Контакт

Спорт

Бобан Бабунски ќе ја предводи Победа

Објавено пред

Македонскиот прволигаш Победа постигна договор во повратничката прволигашка сезона нов шеф на стручниот штаб да биде Бобан Бабунски. 54-годишниот поранешен македонски и југословенски репрезентативец и тренер на А и на младата репрезентација, кој беше предводник и на Вардар и Работнички, ги договори условите за взаемна соработка со прилепскиот клуб.

dobivaj vesti na viber

Бабунски за понеделник 27. јуни во 17 часот на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ ја закажа прозивката со која ќе биде означен и почетокот на подготовките на фудбалерите на Победа. На првиот собир новиот тренер и првиот човек на Победа, Благоја Гешоски, ќе го образложат планот на подготовките како и потребните засилувања со цел успешна сезона на клубот по враќањето во елитното друштво.

Фудбалската кариера Бабунски ја започнува во Вардар по што следи интернационална кариера во ЏСКА Софија (Бугарија), Леида (Шпанија), Гамба Осака (Јапонија), АЕК Атина (Грција), Сент Труден (Белгија), Логроњес (Шпанија) и Кемницер (Германија), а ја завршува во Работнички.

Како тренер од 2002 до 2005 год бил помошник на Слободан Сантрач во А селекцијата, привремен селектор од август 2005 до февруари 2006 година, освојувач на Купот со Работнички во сезоната 2008-2009, а од 2009 до 2014 година беше предводник на младата селекција за играчи до 21 година.

Спорт

Гвардиола: Не можеш да зборуваш за титулата ако не победуваш

Објавено пред

Нов неуспех, овој пат дома против Брајтон, значително го оддалечи Манчестер Сити од борбата за титулата.

dobivaj vesti na viber

„Граѓаните“ одиграа нерешено во третиот натпревар по ред и доколку Арсенал вечерва победи ќе се оддалечи на осум бода од Сити.

„Ако не победувате, не можете да зборувате за титулата. Имавме одличен резултат против Нотингем Форест, а потоа одигравме три многу добри натпревари. Освен недостатокот на голови, не можам да ги обвинам момците за ништо“, рече Гвардиола.

Но, токму овој недостаток на голови, особено промашувањата на Ерлинг Халанд ги загрижува навивачите.

„Тие имаа моментум, играа многу добро. Но, во последните 15-20 минути имавме неверојатни шанси. Важно е како се справувате со тие шанси, а ние не го направивме тоа добро“.

Foto/ depositphotos

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Не ги знае правилата и како да го држи рекетот, а настапи на ИТФ турнир

Објавено пред

Меѓународната тениска федерација (ИТФ) трпи остри критики поради скандалозен натпревар во женска конкуренција.

dobivaj vesti na viber

Снимки од професионален меч, на ИТФ турнирот во Најроби, кружат низ целиот свет. Евидентно е дека една од тенисерките прв пат во својот живот игра тениски меч.

1026-та светска тенисерка Лорена Шедел ја победи својата 21-годишна египетска соперничка Хајар Абделкадер со 6:0, 6:0.

Во текот на целиот натпревар, кој траеше само 37 минути, Египќанката освои само три поени.

Абделкадер не само што имаше големи проблеми да ја префрли топката преку мрежата, туку судијата мораше во неколку наврати да ја потсети каде треба да стои за да го започне поенот.

Таа направи 20 двојни грешки на своите 24 сервис поени.

Три поени освои, откако нејзината соперничка направи две двојни грешки и една по неизнудена грешка.

Според нејзиниот ИТФ профил, ова беше првиот натпревар на Абделкадер во кариерата.

Тоа не е изненадување, но можеби изненадување е тоа што профилот вели дека 21-годишната игра тенис седум години.

Се верува дека на Египќанката некој и го „купил“ местото на турнирот, откако пред самиот почеток се откажа една тенисерка од Кенија.

Прикажи повеќе...

Спорт

Јамал ​​е најскапиот фудбалер на планетата

Објавено пред

Напаѓачот на Барселона, Ламин Јамал, вреди 343 милиони евра и е најскапиот фудбалер во светот, пред Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе, објави Меѓународниот центар за спортски студии (CIES).

dobivaj vesti na viber

Швајцарскиот завод за статистика има своја методологија за одредување цени. Јамал, 18-годишен европски шампион со Шпанија, е на чело на листата пред напаѓачот на Сити, Ерлинг Халанд, вреден 255 милиони евра, и асот на Реал, Килијан Мбапе, вреден 201 милион евра.

