Македонија
До полноќ траеа тензиите меѓу пратениците во Собранието
До полноќ траеа жестоките престрелки помеѓу пратениците во Собранието на Законодавно-правната комисија. Измените на Законот за работните односи се разгледани според извештајот потпишан од Снежана Калеска-Ванчева. Расправата во салата била тензична дотаму што пратеникот Бајрам Кадрија од ДУИ го држел и го штител микрофонот на кој зборувала Калеска-Ванчева, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се обидувале да го исклучат за да не се прогласи крај на седницата бидејќи, според нив, таа не била ниту почната.
„Предлогот на Законот за дополнувањето на Законот за работните односи Комисијата го проследи на натамошна постапка во Собранието“, стои во извештајот потпишан од Калеска-Ванчева, каде што отфрлени се над 300 амандмани.
Заменик-координаторката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во 1 часот по полноќ одржа и прес-конференција. Таа рече дека не добиле процедурални обраќања бидејќи мнозинството пратениците имале цел точно на полноќ да заврши расправата на Комисијата.
„Немавме можност за процедурални забелешки и да ги кажеме дека овој закон не беше за скратена постапка, ниту за на Комисијата за европски прашања. Расправа немаше на ниту една комисија. Сè беше противзаконски. Во паника се. Вчера потклекнаа да извршат физички напад врз нас и нашите колеги, денес исто се случуваше. Мора да знаат дека ќе ја сносат одговорноста. Се обидовме да ги вразумиме, побаравме пауза. Не ни дадоа бидејќи морало да помине ова во 12 часот. Затоа ви ја честитам Среќна Нова ’49 со оваа криминална и мафијашка власт. Нека го отворат шапањското и нека добијат само горчив вкус бидејќи горчина има во сите што очекуваат нешто од оваа власт, која си поигрува со сите“, рече Стојаноска.
Таа посочува дека била отворена амандманска расправа, настанал хаос, а кога пратеникот Зоран Коцевски побарал збор – не добил.
„Исто како што постапивме на Комисијата за европски прашања, она што можевме да го направиме, а да не е протолкувано како провокација и насилство, станавме и зборувавме. Не дозволувавме да оди преку микрофон прогласувањето на крајот на оваа седница бидејќи бевме далеку од почеток, а не до крај. Прогласија крај на нешто што воопшто не почна. Им прочитавме член од Деловникот, каде што се вели кога расправата ќе почне, трае најмногу два дена. Ниту на Комисијата за европски прашања ниту на Законодавно-правната комисија“, рече Стојаноска.
Измените на Законот за работните односи треба да се најдат на пленарна седница. Таа може да се одржи веднаш кога ќе заврши седницата за поставување пратенички прашања, која е закажана за 11 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

