички мандати, Левица 6 и ЗНАМ 5 мандати.
Македонија
Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Влен
Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Влен, кажа претседателот на БЕСА, дел од коалицијата Влен, Билал Касами.
Касами рече дека ВЛЕН е победник во сите општини со мнозинско албанско население, а резултатот го препиша и на доаѓањето на иселениците.
„Коалицијата Влен е апсолутен победник кај Албанците“, изјави Касами.
Тој очекува да имаат број на пратеници колку и ДУИ.
Според досега пребројаните гласови, коалицијата Влен има 92.091 гласа, односно 11,21 отсто, а Европскиот фронт на ДУИ, 117.503 гласа, или 14,30 отсто.
Македонија
Димитриевски: ЗНАМ вечерва испиша историја
Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски и посака успешен мандат на Гордана Силјановска Давкова.
„Да ја води Македонија во правилна насока, да биде тука за граѓаните, бидејќи нашата борба е и ќе биде за граѓаните. Воедно да честитам на ВМРО-ДПМНЕ за убедливата победа. Верувам дека овие избори ќе бидат дополнителна поука за сите останати политички субјекти кои гравитираа досега на политичката сцена. За нас од ЗНАМ гордо можам да потврдам дека ЗНАМ од вечерва ја започнува својата борба за достоинствена Македонија. ЗНАМ вечерва испиша историја. Ние потвдивме минимум пратеничка група и некаде околу 60 илјади гласови“, кажа Димитриевски и се заблагодари на граѓаните кои што излегоа на изборите.
„Од денеска продолжуваме како што ветувавме во предизборната кампања, согласно нашите определби, програмски и сето што беше ветено пред граѓаните. Ние сме партија формирана од граѓаните, ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за граѓаните“, додаде Димитриевски.
Прашан дали ќе остане градоначалник или размислува за Владата, тој кажа дека нема никакви размислувања, ќе остане доследен на неговите ветувања и секогаш со кумановчани.