Листа на најскапи фудбалери според CIES:

1. Ламин Џамал (Барселона) – 343 милиони евра
2. Ерлинг Халанд (Манчестер Сити) – 255 милиони
3. Килијан Мбапе (Реал Мадрид) – 201 милион
4. Џуд Белингам (Реал Мадрид) – 153 милиони
5. Микаел Олисе (Баерн) – 137 милиони
6. Флоријан Вирц (Ливерпул) – 136 милиони
7. Дезире Деу (ПСЖ) – 135 милиони
8. Жоао Невеш (ПСЖ) – 131 милион
9. Арда Гулер (Реал Мадрид) – 130,3 милиони
10. Педри Гонзалез (Барселона) – 130 милиони

Foto/ depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

(Фото) ДЗС: 30 полски кревети за евакуираните лица во Кичевско, во Ресенско со пумпи се вадеше навлезената вода од подруми и куќи

Подрачно одделение на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Кичево, во овие два дена и сношти, учествуваше во теренските активности...

Македонија44 минути

Нова состојба по обилните врнежи: Поплавени подруми и куќи во Охрид, Кичево, Битола, Тетово и Гостивар

Центарот за управување со кризи ја објави новата состојба до 13 часот по обилните врнежи од дожд во земјава. Во...

Топ1 час

Лажен лекар измамил 77-годишна штипјанка за сума од 700.000 денари

Вчера во 16:30 часот во СВР Штип, 77-годишна жена од Штип пријавила дека била измамена од едно лице за сума...

Македонија1 час

Синдикат на култура: Преседан во културата, министерот Љутков повторно против колективните договори

Министерот за туризам, „културно“, но доста ехидно и веќе видено (за Велигден), сега им ја честиташе Новата година и божиќните...

Македонија2 часа

Валбон Лимани претстави 3 проекти: 345 нови паркинг-места и трансформација на центарот и градскиот парк во Гостивар

Кандидатот за градоначалник на Гостивар од Националната алијанса за интеграција, Валбон Лимани, претстави три проекти: 345 нови паркинг-места и трансформација...

Свет5 часа

Трамп одобри нова казна за Путин? „Даде зелено светло“

Американскиот претседател Доналд Трамп даде зелено светло за законски предлог за нови санкции против Русија, изјави синоќа републиканскиот сенатор Линдзи...

Европа5 часа

Зеленски предложи САД да го киднапираат Кадиров, стигна одговор од Чеченија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика САД да го зголемат притисокот врз Русија со киднапирање на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров,...

Свет6 часа

(Видео) Топлотен бран ја погоди Австралија, властите предупредуваат на „катастрофален“ ризик од пожари

Делови од Австралија в петок го очекуваат катастрофални услови на избувнување пожари, бидејќи топлотен бран го погоди поголемиот дел од...

Европа7 часа

Сикорски: Варшава е отворена за распоредување германски трупи во Полска

Варшава е отворена за евентуално распоредување на германски трупи во Полска во обид да се обезбеди прекин на огнот во...

Европа7 часа

(Видео) Руски независни медиуми: Путин го прослави Божиќ во тајна воена база

Рускиот претседател Владимир Путин очигледно не го прославил овогодинешниот православен Божиќ во една од познатите московски катедрали, туку во црква...

Македонија7 часа

Поради снег забранет сообраќај за камиони на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан

Од 05.15 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга...

Свет7 часа

Трамп: Венецуела од профитот од нафтата ќе купува само американски производи

Претседателот на САД, Доналд Трамп извести дека Венецуела ќе ги користи своите приходи од нафта за купување исклучиво американски производи....

Македонија16 часа

Одрони, излевања и поплави на повеќе локации – во Кичево евакуирани 60 луѓе во спортска сала поради поплавени домови

Директорот на Центар за управување со кризи, Мухамед Али, заедно со дежурните екипи на бројот за итни повици 112 и...

Македонија17 часа

Поплавени улици во Битола, мобилизирани јавните претпријатија

По обилните врнежи од дожд што вечерва предизвикаа поплавување на улици низ Битола, екипи на ЈП „Нискоградба“ и други јавни...

Македонија18 часа

Мицкоски најави лидерска средба на која би се зборувало за укинување на техничката влада

Премиерот Христијан Мицкоски во текот на утрешниот ден ќе упати покани до политичките партии за лидерска средба, на која би...

Македонија1 ден

Мицкоски за бугарската формулација „достапен јазик“ наместо македонски: Не е во прашање само Уставот, туку редефинирање на македонскиот идентитет

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, ја коментираше формулацијата „достапен јазик“, наместо македонски јазик, што ја употреби Министерството за...

Македонија1 ден

МВР ќе утврдува зошто новите службени возила биле осветувани со верски обред

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за целосно...

Македонија1 ден

Државниот врв со божиќни честитки: Пораки за мир, семејство и солидарност

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Владата Христијан Мицкоски и претседателот на Собранието Африм Гаши упатија божиќни честитки до...

Свет1 ден

Трамп: Постигнавме договор за нафтата од Венецуела, ние ќе ги контролираме приходите

Каракас и Вашингтон постигнаа договор за извоз на венецуелска сурова нафта во САД во вредност до две милијарди долари, изјави...

Македонија1 ден

Денеска е Божик – денот на христовото раѓање

Православните христијани во светот, во Македонија и црквите кои се раководат по Јулијанскиот календар денеска го слават Рождеството Христово –...