Спорт
Најдобриот клуб во Серија А заработил помалку од најлошиот клуб во Премиерлигата
Разликата во финансиската моќ на клубовите во Серија А и во Премиерлигата јасно се гледа во италијанското истражување кое покажа дека англискиот клуб кој најмалку заработил од ТВ-правата, земал повеќе пари од најдобриот италијански клуб.
„Ла газета дело спорт“ објави детална анализа за парите кои ќе ги поделат клубовите во Серија А во 2021/22 – Интер ќе добие 84.2 милиони евра, пред Јувентус со 77.9 милиони евра и Милан со 77.8 милиони евра. По ова следуваат Наполи со 68.5 милиони евра и Рома со 64.1 милиони евра. Во Италија клубовите добиваат пари во однос на спортските резултати и бројот на билети и ТВ-пакети кои се продадени.
На пример, последнопласираниот тим во Премиерлигата, Норич, заработи 114 милиони евра од ТВ-правата!
Ripartizione diritti tv (italiani) stagione 2021/2022:
Inter 84,2 mln
Juve 77,9 mln
Milan 77,8 mln
Napoli 68,5 mln
Roma 64,1 mlnI nerazzurri volano soprattutto nel criterio delle presenze allo stadio, superata la Juve nella quota risultati sportivi
(#Gazzetta) pic.twitter.com/wuW1tLc2Wc
— Daniele Mari (@marifcinter) June 27, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ен Несири пред трансфер во Јувентус
Фудбалскиот клуб Јувентус, од почетокот на преодниот рок, се обидува да се засили со класична „деветка“. Откако неуспено заврши обидот со Жан-Филип Матета, челниците на клубот од Торино се насочија кон Јусуф Ен Несири.
Јувентус мора да ангажира напаѓач, бидејќи Џонатан Дејвид не се снајде, Душан Влаховиќ е повреден и неговиот договор истекува на крајот од сезоната.
Спортскиот директор на Јувентус, Марко Отолони, вчера бил во Истанбул, на натпреварот од Лига Европа помеѓу Фенербахче и Астон Вила (0:1), да преговара околу ангажманот на Мароканецот.
Јувентус нуди 5.000.000 евра за позајмица, 19.000.000 евра за опција за откуп на договорот и 3.000.000 преку бонуси.
Реално е Фенербаче да ја прифати понудата и наскоро се очекува Ен Несири да го облече дресот на Јувентус.
Спорт
Реал Мадрид ја напушта Евролигата
Реал Мадрид одлучи да се повлече од Евролигата и да стане еден од основачите на ново европско кошаркарско натпреварување под покровителство на НБА, проект наречен „НБА Европа“, пишуваат шпанските медиуми.
Според достапните информации, 12 клуба би учествувале во почетната фаза од проектот, а се проценува дека вредноста на франшизите вклучени во натпреварувањето би можела да достигне околу една милијарда долари во следните пет до шест години.
Според медиумите, Реал е се поблиску до тоа да биде еден од дванаесетте основачи на ова ново натпреварување. Овој потег започнува нова ера во европската кошарка и потенцијално ја менува распределбата на моќта на континентот, бидејќи „НБА Европа“ би можела сериозно да ги разниша традиционалните темели на Евролигата.
Во моментов, повеќето клубови сè уште имаат желба да останат во Евролигата, но потенцијално поголемиот профит и проширувањето на брендот преку „НБА Европа“ би можеле да ги наведат да ги преиспитаат своите приоритети во наредниот период.
Foto/ depositphotos
Спорт
Арнолд ќе го напушти Реал, Баерн внимателно ја следи ситуацијата
Англискиот репрезентативец Трент Александар-Арнолд ги разочара навивачите на Ливерпул минатото лето, кога по освојувањето на Премиер лигата и истекот на договорот, реши да го напушти клубот каде што се прослави и да се пресели во Реал Мадрид.
Се очекуваше Реал да добие огромно засилување на позицијата десен бек, но Шпанија не „му легна“ за Англичанецот.
Честите повреди и лошата форма, придонесоа тој да настапи на само 11 натпревари оваа сезона.
Шпанскиот „Ел Насионал“ тврди дека ситуацијата ја „достигнала критична точка“ и дека привремениот тренер на Мадрид, Алваро Арбелоа, му рекол на Трент дека не е во неговите планови.
Главните забелешки се несигурноста во одбраната и фактот дека не ги покажал очекуваните перформанси од него во офанзивата.
Ова беше познато за дефанзивецот уште пред да дојде во Реал, тоа е неговата главна маана, па затоа е неверојатно што го забележале тоа во „кралскиот клуб“ дури сега и дека Арбелоа морал да реагира на ваков начин.
Во Реал наводно веруваат дека понатамошниот престој само би го продолжил проблемот, па затоа е сè поизвесно дека Трент ќе го напушти Реал на крајот од оваа сезона.
За 27-годишниот бек, сето ова доаѓа во чувствителен момент, бидејќи тој се стреми да го задржи своето место во репрезентацијата на Англија пред Светското првенство. Конкуренцијата за неговата позиција е жестока, па останува да се види што ќе одлучи тренерот Томас Тухел.
Се шпекулира за враќање во Премиер лигата, а секако Ливерпул се споменува како главна опција, кој сигурно би бил среќен да го врати.
Утрово во Шпанија и Германија се пишува дека Баерн подготвува понуда за него.
Трент е под договор со Реал до 30 јуни 2031 година, а „Трансфермаркт“ го проценува на 70.000.000 евра.
Foto/ depositphotos

